Author: Media Point

Автомобилската индустрија одлучи да се прилагоди на новата генерација на купувачи, па така посакуваниот авомобил ќе може да го отплаќате како и вашиот телефон. Последниот пример доаѓа од шведската компанија Волво која најави дека нивниот СУВ ќе може да се набави не само преку класична продажба или лизинг, туку и преку претплата.   На автомобилскиот саем во Лос Анџелес изминатата недела од Волво најавија дека моделот XC40 може да се добие на претплата од 600 долари месечно со договор на две години, слично како на пример на претплата се купуваат нови модели на мобилен телефон. Слични модели веќе нудат и…

ПОВЕЌЕ ...

7 декември 2017 kamenica.mk  Проширувањето со уште една лента на патот Крива Паланка до ГП „Деве Баир“ на границата со Бугарија е дел од предлог проектите на листата кои ги задоволуваат барањата на Инструментот инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан во согласност со ЕУ агенда за поврзување и Програмата за работа на Владата 2017-2020 година. За планираното проширување на постоечката магистрала во должина од 13 километри веќе е готова проектната документација и се почнати преговори со меѓународните финансиски институции. Експресен пат и проширување засега замена за автопатско решение Оптимистичките најави на властите се до 2020 година да се вози…

ПОВЕЌЕ ...

Дали и вие стоите пред гардероберот со главоболка што да облечете утре на работа? Во типичен работен ден жените губат просечно по 14 минути размислувајќи што да облечат за на работа, што е еднакво на 2 ипол дена годишно. Во текот на просечен работен век од 47 години, тоа се 119 дена минати пред гардероберот. Повеќе од една третина од жените тврдат дека се чувствуваат под притисок да изгледаат на одреден начин на работното место, а дури 76% константно имаат тешкотија да проценат што е соодветно. Половина од испитаничките велат дека на работното место немаат строг дрес код, па тоа…

ПОВЕЌЕ ...

07 декември 2017 kamenica.mk Речиси 14. 000 археолошки наоѓалишта и историски споменици во САД би можеле да бидат изгубени до крајот на векот, предупредуваат научниците. Тие сметаат дека до 2100 година, нивото на морињата ќе порасне за еден метар, а наоѓалиштата и спомениците кои се под опасност се наоѓаат во Луизијана, Флорида, Мериленд, Вирџинија, Северна Каролина, Џорџија, Алабама и Мисисипи. Научниците сметаат дека треба навреме да се размислува за решение, односно преместување на оние споменици, кои според нив се неопходни да се зачуваат. Newsroom

ПОВЕЌЕ ...

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од осум до Целзиусови 16 степени. Во Берово изутринава во седум часот се измерени минус 7 степени Целзиусови, додека малце потопло беше во Македонска Каменица, Скопје Петровец, Битола и Лазарополе со минус 5. Во  Тетово се регистрирани минус 4 степени,  во Крива Паланка, Куманово, Претор, Демир Капија, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип,  минус 3, во Скопје Зајчев Рид и во Охрид минус 2, а  минус 1 во Виница…. Во Каменица сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец и…

ПОВЕЌЕ ...

Според податоците на Државниот завод за статистика на Република Македонија, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, изнесува 104,7. Тоа значи дека просечната нето-плата на вработен за една година пораснала за само 4,7 индексни поени. Или, просечната месечна исплатена нето-плата на вработен во септември 2017 година изнесува 23.229 денари, или околу 380 евра. За споредба, просечната нето-плата во БиХ за септември 2017 изнесувала 844 марки, или околу 430 евра. Разликите во исплатените нето-плати за месец септември во регионов се значителни, но тоа не е ништо во споредба со разликите…

ПОВЕЌЕ ...

Денес во попладневните часови избувна пожар во подрачното училиште при ООУ „Св.Климент Охридски“ во с.Тработивиште. Веднаш по дојавата било интервенирано од страна на ТППЕ Делчево кое во гаснењето на пожарот учествувала со 4 пожарникари и 2 возила. -Дојавата ја примивме во 15 часот и 10 минути, интервениравме со две против пожарни возила, пожарот е ставен под контрола а во гаснењето учествуваа 4 пожарникари. Има материјална штета која органите допрва ќе ја утврдуваат, штетата е минимална во однос на она што можело да настане. Пожарот најверојатно е настанат од димоводниот канал, таму беше главното жариште на пожарот и ние интервениравме во…

ПОВЕЌЕ ...

И следната година, пријавите за екстра приход ќе се поднесуваат на шалтер. За годинава останува обврската на граѓаните да поднесат хартиена годишна даночна пријава до шалтерите на Управата за јавни приходи, најдоцна до 15 март. Од 2019 година УЈП по електронски пат ќе прави увид во приходите на граѓаните. Со овие измени УЈП ќе ги добива податоците по електронски пат за секој граѓанин поединечно и наместо нив ќе ја изготвува електронската даночна пријава. Граѓаните ќе имаат обврска само со помош на компјутер да ја отворат пополнетата пријава, да ја прегледаат и да ја одобрат или корегираат. На тој начин, велат…

ПОВЕЌЕ ...

06.XII.2017 kamenica.mk Во Македонското Собрание пристигна новиот Закон за административни службеници во кој меѓудругото се предвидуваат надоместоци за успешност и откази за службениците кои ќе добијат лоши оценки.   Имено, се воведува член во кој се вели дека на административниот службеник кој е оценет со годишна оценка „А“, му се доделува надоместок за успешност во работењето во висина на платата примена во последниот месец од годината за која се вршело оценувањето, доколку во буџетот на институцијата се обезбедени средства за таа намена. За надоместокот одлучува секретарот, односно раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, врз основа на…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица 06.XII.2017 (kamenica.mk) Како што денес на својот facebook профил објави градоначалникот на Македонска Каменица- Соња Стаменкова, нови директори добија СOУ “Миле Јаневски- Џингар” и ЈОУДГ “Бамби”. За в.д. директор на СОУ “Миле јаневски- Џингар” е назначен проф. Круме Стојановски, кој ја замени досегашната директорка Лилјана Димитровска, а за в.д. директор на ЈОУДГ “Бамби” е назаначена Снежана Мицевска Златановска на местото од Весна Јованова. Градоначалникот Стаменкова на сега назначените директори им посака плодна соработка и успешна работа при нивното вршење на раководните должности во иднина.

ПОВЕЌЕ ...