КРИВА ПАЛАНКА, 01. XI. 2017 – Денеска, околу 200 вработени во компанијата за текстил „Веибо“ во Крива Паланка, се отпуштени од работа, тврдат анонимни извори за kamenica.mk. Работниците секој месец потпишувале договор на дело, а истите не примиле плата за октомври и ноември. Платата за септември месец некои ја добиле во сума од 4000 денари, други пак добиле по 6000 денари. Вработените едногласно си ги побарале парите во халата на фабриката, по што директорот им ја исклучил електричната енергија и ги избркал дома. Вчера, десетина вработени во истата компанија, барајќи си ги заработените пари, биле отпуштени од страна на директорот.…
Author: Media Point
Македонија и Србија од март следната година ќе воспостават заедничко царинење на граничниот премин Табановце. Ова беше најавено денеска на почетокот на неформалниот состанок на претставници на царинските служби од Западен Балкан што се одржува во Скопје, а на кој ќе се разгледуваат моделите и можностите за поврзување на земјите и забрзување на царинските постапки, а како дел од иницијативата за економско поврзување на шесте земји од Западен Балкан процес кој треба да заврши до 2023 година. – Граничниот премин Табановце на македонско-српската граница се очекува да биде завршен во март следната година и тогаш се очекува да се почне…
Општина Македонска Каменица воведува нова пракса во однос на креирањето на општинскиот буџет и политиките на одредување приоритетни проекти кои произлегуваат од реалните потреби на граѓаните. Преку директно вклучување на граѓаните во доносењето на одлуките во локалната самоуправа, граѓаните во иднина добиваат простор на непосреден начин да ги изложат своите идеи и сугестии во креирањето на буџетот на Општината. Во таа насока на официјалната интернет страна на општина Македонска Каменица, www.makedonskakamenica.gov.mk е креиран прашалник преку која со вашите одговори можете директно да го изразите своето лично мислење за предложените приоритетни проекти од наредната 2018 година. Прашањата се селектирани во девет…
30.11.2017 Рехабилитацијата на асфалтот на обиколницата околу Кочани, како дел од магистралниот пат А3, влезе во програмата на Министерството за транспорт и врски за реконструкција на поголем број патни правци во државата. Освен оваа делница, уште четири патни правци во источниот регион се предвидени за поправка, на местата што се сметаат за најкритични. Меѓу нив е и регионалниот пат Р1304 од Виница до Берово во должина од 7 километри. Според информациите од ресорното министерство, од идната година ќе стартува нов инвестициски циклус за реконструкција на патните правци за кои се обезбедени пари преку Светска банка и другите меѓународни финансиски институции.…
Скопјанка заработила 1.500 евра ветувајќи лажни вработувања во Македонски Пошти Петмина штипјанки останале без пари и работни места, откако биле измамени од скопјанка дека ќе ги вработи во Македонски Пошти, како шалтерски работнички. Услугата во наводници на 40 годишната измамничка, која лажно се преставила како раководител на сектор во Македонски Пошти, чинела 1500 евра. – Пријавената во периодот од Декември 2016 до Август 2017 година со намера да се стекне со противправна имотна корист, довела во заблуда пет лица од Штип, со лажно ветување дека ќе ги вработи како шалтерски работнички во нова Филијала на Македонски Пошти, што ќе се…
Од 1600 жители, денес во Блатец, место во источна Македонија, во близина на Виница, не се останати ниту половината. Се иселуваат посебно младите. Без инвестиции животот во оваа некогашна општина целосно ќе замре Живее во Блатец, со мислите е во Австрија и Швајцарија. Сликите и сеќавањата се единственото друштво за утринското кафе на Цветко Стојмиров. Секојдневието му е празно, посебно периодов кога кај ќерките на помош е замината и сопругата „Станувам сабајле, варам кафе, трчаш на работа, се враќаш и повторно сум сам дома. Го палам огнот, нема кој да ти направи ниту ручек, ниту вечера. Што да правам,…
НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ ВО 2017 ГОДИНА Веб-страницата „Експатистан“, која се занимава со анализа на цената на храната, пијалакот, облеката, предметите за домаќинство, трошоците, транспортот и другите дневни трошоци, направи список со најевтините места за живеење за 2017 година. Според нејзината анализа, Одеса е најевтиниот град за живот. Украинскиот поморски град ја доби оваа титула поради ниските цени на храната, домувањето и другите животни трошоци. На пример, ручек во ресторан поединец ќе плати 3,70 евра, еден литар гориво за автомобил чини 0,80 евра, а половина литар домашно пиво во продавниците е 46 центи, додека половина литар точено пиво во кафуле…
Нови 33 згради за граѓани од социјалните категории ќе бидат изградени до 2020-та година. Становите ќе бидат мали, со површина од 35 до 45 метри квадратни, а ќе се изградат во склоп на проектот финансиран со 50 милиони евра од Банката за развој при Советот на Европа и со уште толку средства од буџетот на државата. – Во тек е усогласување на активностите со Министерствата за транспорт и врски и за труд и социјална политка. Цената за користење на становите е 15 денари по квадратен метар. Разговарано е со Минстерството за труд и социјална политика за цената, се надеваме…
На синоќешната седница владата ја усвои информација на Агенцијата за катастар на недвижности за изменување и дополнување на Тарифникот за висината на надоместотот за повеќе услуги на катастарот. Според предложените измени, цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности ќе се намалат од 28 до 90 отсто. „Врз основа на претходна анализа, заедно заклучивме дека постојат услови ова ветување да го реализираме без да го нарушиме финансирањето на Агенцијата за Катастар. Дополнително, во функција на децентрализирање на услугите, а со тоа и зголемување на нивната достапност, што несомнено е во интерес на граѓаните и компаниите, денес се согласивме дека…
Некогаш најголемиот празник во СФРЈ , денот на Републиката кочанските титовисти не го заборавија ниту оваа година: Денес е 29 ноември, Ден на републиката. Еден од најголемите празници на некогашна Југославија, кажа Трајан Трендов, прет. на Здруж. „Јосип Броз Тито“ – Кочани. АВНОЈ беше почетокот на создавањето на Нова Југославија, држава која обедини пет народи во шест републики и две покраини: Овој празник заслужува внимание и треба да се празнува и денес , зашто без АВНОЈ немаше да го има ниту АСНОМ, кажа Трендафил Атанасовски, прет. на Здруж. на борци – Штип. Пред распадот, СФРЈ се протегаше на 255.804 км²…
