03.XII.2017 kamenica.mk Секторот за Внатрешни работи Битола вчера (03.12.) до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија. Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено набавиле опојна дрога марихуана, ја спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија да извршат транспорт на марихуаната…
Author: Media Point
Следната мапа е базирана на статистичките податоци од трудот „The g-Factor of International Cognitive Ability Comparisons“ од Х.Риндерман. Риндерман користел достапни мерења на интелигенцијата во неколку држави, нормализирајќи ги податоците со користење на таканаречен „Гринич IQ“ и применил одредени приспособувања за да ја процени просечната интелигенција на целото население. Запомнете: IQ претставува способнста за решавање на одредени визуелни и вербални проблеми. Пониската интелигенција во една земја не значи дека нејзините жители се поглупави од оние од другите земји, меѓутоа може да укажува на тоа дека нивниот пристап до квалитетно образование е пониско во просек. Забелешка: Косово е дел од…
Денеска во Македонија ќе биде облачно и студено, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. На планините ќе има повремено зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег. Минималните температури се очекува да се спуштат до -3, додека максималните дневни да достигнат 13 степени. Во Каменица ќе биде слично, а утринската температура ќе биде -1 степен, додека дневната се очекува да достигне осум степени. Од утре утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе бидат под нулата, а од среда во текот на денот се очекува да биде сончево и дневните температури да бележат благ пораст.
Македонска Каменица, 03.XII.2017 kamenica.mk И оваа година, по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, рудникот за олово и цинк САСА ја обезбеди неопходната финансиска поддршка за организација на настанот за одбележување на овој ден во Македонска Каменица. Традиционалната прослава, која се одржува секоја година, ја организираше огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица, во соработка со хуманитарното здружение „Бели Гулаби“. „Лицата со посебни потреби често пати се соочуваат со голем број предрасуди и изолација во средината во која живеат. Затоа секоја прилика за дружење, забава и…
Во присуство на бројни колеги, пријатели, претставници на медиумите, во средата во ресторанот „Воденица“ во Скопје, членовите на најдобрата македонска фолк група, „Дрим тим“, го претставија проектот „Етно балкан“, кој освен што ќе ги прикаже во поинакво светло пред домашната јавност е со тендеција и да го освои регионот. Станува збор за почеток на реализирање на еден заеднички сон на овие шестмина врвни академски музичари, зад кои е 20-годишна активност, не само на домашната сцена, туку и во светот. Во текот на следната година јавноста во целост ќе го запознае овој проект, на кој „Дрим тим“ целосно ќе му се…
Од воена унформа до инвалидска количка со мисија за еднаквост на инвалидите во општеството, живее последниве 16 години воениот инвалид во пензија 47-годишниот Златко Арсовски од Делчево. Снајперскиот оган на Кодра Фура му го променува животот, па денес врзан за инвалидска количка ,соочен со многу бариери, но со голема поддршка од семејството, тој јавно ја раскажува својата приказна за животот во количка, за да допре до свеста на сите чинители во општеството. Животот во количка е многу тежок. Најтежок е почетокот, затоа што кога ќе бидеш здрав, прав , и на 31 година кога јас настрадав, се ти с е…
Река Брегалница е со покачен водостој, но засега е далеку од прелевање. На мерното место во Ново Село, каде коритото е најтесно, а со тоа и најкритично, вчера вечер е измерен проток од 8 метри кубни вода во секунда или висински столб од 70 см. Како резултат на врнежите во текот на ноќта, нивото на реката утринава изнесува 160 см. – Има покачување од 90 см, што значи дека сме далеку од она критично ниво, односно над 2 и пол метри, кога може да се смета дека може да дојде до излевање на водите на река Брегалница- изјави Киро Маџунаров,…
Украдени пиштол и златен накин од куќа во Виница. Крадецот, насилно ја отворил влезната врата од домот на 56-годишната В.Г. и одзел пиштол марка „Берета“, кој виничанката го поседувала со дозвола. Освен оружјето, крадецот го собрал и целиот златен накит на жената. Полицијата проценила дека и направил штета од околу 73.000 денари. извор Прегледано: 9
02.XII.2017 kamenica.mk Женската екипа на КК Баскет Кам во категорија М-16 денес извојува значајна и убедлива победа на гостински терен против екипата на Гостивар 2009. Натпреварот заврши со огромна резултатска разлика 30:56. Најефикасна на натпреварот со 20 постигнати поени беше Стефани Колева, додека Бојана Попова постигна 12 поени, а Моника Зафировска 10. Играме одлични натпревари, со цврста одбрана и ефикасен напад. Лесно ја транзитиравме играта од одбрана во напад и обратно. Годинава со девојчињата очекуваме пласман во финале и борба за прво место со оваа возрасна категорија М- 16 и со девојчињата од М- 18. – наведе во кратката изјава…
Неколку патни правци во Македонија се блокирани по обилните врнежи од дожд, информира Центарот за управување со кризи. „Македонија пат“ информираат дека нивна екипа во моментов работи на отстранување на мал одрон од камења на патот кон Граничен премин Блаце. Сообраќајот на патниот правец Р1304 Виница – Берово кај месноста викана Рибарник, поради одрон се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, информира Центарот за управување со кризи. Посебна внимателност се препорачува за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани- Македонска Каменица- Делчево бидејќи покрај познатите постоечки минатогодишни одрони…
