Author: Media Point
15.XI.2017 (kamenica.mk) Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во сабота интензитетот на врнежите ќе се намалува, а од недела ќе има пад на температурата и повремени врнежи од дожд, кога на планините и на некои повисоки места се очекуваат врнежи од снег. Дневната температура во недела ќе достигне до 12-тиот…
Пристигнуваат нови соларни ќерамиди кои се поевтини од обичните! Извршниот директор на компанијата за електрични автомобили Tesla Motorsнеодамна ги претстави соларните ќерамиди коишто според неговата визија би требало целосно да ги заменат конвенционалните црвени ќерамиди кои денес ги забележуваме на скоро секоја градба. ПРОВЕРЕТЕ ТУКА: Колку луѓе личат на вас? Покрај нивната способност на генерираат енергија, тие се разликуваат во однос на останатите ќерамиди по својата цена. Имено, и покрај тоа што станува збор за сосема нов пронајдок, како што најавија од компанијата, цената на соларните ќерамиди ќе биде значително поевтина од оние обичните. Така, потрошувачите нема да заштедат само на енергија,…
9 ноември 2017 (kamenica.mk) Во Македонија над 450 илјади граѓани живеат во ризик од сиромаштија, покажаа податоците на Државниот завод за статистика објавени неодамна. Дали бројката е реална, и зошто и покрај мерките што се преземаат не се видливи поголеми резултати во нејзиното намалување? Промени во пристапот мора да има доколку сакаме системско и долготрајно решавање на проблемот, смета професорката Маја Геровска Митев од Институтот за социјална работа и социјална политика. Обезбедување повисок и континуиран економски раст со можност за отворање нови работни места, подобрување на системот на социјална заштита, бидејќи во моментов тој преку она што го исплаќа како поддршка за сиромашните…
14.11.2017 | 17:06 Десет ученици од основното училште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар беа повредени во сообрајќајната несреќа која се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Возачот на автобусот полн со ученици налетал на комбе кое превезувало леб. Во несреќата со тешки повреди завршил возачот на комбето и е задржан на лекување во битолската болница. Десетте ученици со полесни телесни оповреди по лекарската интервенција биле пуштени на домашно лекување. „Во несреќата се повредени 12 лица, од кои10 деца и два шофери Десетте деца се прегледани, а едниот од шоферите е истотака прегледан ипратен дома, а другиот е со повреда на…
14.XI.2017 kamenica.mk Според податоците на УЈП над 90 проценти од работниците кои имаат ниски примања ја добиле загарантираната минимална плата. Малиот интерес за субвенционирање на исплатата најверојатно е резултат на можноста на компаниите тоа да го направат без помош на државата. Има информации за злоупотреби, односно за барања работниците да им вратат дел од средствата на работодавачите, но затоа тие треба да се охрабрат, да пријават за да можеме да преземеме мерки, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Потенцира дека компаниите независно од тоа што не ја користат државната помош ја почитуваат минималната плата, од една страна,…
14 ноември 2017, 12:58 | Антонија Поповска МАКЕДОНИЈА Основните училишта во државата од неодамна имаат обврска редовно да го информираат Министерството за образование и наука со што се хранеле учениците во тековниот месец Оваа пракса е воведена за надлежните да имаат увид во менијата што им се нудат на децата, oткако „Newsroom.mk“ преку серија написи откри дека децата во повеќе училишта добиваат храна што не е согласна со Правилникот за исхана. Пред неколку дена, министерката Рената Дескоска изјави дека заедно со градоначалниците ќе се заложи да се преиспита квалитетот на храната што им се нуди на децата во училиштата. За ова мора да има…
Хероинот кој се произведува во Авганистан до европските пазари стигнува преку две главни рути од кои дел од шверцот е и Македонија, , се вели во извештај на на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), агенција на Европската унија, за 2017 година. Првата рута за шеврц на хероин е Турција-Бугарија-Македонија-Албанија, а втората Турција Бугарија-Македонија-Косово-Албанија. Според податоците на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги (ЕМЦЦДА), хероинот, во најголем дел, се транспортира со камиони, автобуси, автомобили, но и на други начини. Понатака, агенцијата на ЕУ во својот изветај наведува дека Албанија е земја најголем…
14.XI.2017 (kamenica.mk) Невработениот скопјанец Александар Сезнајковски (35) смета дека со својот нов пронајдок ќе ја прослави Македонија. Нијансата на топла вода што сосем случајно ја открил Сезнајковски ќе го збогати светот за уште еден македонски изум. Александар, доктор на науки кој веќе десет години бара и не може да најде работа, е уверен дека неговиот најнов пронајдок ќе му помогне да се збогати, а воедно и ќе ја прослави Македонија. Тој планира да го патентира својот изум под името „потопла вода“, а потоа и да им го нуди на државите во светот за користење. Вели, до потоплата вода дошол сосем…
14.XI.2017 (kamenica.mk )Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Полициски службеник може да нареди да се прекине со возење доколку не се постапува според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема. Таква наредба може да издаде и кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на…
14.XI.2017 (kamenica.mk) Facebook во последниве неколку години престана да биде само социјална мрежа, веќе е составен дел од животите на многу луѓе низ светот. Поради тоа, многумина ќе се изнервираат кога некој од нивните Фејсбук пријатели ќе ги отстрани од листата пријатели, без претходно предупредување и објаснување. Многумина ќе се загрижат дали направиле или рекле нешто погрешно, што може да биде и тоа како стресно. ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: СОВЕТУВАМЕ: 4 карактеристики што мора да ги има секое CV Затоа програмерите осмислиле апликација „Who deleted me“, која ви овозможува да следите кој ве избришал од листата пријатели. Оваа апликација е достапна за…
