Author: Media Point

Доктор од Клиниката за токсикологија вчера вечер, околу 19.30 часот е прободен со нож. Како што дознаваме од наши извори, лекарот го познавал напаѓачот и на полицијата како лице кое го избодело со нож и го посочил сопругот на негова колешка. Најверојатно се работи за лична пресметка меѓу напаѓачот и повредениот. Лекарот бил нападнат пред ќебапчилница на булеварот “Мајка Тереза“ во Скопје и во моментов е надвор од животна опасност. Од МВР официјално потврдуваа дека кај нив настанот бил пријавен вчера околу 19:50, од Ургентниот центар во Скопје. Полицијата напаѓачот, за сега го води како непознато лице. Според полициските информации,…

ПОВЕЌЕ ...

Грајната сезона ја зголеми кражбата на дрва. Во изминатите неколку денови, полицијата им влегла во трага на повеќе организирани групи на дрвокрадци кои ги пустошат шумите во Штипско. Големата побарувачка на огревно дрво, дополнително ги стимулира дрвокрадците, но и ја мобилизира полицијата, која најавува ригорозност, кога во прашање е дрвокрадството: Со цел откривање, спречување и намалување на нелегалните активности повразни со неовластена сеча и транспорт на огревно дрво, пустошење на шуми, кражба и нелегална трговија со дрвната маса, екипи од полициски службеници, во содејство со шумската полиција, ќе ги засилат дневните, а ососбено ноќните контроли на терен и ќе поставуваат…

ПОВЕЌЕ ...

Билјана Спасеска Георгиевска текстот е преземен од facebook профилот на авторката На скопскиот аеродром, пред неколку вечери, околу полноќ… Млада девојка му го подаде својот пасош на полицаецот при влез во Македонија. А тој: македонски пасош? (Се разбира, не рече „ве молам“) Девојката: Немам. Џандарот (со фаца на лично и професионално повреден): Како тоа немате? Девојката: Имам државјанство, но немам пасош! Не сакам да имам… Пак тој: Па знаете, не смее македонски државјанин да влезе во земјава без македонски пасош, може казна… бла, бла… Девојката: Господине, видете, имам валиден пасош (странски). Тој: Тогаш ќе треба во рок од 48 часа…

ПОВЕЌЕ ...

10.XI.2017 (kamenica.mk) За Дарко Трпески од Скопје, инаку долгогодишен веган, попладневниот оброк се претворил во вистинска ноќна мора, кога сфатил дека среде вкусното јадење изел црв од јаболко, мислејќи дека јаде зрел плод кој штотуку паднал од гранка. Тој сега е загрижен за своето здравје, бидејќи внел 3 грама протеини од животинско потекло во својот желудник. „Некаде околу 19:30 го примивме повикот од господинот Трпески со молба итно да дојдеме кај него, за да направиме детоксикација, во народот попозната како перење желудник, зашто се сомнева дека добил труење“, вели д-р Марина Илиева од службата за брза помош. Мобилната екипа на…

ПОВЕЌЕ ...

Матичните служби во Германија ќе мораат да им понудат на граѓаните можност, освен како мажи или жени, да се изјаснат и како припадници на трет пол. Така одлучи Уставниот суд на Германија, а одлуката предизвика поделени реакции. Пресудата е јасна – тоа што во матичните служби и официјалните документи граѓаните мораат да бидат водени како мажи или жени претставува дискриминација на интерсексуалните лица. Одлуката е донесена поради Вања, интерсексуално лице кое од 2014 по правен пат се бори официјално да не биде водена како жена, туку под „inter/divers“. Меѓуполовите лица се генетски, хормонски и анатомски помеѓу двата пола. Според…

ПОВЕЌЕ ...

10.XI.2017 (kamenica.mk) Лекар од Клиниката за токсикологија попладнево е прободен со нож, пред влезот на клиника. Неофицијално, напаѓачот го пречекал пред самиот влез на клиниката и му нанел две убодни рани со нож. Според првичните информации од Министерството за здравство лекарот е во стабилна состојба. Од таму велат дека се во контакт со МВР, се испитува случајот, а полицијата работи на пронаѓање на напаѓачот. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.

ПОВЕЌЕ ...

Триесет годишен виничанец пред три години болест го заковала во инвалидска количка. Некогаш здравиот млад човек, сега е целосно зависен од туѓата помош. Сам не можам да одам, со количка, тато и мама ми помагаат, ме подигаат од кревет. На петти спрат живеам, во Виница, и не можам да спаѓам сам долу. Има две-три години како немам излезено надвор. Да сакам да отидам за Штип или за Скопје, по потреба, нема ниту кој да ме симне, ниту кој да ме качи. Нема што да правам, многу се нервирам. Нема што да правам. Имам болки, ме болат грбот, рацете, нозете, вели…

ПОВЕЌЕ ...

Извори од Белград открија дека искусниот Станиќ се соочува со финансиски проблеми кои го навеле да започне со нова работа во последниот месец, а тоа е возач на такси. Од нешто мора да се живее, па работа си е работа.   Неофицијално, финансиските проблеми настанале откако Станиќ се решил да инвестира во отпочнување на бизнис, но поради административни проблеми, парите пропаднале.

ПОВЕЌЕ ...

Се едуцираат дома, се реализираат во странство.  Македонија се празни и тоа алармантно.  Веќе е реткост да сретнете млад човек кој нема да ви каже дека размислува, или планира да замине од државата. Без разлика дали станува збор за студент, или некој што работи. Мотивите се различно, но доминантно економски: „Оваа држава е многу мала за животните цели на студентите, барем на оние како мене, а такви се многу. Реално, огромен број сакаат да заминат, меѓу нив и јас. Зошто сакам да заминам, бидејќи сега студирам дизајн на облека, а ако останам тука ќе може да најдам работа во некој…

ПОВЕЌЕ ...

09.XI.2017 (kamenica.mk) Густ чад се издига од зградата на Градежниот фалкултет во Скопје, кој се наоѓа на булеварот Партизански одреди. Според очевидци, на местото се упатени повеќе противпожарни возила и возило на итната медицинска помош, но засега нема детали за тоа дали евентуално има повредени и што е причината за пожарот. Нема информации ниту од Центарот за управување со кризи, ниту од Противпожарната единица на Скопје. Фото: facebook

ПОВЕЌЕ ...