Author: Media Point
Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 полицајци, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти. Сто полицајци се бараат во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 полицајци, по 30 полицајци во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Регионалниот центар за гранични работи Исток – 20…
Македонска Каменица, 29.12.2020 година – Внатрешни органи и други остатоци од заклани животни се оставени во близина на градската депонија, покрај самиот регионален пат од Македонска Каменица кон Делчево. „Утрово добивме многу непријатно известување од наши екипи на терен за фрлени органи од животни покрај самиот регионален пат и градската депонија. Апелираме за поголема совестност. Да се престане со ваквите неодговорни дејства штетни за здравјето на граѓаните, јавната чистота и природата, – изјавија од ЈП Камена Река Од таму велат дека нивни екипи задолжени за јавна чистота со вклучена крупна механизација излегле на терен и просторот веќе е исчистен.
Македонска Каменица, 29.12.2020 година – Поради извршување на работни активности за инсталирање на нови приклучоци на вооводната мрежа, ЈП Камена Река најави прекин на снабдувањето со вода на домаќинствата од улица „Индустриска“ во Македонска Каменица. Според информациите добиени од ЈП Камена Река, прекинот ќе трае од 10:30 до 13:30 часот. Веднаш после завршувањето на работните активности, состојбата со водоснабдувањето ќе биде нормализирана.
Малешевското наречие спада в Источната група на централно-балканските славјански говори Употребува се в Малешевијата, Пијанец, Виничко, Радовичко, Осоговијата, Струмешница, Чустендилско, Дупнишко, Горноџујамско, Светиврачко, Петричко и Разлог… Малешевското наречие не се употребува в Струмичко, Неврокопско, Демирхисарско, Сингартиско иако звучат аналогно… Се смета оти настанал околу Осоговијата или посеверно, со експанзија на т.н.шопски говори југ, запад и исток и мешање со постарите (славо)македонски говори се формирало денешното малешевско наречие… Содржина 1 Фонолошки карактеристики 2 Морфолошки карактеристики 3 Лични заменки 3.1 Еднина 3.2 Множина 4 Надворешни врски Фонолошки карактеристики старословенскиот глас Ѫ (он) преминал во а : даб, габа, важе замена на…
„Еколошка буна“ пред фабриката за хартија во Кочани Со пораки „Сакаме чист воздух за нашите деца“ и „Стоп за Пејпер Мил и загадувачите“ жители на Кочани со блокади на патот по четврти пат на улица со блокади побараа затворање на фабриката за хартија,поради како што велат, енормно загадување на воздухот Револтираните жители велат дека загадувањето прави градот Кочани постојано да изгледа како да е под магла, што е доволен показател дека нешто не е во ред со воздухот. А сметаат и дека надлежните треба да имаат слух за нивните барања. Здружението „Грин-орг“ има поднесено и кривична пријава против фабриката за…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека во согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 1 Јануари 2021 година (петок), Нова година, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ја честита Нова година.
Угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што синоќа по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот. „ Во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид-19, односно не го почитувал работното време. По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Австралиските научници открија дека преживеаните од коронавирусите ја задржуваат имунолошката меморија за патогенот до 8 месеци по инфекцијата, се вели во соопштението за печатот од Универзитетот Монаш. Студијата е силен доказ дека вакцината САРС-КоВ-2 веројатно ќе функционира долго време, се вели во документот. Многу претходни студии покажаа дека првите антитела кон коронавирусот исчезнуваат по неколку месеци, што доведува до загриженост за ефикасноста на вакцината. Детали за студијата се објавени во списанието Science Immunology. Научниците откриле дека имуните Б-клетки го задржуваат вирусот во нивната меморија и кога патогенот повторно влегува во телото, тие брзо започнуваат да произведуваат заштитни антитела, пишува BGNES.…
Македонска Каменица, 25.12.2020 година – Општина Македонска Каменица од Владата на РСМ доби 5.355.000,00 денари за Изградба на канализациона мрежа на Индустриската зона во Македонска Каменица. Согласно Одлуката објавена во Службен весник, Општината добива средства за реализација на еден навистина значаен проект, бидејќи изградбата на инфраструктура во Индустриската зона, претставува основен услов за забрзан економскиот развој на Макеоднска Каменица. При најавата на проектот, градоначалничката Стаменкова кажа дека, „Ова е навистина значаен проект за развојот на општина Македонска Каменица. Веќе инсталиравме нова пумпна станица за непречено снабдување со вода, а со изградбата на канлизациона мрежа во 2021 година, создаваме услови за…
Општина Македонска Каменица објави Оглас за јавна набавка за Изградба на атмосферска канализација на дел од уличната мрежа во Македонска Каменица. „Реализацијата на овој проект во пракса ќе значи целосно и трајно решавање на проблемот со атмосферските води во овој дел од Македонска Каменица. Оваа атмосферска канализација ќе биде поврзана со веќе постоечката, со што цеосно го затвараме системот за одводнување на атмосферските води. Реципиент на атмосферските води ќе биде Каменичка река, каде со завршувањето на овој проект, создаваме услови за продолжување и дореализација на проектот за доизградба на градскиот кеј на реката. Крајниот рок за доставување на понудите е …
