Author: Media Point

12.XI.2017 (kamenica.mk) Вечерва, 12 ноември, со почеток од 21 часот, во арената „Вембли“ во Лондон ќе се одржи годинашното доделување на европските музички награди на Ем-ти-ви, а домаќинка на манифестацијата ќе биде британската ѕвезда Рита Ора. Таа ќе има и свој настап на сцената во „Вембли“, каде што ќе запеат и Деми Ловато, Камила Кабејо, Шон Мендес, Кеша, Стормзи, „Килерс“, Лиам Пејн, Тревис Скот, „Ју-ту“, Дејвид Гета со Чарли Екс-си-екс и Френч Монтана, „Клин бандит“ со Шон Пол, Ен Мари, Џулија Мајклс и Зара Ларсон, како и популарниот американски рапер Еминем,кој деновиве се врати на сцената со новиот сингл „Walk On Water“ во дует со Бијонсе. Според…

ПОВЕЌЕ ...

Полициски екипи ноќеска на терен спроведувале акциски контоли во објектите низ главниот град. Како што дознаваме од неофицијални извори, на мета на ноќната акција на МВР биле угостителски објекти, ноќни клубови, агенции за обезбедување и други објекти. Од МВР официјална потврда за контролите за сега нема. Очевидец за Скопје Инфо сведочи дека полициски специјалци во оружје упаднале во познат ноќен клуб во скопската населба Капиштец. Според неговите изјави полицијата ги легитимирала присутните и направила рутинска контрола на објектот. Најверојатно контролите на полицијата во објектите траеле до утринските часови, па официјални информации од МВР за тоа што полицијата открила и кои…

ПОВЕЌЕ ...

12.XI.2017 (kamenica.mk) На Фејсбук страницата Ѕид на сообраќајниот срам се појавија нови слики од судир меѓу автомобил и запрежна кола. Овој пат коњот кој ја влечел запрежната кола удрил во задниот дел од автомобилот и го искршил стаклото. Засега причините за сообраќајната несреќа не се посочуваат, но ваквите инциденти за ќал и не се така ретка појава. Запрежните коли немаат задолжително осигурување и не е дозволено да се вклучуваат во сообраќај за што следат дополнителни казни. Исто така доведувањето во опасност на коњите воопшто не е хуман третман на едно животно.

ПОВЕЌЕ ...

12.XI.2017 (kamenica.mk) Мрежното мерење, што на домаќинствата со вградени фотоволтаични системи им овозможува да го продаваат вишокот од произведена електрична енергија, е во зародиш во Македонија. Во државата не постои законска можност за вакво нешто па поради тоа граѓанските организации предлагаат вметнување на оваа мерка во новиот закон за енергетика, што е во подготовка. Граѓанските организации бараат да им се овозможи на домаќинствата без да отвораат фирма, само со договор со дистрибутерот, да се приклучат на мрежата и да ја продаваат во електродистрибутивната мрежа. Според Соња Ристевска, која е автор на студијата „Мрежно мерење во РМ, можности, перспективи, примери –…

ПОВЕЌЕ ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18:30 игра пријателски натпревар против Норвешка. За тие што не знаат. Картите за овој меч беа 100 и 150 денари. Годинава македонската публика уживаше во одличните игри на избраниците на Мрме кои имаат година за паметење со само еден пораз (од велесилата Шпанија), се радуваа на историскиот успех на момците на Благоја Милевски кои стигнаа до Европско, а на тоа мора да се напомене и екстра жешкото со Вардар и Шкендија. Првите стигнаа до историја за која скопската публика сонуваше со децении, а вторите го донесоа Милан во Скопје. Плус денеска имавме уште една причина за гордеење. Несфатливо е…

ПОВЕЌЕ ...

Несекојдневна глетка се случи во американска судница откако 24 годишниот Треј Релфорд е осуден на 31 година затвор, а една сцена ги погоди сите, дури и судијата пушти солза. Таткото на убиениот доставувач на пица, 22 годишниот Салахудин Џитмуд, кој е убиен пред две години, пред сите после говорот го прегрна убиецот на својот син и рече не го обвинува него туку сатаната која влегла во децата. Истакна дека е важно да се прости, затоа што простувањето како што тој кажа било најголем дар од Господ.

ПОВЕЌЕ ...

Филијалата на Lidl во Барселона отпушти работник со 12 години работен стаж во фирмата затоа што бил премногу вреден. Имено, тој доаѓал порано на работа за да ја подготви продавницата за отворање. Работникот се обратил во суд и бара да се врати на работа. Како што пренесува шпанскиот дневник El Pais, вредниот работник Жан П. Пристигнувал на работа еден час пред да почне смената и „почнувал да ја подготвува продавницата за отворање“. Во одлуката за отказ наведено е дека „многу сериозно ги нарушил правилата за работа“, затоа што Жан, без да впише работно време, доаѓал на работа „правел нарачки менувал…

ПОВЕЌЕ ...

11.XI.2017 (kamenica.mk) Во дванаесетото коло од Втората фудбалска лига на Македонија, ФК Каменица САСА на домашен терен одигра со резултат од 0:5 против струмичка Беласица. Првото полувреме се играше на двете половини од теренот со назименични шанси за гол на двете страни, но на одмор се замина без голови. Домаќините во текот на првиот дел повеќе играа против судиите отколу против анемичните гости.  Свиреа непостоечки контакти, фаули и прогледуваа низ прсти при сомнителни офсајд ситуации за гостите, а остануваа неми при очигледни фаули врз домашните играчи. Едноставно судењето беше пристрасно, фаворизирајќи ја гостинска Беласица и успеаа во голема мера и…

ПОВЕЌЕ ...

ФК Каменца САСА во текот на првото полувреме од натпреварот против струмичка Беласица како дел од XII коло на Втората фудбалска лига на Макесонија, многу повеќе игра против судиите на натпреварот отколку против анемичната гостинска екипа. Во неколку наврати домаќините се повеќе од оштетени со судиските одлуки, особено по непостоечкиот пенал во 38 минута од натпреварот. Голманот на ФК САСА, Бобан Атанасовски успеа да го одбрани овој удар од 11 метри како и уште неколку зицери и изгледни шанси на гостите. На полувреме ФК Каменица САСА – ФК Брегалница останува 0:0 и покрај големиот притисок на судиите врз играта на…

ПОВЕЌЕ ...

10.XI.2017 (kamenica.mk) Есенскиот џез караван може да почне! Оваа есен во Македонија ќе мириса на свежо ајварче, но и на добар македонски џез. На 10 ноември ќе се одржи првиот концерт организиран во рамки на манифестацијата Есенски џез караван по што следат Богданци, Пробиштип и Крушево. За почеток на караванот се резервирани младите, атрактивни и енергични Fierce и MusaIQ кои ќе настапат во Салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево, со почеток во 20 часот. Музиката што MusaiQ ја креираат претставува легура од стилови поврзани со специфична нишка која всушност е срцето на овој состав. Македонскиот фолклор, како непресушна ризница…

ПОВЕЌЕ ...