Author: Media Point

Македонска Каменица, 23.12.2020 година – Денеска започна асфалтирањето улицата “Даме Груев” во Македонска Каменица. Новата градска улица е со огромен значај за подобрен и олеснет пристап до домовите на жителите од овој дел на градот. Во рамки на изведбата на 390 метарската улица, целосно е изграден нов систем за одводнување на атмосферските води, како и заштитно потпорен ѕид. Асфалтирањето на коловозот се одвива во две фази. Првата фаза со поставување на 7 сантиметри асфалт и втора фаза од 4 сантиметри, – изјавија од општина Македонска Каменица. Од Општината надополнуваат дека градежните работни активности ќе продолжат со доуредување на пешачките патеки…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 23.12.2020 година – ЈП Камена Река воведе систем за онлајн плаќање на комуналните такси и сметки. За таа цел, денеска претпријатието објави соопштение до корисниците, кое гласи: Почитувани корисници, Сакаме да Ве информираме дека вашите сметки за комуналии можете да ги плаќате и онлине. Преку м-банкинг на Комерцијална банка и Стопанска Банка. Потребно е да имате профил на самите банки каде преку самата апликација од банките можете да ја извршите наплатата. Линк до објавата на официјалниот налог на социјалните мрежи на ЈП Камена Река и објаснување за чекорите од постапката за плаќање, тука. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3520068374780148&id=100003310618671

ПОВЕЌЕ ...

Помошта од шест илјади денари, првично наменета за купување на македонски производи, граѓаните ќе може да ги трошат за што ќе посакаат, односно ќе може да си ги подигнат во банка или на банкомат. Како што објави „Алсат“, граѓаните, освен што ќе може доделените пари да ги добијат во кеш, со нив ќе може да плаќаат сметки или да купуваат производи од кој било производител. Од Владата не одговориле конкретно на прашањата зошто пропадна мерката „Купувам домашно“, наменета само за македонски производи со цел финансиска инекција на домашните производители. Нашата цел е никој да не биде изоставен. Ова се финансиски средства…

ПОВЕЌЕ ...

Од денеска нема повеќе онлајн уплати во домашните кладилници.  Истече рокот на уредбата со која обложувалниците во изминатите шест месеци организираа онлајн кладење. Бараат владата да овозможи и во следниот период да може љубителите на овие игри на среќа  да уплаќаат преку компјутер, во спротивно предупредуваат дека државата ризикува да изгуби 100 милиони евра во буџетот, пари кои во моментов се неопходни. Според нивните пресметки од мај до декември преку онлајн уплатите во државната каса влегле  близу 2 милиони евра, а обложувалниците  биле растоварени од гужва. Инаку кладилниците со почетокот на пандемијата беа први кои ставија клуч на врата но…

ПОВЕЌЕ ...

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства На 21.12.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

Не е во ред да се оди во затвор за половина грам марихуана, вели македонскиот премиер Зоран Заев, образложувајќи ја идејата за декриминализација на канабисот. Откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјата ќе почне широка дебата за целосна легализација на канабисот. До јуни 2021 се очекува да биде отворена дебатата, по што процесот ќе оди во Собрание, вели премиерот Зоран Заев, кој очекува идната година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација на канабисот. „Не е во ред некој да оди во…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата ќе поднесе кривична пријава против сопственик на угостителски објект во Кочани кој работел по дозволеното време. Според информациите на МВР,  вчера во периодот од 17 до 21 часот, полициски службеници извршиле контрола на 30 угостителски објекти на подрачјето на Кочани во врска со почитувањето на мерките донесени од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19. При контролата, било констатирано дека еден угостителски објект не го почитувал работното време, односно во угостителски објект на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани во 18.35 часот биле затекнати неколку гости. Против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време…

ПОВЕЌЕ ...

На граничниот премин Делчево, при влез во државата, денеска полициските службеници извршиле преглед на багаж на П.П. од Битола, кој пеш ја поминувал границата. Пронајдени се 886 парчиња различни видови на пиротехнички средства. Како што соопштија од МВР, пронајдените предмети биле одземени. Линк до целата содржина од веста, тука.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 20.12.2020 година – После вчерашната победа над МЗТ Скопје со 87:65 и вкупен скор “три од три”, екипата на ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица се најде на делба на првото место од Првата кошаркарска лига на Македонија – Жени. Вчерашната победа е резултат на сѐ поголемата воиграност на каменичките Баскет Кам девојки и сигурната рака на Моника Зафировска со 22 поени, Наталија Белевска и Ивана Кметовска со по 19 поени. #КаменицаУбавГрад

ПОВЕЌЕ ...

Во Делчево отворена Младинска ликовна колонија „Св.Пантелејмон 2020“. Ликовната колонија како што информираше, Методи Толевски, директор на Центарот за култура од Делчево ќе трае до 25 декември 2020 со почитување на сите протоколи за заштита од Ковид-19. -На ликовната колонија ќе бидат изложени 11 дела од 7 малди уметници од Кочани ко исе дел од Ликовната колонија организирана од Центарот за култура „Бели Мугри“ од Кочани, под менторство на м-р Александра Димитрова. Денес на радост на љубителите на ликовната уметност делата од оваа ликовната колонија се во Делчево, рече Толевски. По примерот на младите од Кочани, раководителот на Ликовната дејност…

ПОВЕЌЕ ...