На 53-годишна возраст почина Зоран Џорлев еден од најдобрите македонски виолинисти, вокален изведувач и професор.
Од Министерството за здравство за „360 Степени“ потврдија дека Џолев се лекувал од ковид-19, но денеска ја загубил битката со вирусот.
Тој беше познат по многубројните обработки и изведби на македонски народни и забавни песни, обработки на филмски, џез и етно теми.
Дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Работел како професор по виолина, и бил директор на ДМБУЦ Илија Николовски Луј во Скопје. Во јануари 2011 бил назначен за директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, каде останал до август 2017 година.
