Полицајка навредувана и нападната среде бел ден во Кочани. Таа таму била службено извршувајќи задачи од областа на безбедноста, но наместо да спречи и самата станала жртва на напад. Напаѓачот е 33-годишник со иницијали Г.Ј. кој полициската службеничка прво почнал да ја омаловажува, а потоа и ја турнал, од што таа се здобила со телесна повреда. Лицето е приведено во Полициска станица Кочани и против истото ќе биде поднесена соодветна пријава. извор Прегледано: 756
Author: Media Point
Државата ќе реконструира три регионални патишта на Истокот, во вкупна должина од 27 километри. Во програмата за санација, влезени се патот од Делчево до село Ѕвегор во должина од 5 километри, регионалниот пат од Делчево до Пехчево во Должина од 15 километри и делница од патот Берово- Виница во должина од 7 километри. Јавното претпријатие за државни патишта веќе го потпиша договорот со проектантска компанија, која треба да изработи концептуални проекти во рок од четири месеци, по што би започнала работата на терен. Освен овие три патишта на Истокот, во истата програма се влезени уште 9 други регионални правци, чија…
Мотел Мерак- Луковица продолжува со најавените предновогодишни изненадувања кога станува збор за најубавите забави во градот. Веќе во сабота за сите љубители на убавата македонска и староградска музика во Мотел Мерак ќе гостува орекестарот Табиет. Петокот пред тоа е резервиран за Респекти Бенд и ваша неповторлива забава ! Резервирајте на 075 354 506 и бидете дел од прекрасниот амбиент на Мотел Мерак, надополнет со богатото мени на специјалитети од вкусната кујна и одличната услуга во беспрекорно уредениот амбиент! Мотел Мерак постои за ваше задоволство! Во Мотел Мерак моментите не поминуваат, тие едноставно се уживаат!
Во понеделник на 04. Декември, ООУ„Св.Кирил и Методиј“- М.Каменица организира настан под мотото “Сакај ме со срце”. Настанот се организира по повод 3-ти Декември- Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Истиот е со почеток од 13:00 часот, во Дом на култура- Македонска Каменица. ООУ “Кирил и Методиј” како организатор на настанот, ги повикува сите ученици и граѓаните од Македонска Каменица да му се приклучат на овој настан за негово пригодно одбележување.
21.XI.2017 kamenica.mk Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности. На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, водоводи, канализации, трафостаници, базни станици, антени и други инфраструктурни објекти. Во случај низ земјиште на граѓанин со решена сопственост да поминува каква било инфраструктура и за тоа има имотен лист може да побара надомест од операторот на таа инфраструктура. – Граѓаните имаат…
Планинарски марш за промоција на колибарењето во Малешевските Планини. Викендов 20-ина планинари од Делчево, Кочани и Берово, организирани од ПСД „Голак“ поминаа 16 км низ Малешевските Планини за да ги видат се уште активните колиби и начинот на производство на здрава храна. Овој пат сакавме да афирмираме на малешевските планини и промовирање на Митковата колиба на 1315 метри. Сметаме дека ПИјанец и Малешевјата се уникатни места каде постојат вакви колиби каде луѓето го зголемувале фондот на стока и сметаке дека се интересно место за туристите овде се произведива природна храна и треба да се посетуваат, изјави Љупчо Чучуковски, ПСД…
28.XI.2017 kamenica.mk ФГ „Копачка“ ја прославија тригодишнината од впишувањето на орото „Копачка“ на репрезентативната листа на УНЕСКО како нематеријално светско културно наследство. Заедничката веселба со граѓаните на Делчево е во знак на поддршка на локалната заедница за оддржливоста на орото „Копачка“ во УНЕСКО, кое преку дефиле и заедничка интеракција со граѓаните ќе се презентира орото „Копачката“ и заедно ќе се игра на отворено, изјави Перса Стојановска, секретар на ФГ „Копачка“. Во оваа прилика, сакам да изразам голема благодарност до членовите на ФГ „Копачка“, посебно за нашиот Димитар Узунски кој ја одржа групата и играорците и пожртвувано ја водеше низ времето.…
28 Ноември 2017 kamenica.mk Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050 година во Македонија ќе живеат 4,4 отсто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезна еден цел град, со големина на Куманово. Ваквите информации доаѓаат од американската Централна разузнавачка агенција, која беше еден од изворите врз основа на кои се дојде до проекциите. Речиси целиот регион ќе се соочи со намалување на бројот на населението. Најцрни се предвидувањата за Србија, каде се проектира загуба од 33,2 отсто од населението или цел еден Белград. Веднаш зад неа е Словенија, каде се прогнозира намалување на бројот на населението…
Божикниот пост му претходи на празникот Рождество Христово, трае околу 40 дена и се нарекува исто така „Филипов пост“, бидејќи започнува после 27 ноември – денот на споменот на Апостол Филип. Божикниот пост е востановен за да можеме ние, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиме себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнеме Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, нашето чисто срце и желба за последување на Неговото учење. Правилата на воздржание, пропишани од Црквата во Божикниот пост се исто…
28 Ноември 2017 kamenica.mk Фејсбук најави дека ќе создаде систем со вештачка интелигенција, со цел да ги детектира брзо членовите на социјалната мрежа, кои имаат самоубиствени мисли. Иницијативата има за цел навреме да им помогне на овие луѓе. Технологијата ќе бара автоматски индикации за самоубиствени мисли во објавите на корисниците, како и во клиповите на „Фејсбук Лајф”. Доколку постојат такви индикации персоналот на Фејсбук ќе биде информиран брзо, како и организациите, специјализирани за помош на луѓето со самоубиствени мисли. Системот со вештачка интелигенција ќе испитува не само пораките на членовите на мрежата, туку и одговорите на нивните пријатели. Фејсбук веќе има поставено алатки…
