Author: Media Point

05.XI.2017 (kamenica.mk) Во организација на месното население и месната заедница во с.Саса, денес свечено беше пуштен во употреба новиот селски пат кој ги поврзува Мечкарско и Чукаревско маало. Станува збор за локален пат, во вкупна должина од над 2км, кој поврзува неколку рурални средини, а е од витално значење за жителите на овој крај. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Таа во оваа свечена пригода со краток говор најпрвин ги поздрави жителите на село Саса и сите присутни гости. Изрази голема благодарност и посебна радост, заради фактот што својот прв градоначалнички мандат го започнува со вакава убава…

ПОВЕЌЕ ...

05.XI.2017 (kamenica.mk) Ова видео е направено од случаен минувач покрај школскиот двор во кочанското село Тркање. Децата наместо со фудбалска топка играат фудбал со празни пластични шишиња. Срамота! Извор: Мотика  

ПОВЕЌЕ ...

 5.XI.2017 (kamenica.mk) Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност претежно во планинските региони и со слаб до умерен јужен ветер. Во утринските часови, по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Температурата ќе се движи од 10 до 18 степени. Во Каменица Македонска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе достигне до 16 степени. Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од…

ПОВЕЌЕ ...

Ноември 5, 2017 (kamenica.mk) Колку е потребно за среќа? колку треба за да ти игра срцето и очите со смеа да ти се наполнат да ти биди убо во градите лесно и спокојно ко облак во нив да имаш ама не од алчност од “дај, многу дај” од тоа душите ни патат од стрвност за најаска до блуење за напивање до опивање за љубов до нељубов од тоа си патиме од она шо велеше баба ми “дури и животното знај кога му е доста само ние луѓето умираме од премногу” а мене со годините телово веќе ништо отпоќе не ми…

ПОВЕЌЕ ...

04.XI.2017 (kamenica.mk) Денес со почеток од 11 часот, детските екипи на ФК Каменица САСА одиграа ннатпревари од редовното коло на Детската лига Исток против екипата на ФК Слога1934 од Виница. Во двете категории на натпреварување дечињата прикажаа убав фудбал, со фер и коректна игра, а ги прикажаа следниве резултати: 2005/06 Саса – Слога 3:4 2007/08 Саса – Слога 4:1

ПОВЕЌЕ ...

 04.XI.2017 (kamenica.mk) Во пехчевското село Панчарево почна реконстукцијата на селскиот задружен дом кој е во руинирана состојба, изграден во педесетите години на минатиот век. Градоначалникот Драги Тренчовски кој направи увид на работите, истакна дека целта на проектот е да се задржат сегашните жители и да се подобри квалитетот на живот. – Со реконструкцијата на домот се предвидува препокривање на целата конструкција со површина од 700 метри квадратни, демонтажа и монтажа на прозорци и врати на делот кај салата и изградба на нов плафон на истиот дел кај салата, а средствата за изградба се обезбедени преку Бирото за регионален развој и…

ПОВЕЌЕ ...

04.XI.2017 (kamenica.mk) Тежок натпревар во Велес, со извесен резултат уште во првиот дел, кога домаќините поведоа со високи 3:0. И двете екипи прикажаа остра игра, заради која судијата прикажа дури 7 картони. Домаќините имаа уште неколку изгледни шанси за гол, но и домаќините не изостанаа во промашувањата. Натпреварот беше клучен за двете екипи, бидејќи им обезбедуваше приклучок во горниот дел од табелата за каменичани, односно зацврстување на едно од водечките места за велешани. Конечни: Борец – Саса 3:0

ПОВЕЌЕ ...

04.XI.2017 (kamenica.mk) Погледнете ја кратката видео репортажа полна со есенска убавина направена во село Драмче. Селото Драмче се наоѓа во соседната општина Делчево, а граничи со неколку села од нашата општина Македонска Каменица. Село Драмче се издвојува со многу посебности и знаменитости, како од богатото историско богатство, така и од посебниот и оригинален фолклор, кој е особеност за нашето поднебје. https://youtu.be/PBaskH-JJ2k

ПОВЕЌЕ ...

03.XI.2017 (kamenica.mk) Производителот на бакар „Централ азија металс“ најавува дека е во завршна фаза постапката за аквизиција на Линкс Ресурсис Лимитед, досегашниот сопственик на рудникот за олово и цинк Саса од Македонска Каменица и оти се очекува да биде комплетирана во понеделник следната недела. Претходно, Централ Азија Металс доби одобрение за завршување на постапката од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. На 25 септември годинава Централ Азија Металс ги информираше своите акционери дека ја прифатила понудата за аквизација на рудникот „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари. Како што објави лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала…

ПОВЕЌЕ ...

02.XI.2017 (kamenica.mk) Синоќа во пожар целосно изгоре куќа во каменичкото село Косевица. Татко и син останаа без кров над глава. Пожарот избувнал во вечерните часови, кога истиот настанал при запалување на оџакот од куќата. Иако реакцијата на ТППЕ од Македонска Каменица била навремена, не успеале да го спасат горниот дел од куќата и кровната конструкција. Сега куќата е целосно уништена, таа не може да се користи како живеалиште. 50 годишниот Симеон и неговиот татко од денес остануваат надвор од својот дом, без кров над глава. Целата покуќнина им е уништена. Граѓаните на Македонска Каменица се самоорганизираат со цел да им…

ПОВЕЌЕ ...