Пиштолите стари 120 години биле најдени вчера, кога сопствениците рушеле дел од старата куќа во месноста Мегдан, а на имало турски знак на полумесечина (Фото: СДК.МК) Во куќата на велешкото семејство Ѓоргиеви најдени се 18 пиштоли од марката „нагатнс“, стари 120 години. Пиштолите биле најдени вчера, кога рушеле дел од старата куќа во месноста Мегдан. На пиштолите имало турски знак на полумесечина. „Пред некое време падна кровот на старата куќа и решивме да расчистуваме. Кога рушевме ѕид кој делеше две соби се појави камара. Кога отворивме, имаше стари пиштоли па повикавме полиција. Пиштолите беа одлично сочувани, сите завикани во завои,…
Author: Media Point
Дваесет и двајца кандидати, студенти на државните универзитети во Македонија ќе добиваат стипендии од општина Кочани. Според Комисијата за доделување стипендии, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум неприфатливи. Четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии. Месечниот износ на општинската стипендија е 2.500 денари, за десет месеци во годината. Студентите на кои им е доделена стипендија имаат обврска за практична работа во органите на Општината во траење од 15 дена за време на летниот…
Трагедија синоќа ја потресе Македонија, во трка во Струмица загина едно лице, пренесе Струмица Денес. Според порталот, трката се одвивала на Просеничкиот пат или веднаш спроти поранешен Агрокор, а од засега неутврдени околности настанала несреќа при што едно лице загинало, а повеќе се повредени. Очевидци за Струмица Денес велат дека сликата на местото на настанот била траорна. Се очекуваат детали.
Шефот на Amazon е најбогатиот човек на светот Акциите на Amazon скокнаа за 2,6% за Black Friday, што значи дека достигнаа неверојатна вредност од 1.186 долари. Џеф Безос, основачот и најголемиот акционер на компанијата, стана првата личност во модерно време, чие богатство надмина неверојатна цифра од 100 милијарди долари. Оваа година и досега беше успешна за Amazon, со што Безос во минатиот месец го надмина Гејтс по втор пат и автоматски се издигна на првото место на списокот на најбогати личности на светот. Поради Black Friday, нарачките преку Amazonпораснаа енормно, по што цената на акциите порасна и така Безос доби вредност на…
Еден полицаец е суспендиран од работа бидејќи од продавачи на пиперки си земал полни вреќи без за тоа да им плаќа, дознава телевизија 24 од извори во МВР. Според информациите, настанот го пријавил негов колега, кој бил сведок на случувањата. По ова полицаецот е суспендиран од работа. Дополнително, внатрешната контрола, вчера правела контрола во едницата за брзо распоредување и при тоа утврдиле четири случаи на полицајци кои имале алкохол и тие ќе бидат суспендирани. Контролите се со цел да воведе ред и да се зголеми работната дисциплина – велат од МВР. Извор: ТВ24
Конечно, најфреквентната улица во Делчево „Светозар Марковиќ“ доби асфалт. Улицата која е во должина од 540 метри беше долгогодишна главоболка и на пешаците и на возачите. Асфалтирањето е од огромно значење бидејќи се наѓаат повеќе институции , градинка, училиште,автобуска станица, додека во ДУП има и др. деловни објекти, катни гаражи, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево. Изградбата на улицата е во рамките на проектот „Општински и рурални инвестиции“, во кој се опфатени и улиците Питу Гули,и Маршал Тито, а вкупната вредност на проектот изнесува 260 илјади евра грант од ЕУ преку ИПА претпристапните фондови, а администрирани според правилата на Светска…
На познатата македонска огласна интернет страна Пазар 5 се појави интересен оглас за продажба. Македонец ја продава својата баба која има 68 години и протоа го потенцира фактот дека зема пензија од 15 илјади денари. Покрај огласот прикачена е и фотографија од постара жена, а на крајот додава дека цената е по договор. Не знаеме дали ова е уште една невкусна шега или не, но негативни коментари пристигнуваат од сите страни. Погледнете:
Младиот Оливер Стоименовски е роден во Македонска Каменица на 26. Март 1999 година. Пред да замине во Карабах (Азербејџан), настапуваше за скопски Работнички. Член е и на младинската репрезентацина на Македонија. Ова е негов особен личен успех, бидејќи сезонава со својот нов тим одигра редица натпревари во Лига на шампиони. Погледнете го видеото со неколку одбрани моменти од неговите одлични настапи во Лига на шампиони: https://m.youtube.com/watch?feature=share&v=5Bpjj8k9t1U
25.XI.2017 kamenica.mk Во денешното последно коло од есенскиот дел на Бтората фудбалска лига, во Македонска Каменица се одигра возбудлив натпревар помеѓу ФК Каменица САСА и ФК Осогово. Двете екипи се последни на табелата, но со оваа победа Каменица САСА фаќа приклучок кон останатите екипи од погорните места. Пред рекорден број посетители на градскиот стадион во Македонска Каменица, домаќините го отвориа резултатот во 35 минута со голот на Зоран Златковски. Во текот на второто полувреме шансите се редеа на двете страни, се играше пред двата гола. За забелешка се одличниот обид за лоб удар на Зоран Златковски за домаќините и стопостотната…
Нападнат ученик со посебни потреби. Станува збор за матурант во Средното училиште за образование и рехабилитација „Искра “ од Штип. Сестрата на ученикот, на својата фејсбук страница објави вознемирувачки фотографии од својот брат, со напомена дека ова не е првпат: „…Денес Александар дете со посебни потреби ученик во ДСУ ,,ИСКРА” – ШТИП во попладневна смена го зедовме во состојба за која говорат фотографиите. За жал ова не се случува прв пат. (претходната објава ми е избришана од страната каде ја постирав…“ стои во објавата на неговата сестра. Згрозени од фотографиите, први реагираа родители на деца со посебни потреби: Не ми…
