Што е потребно за некој да е добар родител? Родителите знаат неколку трикови со цел да ги мотивираат повеќе нивните деца. Истражувањата покажале дека кога родителите го фалат трудот на децата, тие развиваат силна работна навика и стануваат многу повеќе мотивирани. За некои родители успехот не е најважното нешто што нивните деца треба да го постигнат. Овие родители повеќе се грижат детето да прерасне во добра и внимателна личност. Истражувачи откриле дека во САД родителите што се со потекло од Европа, Азија или Африка многу повеќе се трудат нивните деца да бидат добри личности, отколку да се успешни. Прочитајте: СО…
Author: Media Point
Тоа што е врзан за количка не го спречува 9 годишниот Јане да игра фудбал во секоја прилика. Девет годишниот Јане Велковски од Скопје, главниот град на Македонија, живее за и со фудбалот. Тој игра фудбал во секоја можна прилика, а очите му светнуваат секогаш кога зборува за својот омилен спорт. “Фудбалот е сѐ во мојот живот,” објаснува Јане. “Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде.” Одлучноста на Јане да игра фудбал е дотолку по импресивна имајќи в предвид дека тој е врзан за количка, со дијагноза за Спинална Мускулна…
13.XII.2017 kamenica.mk Деновиве вработените од Ј.П.,,Камена Река” во соработка со вработените од ТППЕ од Мак.Каменица започнаа со перење и чистење на поголемите улици во градот. Акцијата започна вчера со чистење и перење на главната улица “Александар Македонски”. Станува збор за редовна активност која ќе продолжи и во наредните денови врз најферкфентните улици од градот доколку дозволат временските услови од овој период во годината. Прочитајте повеќе: СО РЕДИЦА МЕРКИ, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЌЕ ЈА ПОДОБРУВА НАПЛАТАТА НА ЛОКАЛНИ ТАКСИ
Со проектирани нови ски патеки во должина од 330 километри и околу 110 км. нови скилифтови во склоп на скијачкиот центарот Банско, разноликото природно богатство на Пирин се наоѓа пред сериозна закана. Носејќи го епитетот „Европски главен град на евтиното скијање”, Банско со неговите релативно ниски цени во споредба со останатите европски скијачки центри (поготово во регионот на Алпите) претставува вистински рај за џебот на сите скијачи. Од другата страна на комерцијалниот скијачки центар (кој засега има зафатено многу помал дел од целиот масив), пак, стои еден од најдивите и зачувани природни резервати и екосистеми во Европа – планината Пирин…
13 декември 2017 kamenica.mk Црна Гора годинава стана 29-та членка на НАТО, но ќе имаме убава симетрија доколку можеме да и посакаме добредојде на Македонија како 30. држава членка на Алијансата во Подгорица следната година. Ова денеска го изјави Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон, по состанокот на Партнерската комисија на САД – Јадранската повелба, што се одржа во македонското МНР. – Потенцијалното решавање на прашањето за името исто така ќе претставува поттик за регионалната стабилност и го поздравуваме обновувањето на разговорите меѓу Македонија и Грција, рече Палмер. Прочитајте: СО РЕДИЦА МЕРКИ, ОПШТИНА МАКЕДОНСКА…
Изминатиот викенд дефинитивно уште многу години ќе им остане во сеќавање на членовите од српската група „Амадеус бенд“. За разлика од останатите настапи кои ги паметат, оној од минатата сабота во Кочани нема да им биде со убави спомени, пишува српскиот портал „Србија данас“. Имено, во дискотека во Кочани, понесен од атмосферата, момче пред сите ги пресекол вените. Настанал вистински хаос и први на помош притрчале музичарите и келнерите, а нивната брза интервенција, како и доаѓањето на брзата помош на лице место, му бил спасен животот. Иако сакаат што побрзо да заборават на драмата што ја видоа пред свои очи,…
13.XII.2017 kamenica.mk Наставничка од основното училиште во село Батнци вчера пријавила дека претпладнето, додека одржувала настава во Кабинетот дошол А.Ј.(58) и почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканица по лицето. Како што соопшти полицијата, А.Е. се здобила со видливи повреди, оток под десното око и модринка. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Научниците откриле дека голем број на луѓе ги немаат најважни супстанции кои се од суштинско значење за нормалното функционирање на организмот. Тие, исто така, посочуваат дека овие супстанции најдобро се консумираат преку одредени видови на храна, но ако се сомневате дека не ги консумирате доволно, разговарајте со вашиот лекар за да можете да добиете додаток во исхраната. Калциум: Потребната дневна количина е 1000 мг. Потребен е за силни коски и заби. Ќе го најдете во млеко, јогурт, зелен лиснат зеленчук и лосос. Витамин Ц: Потребен дневен износ е 75 мг. Неопходно е да се зајакне имунолошкиот систем и здравјето на кожата. Ќе…
Започнуваат подготовките за претстојната „Златна бубамара на популарноста“ која годинава ќе се одржи по 21-ви пат. Во продолжение ви го пренесуваме нивното соопштение по тој повод: Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува – добра забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот! ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со…
Според официјалното известување од МВР, грабежот се случил рано изутрината околу 06.15 часот во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито“ во Виница. Во критичниот момент две непознати маскирани лица насилно упаднале внатре и го извршиле разбојништвото. Сторителите со пиштоли им се заканиле на вработените, по што ги затвориле во тоалетот од казиното, а потоа ги одзеле парите од касата и побегнале во непознат правец. Настанот веднаш бил пријавен во Полициската станица, од каде била испратена увидна екипа. Освен известувањето дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, од Полицијата засега не излегуваат со други…
