Author: Media Point

Српскиот пејач Џеј Рамадановски почина на 56 годишна возраст. Локалните мердиуми јавуваат дека во неговиот дом пристигнала екипа на Итна помош во обид да го реанимира пејачот, но не успеале во борбата за неговиот живот. -Одам кон Дорчол, ми се јавија и ми кажаа дека не можат да го разбудат. Сигурно починал, беше во многу лоша здравствена состојба, но не станува збор за коронавирус, изјавил кусо неговиот менаџер за Мондо.рс. Здравјето на пејачот веќе неколку години било влошено, а во последното интерју истакнал дека никаде не се движи бидејќи Ковид-19 за него би бил погубен.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 04.12.2020 година – Според последните објавени податоци на официјалната веб страна за дневните извештаи од Институтот за јавно здравје за Состојбата со COVID-19 во Македонија и светот за периодот 23-29.11.2020 (www.iph.mk), општина Македонска Каменица има 60 активни позитивни случаи на Ковид 19 и 68 лица кои ја прележале болеста. Според издадените решенија од МВР за изолација на лица позитивни на Ковид 19 во Македонска Каменица имаме 39 активни случаи, од кои 10 се хоспитализирани. Бројот на лицата кои имаат добиено решенија за изолација поради близок контакт со позитивни лица изнесува 42. Разликата во бројките, според Центарот за јавно…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица. 03.12.2020 година – Состојба со Ковид 19 во Македонија (03.12.2020), според објавените податоци од Министерството за здравство. Во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 479 -Куманово 52 -Дебар 20 -Штип 45 -Прилеп 84 -Тетово 58 -Струга 52 -Велес 59 -Битола 83 -Охрид 49 -Кавадарци 42 -Гостивар 63 -Гевгелија 33 -Струмица 29 -Крива Паланка 12 -Радовиш 12 -Крушево 5 -Кочани 33 -Пробиштип 10 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 2 -Пехчево 2 -Берово 4 -Валандово 4 -Виница 4 -Делчево 22 -Кратово 7 -Свети Николе 13 -Кичево 31 -Ресен 13…

ПОВЕЌЕ ...

Со тешко дишење, кашлица и неколкудневна фебрилност…Околу 25 пациенти дневно со ваква клиничка слика завршуваат во тријажниот центар на Токсикологија. Кај најмалку 15 од нив брзиот тест покажува дека се позитивни на ковид 19. -Со оглед дека гледаме да правиме што подобра селекција во однос на оние кои доаѓаат како ургентни, околу 70 до 80 проценти од нив се позитивни. За жал, голем дел од нив доаѓаат со намалена сатурација, фебрилност неколку дена во релативно тешка или крајно тешка состојба, вели. Др. Нико Беќаровски – Клиника за токсикологија. Различните рендген снимки на заразени во март и април и сега, според…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Општина Македонска Каменица и Рудник Саса во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, поради специфичноста на ситуацијата во која се наоѓаме поради актуелната пандемија со Ковид 19, денеска остварија кратка средба со претставници од Дневниот центар за лица со посебни потреби – Македонска Каменица и ЦПЛИП “Порака”. „Меѓу останатите теми на разговорите водени околу новите предизвици со кои како заедница се среќаваме, преку присутните претставници на средбата упативме поздрави до штитениците од Центарот и до сите лица со посебни потреби од нашата Општина“, – изјави градоначалничката на општина Македонска Каменица…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 03.12.2020 година – Дневниот центар за лица со посебни потреби по повод 03. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост на официјалниот фејзбук налог објави кратки поздравни пораки од дел од штитениците до своите блиски и до сите граѓани на Македонска Каменица. Во краткиот текст со водео објавата стои: Драги пријатели на Дневниот центар за лица со посебни потреби од М.Каменица. Минатата година на овој ден имавме еден прекрасен настан кој долго ќе го паметиме. Оваа година се е поразлично, па и одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. По тој повод дел…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 02.12.2020 година – Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски заедно со Претседателот на Синдикат на индустрија, енергетика и рударство – СИЕР, Игор Ѓерасов ја посетија Синдикалната организација во Рудник САСА, која има ново раководство предводена од новиот претседател Драган Миленковски. Разговарите се водеа за проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат работниците при извршување на работните задачи во Рудникот. За почитувањето на мерките за безбедност и здравјето при работа, како и за потребата од зголемување на платите. Истовремено, Претседателот на ССМ Димовски,  Претседателот на СИЕР Ѓерасов и Претседателот на Синдикалната организација на СИЕР  во…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 01.12.2020 година – Голем интерес за брзи тестови за Ковид-19 во Делчево и Македонска Каменица.  Директорката на Здравствен дом „Гоце Делчев“, Марија Глигоровска, информира дека повеќе од два месеци во просторијата за земање брис, успешно се земаат и ПЦР тестови, додека во последниот месец граѓаните се почесто се тестираат со брзи тестови за Ковид-19. -Во мај месец ние ја оформивме таа просторија за земање на брисеви и работеше еден период со мал одзив а и немавме коронавирус. Од пред два месеци веќе редовно вторник и петок таа просторија се користи за земање ПЦР тестови. Од пред еден месец…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Денес, во Основното општинско училиште “Св. Кирил и Методиј” во Македонска Каменица, од страна на Општинската организација на Црвен крст Делчево беа доставени безконтактен хигиенски тотем за дезинфекција на раце и обувки,безконтактен термометар и средство за дезинфекција. Директорката на училиштето, Марина Стојановска Василевска изрази благодарност за донацијата. Додавајќи дека ваквите активности на Црвениот крст, треба да бидат поттик и на сите останати за взаемна поддршка и човечност во овие времиња. За хуманитарните акции кои периодов ги спроведува Црвениот крст ни изјавија дека во соработка со Министерството за образование и наука и Турската агенција за соработка…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 30.11.2020 година – Во петок, на 04. Декември 2020 година, од 9:30 до 13:30 часот во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи крводарителска акција. Општинската оргснизација на Црвен Крст – Делчево, ги повикува крводарителите и сите заинтересирани граѓани, да се вклучат во акцијата и придонесат за подобро здравје на населението. Воедно, Црвен Крст – Делечво ги поканува и сите ученици кои наполниле 18 години да ја покажат својата хуманост и да датуваат крв. Во текот на крводарителската акција ќе се применуваат сите протоколи и препораки за заштита од КОВИД 19, а за крводарителите ќе има…

ПОВЕЌЕ ...