Ништо не остана од пиланата сопственост на семејството Аврамски од Берово. Пожарот кој избувнал утрово околу 4 часот од погонот на компанијата Графопромет во Берово која над 25 години се занимава со производство на дрвена и картонска амбалажа, за кратко време го уништи целиот погон, машините и целокупното производство во него. Кога дојдовме сабајле во 4:00 саатот гореше. Не знам колкава е штетата, кажа Васе Аврамски, сопственик на Графопромет. Пожарот , најверојатно, започнал од долниот дел на погонот, па кога стигнале пожарникарите, тој веќе зафатил поголем дел од материјалите кои се лесно запаливи, како и кровната конструкција. Пожарот е пријавен…
Author: Media Point
Бербата започнува месец ипол или два месеци откако ќе се насади, а после жетвата руколата продолжува да расте за по некое време повторно да роди плод. Одгледувањето на оваа билка станува се поисплатливо бидејќи нејзината цена во соседна Србија моментално достигна 2.000 динари за килограм. Од насаден хектар, приносот изнесува 20.000 килограми, а процесот на производство не е воошпто сложен – доколку се обезбеди се што е потребнно. Оваа култура бара многу влага, треба да се наводнува често, а при сеење температурите мора да се над 4 степени. Билката е отпорна на мраз.
20 декември 2017 kamenica.mk На предлог на Министерство за транспорт и врски Владата донесе одлука за изменување на Уредбата за висината на цената на градежното земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп. Со предложените измени се врши намалување на висината на цената по кои се отуѓува градежното земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба за А3 – групно домување за реон 5 и реон 6, и истата ќе изнесува 70,00 денари, за разлика од досегашните цени, кои за овие реони изнесуваа од 1.600,00 до 400 денари за…
Лос Анџелес, 19 декември 2017 (kamenica.mk) – Светски познатиот актер и музичар Џаред Лето на својот Твитер профил го повика бугарскиот премиер Бојко Борисов да го заштити Националниот парк Пирин. – Бојко Борисов, Ве молам, заштитете го Националниот парк Пирин од прекумерната сеча заради профит и од скијачката инфраструктура. Спасете го Пирин. Нашето наследство е под закана. Преземете нешто веднаш!, напиша тој. И Фондацијата на Леонардо Ди Каприо испрати слична порака за заувување на „со векови старите шуми“ во тој Национален парк во Бугарија.
Берлин, 19 декември 2017 (kamenica.mk) Возач на камион од северот на Германија цели 30 години собирал метални парички, кои ги пакувал во пластични ќеси. Во неговата колекција има и марки и евра, но и фенинзи и центи. Кога човекот починал во мај годинава, неговото семејство наследило над еден милион монети, со вкупна маса од два и пол тона. Толкаво количество метал предизвикува повеќе проблеми отколку радости, но пред 15 години еврото ја замени марката како официјална валута во Германија, па благодарение на тоа, семејството ќе има и полза од дел од наследството Натаму, паричките биле проследени до германската Централна банка, чии…
20.XII.2017 kamenica.mk Колкав е периодот за застарување на дело односно колку години треба да е стар долгот за да застари? Одговара Бојана Георгиевска Марковска, адвокат Извор: СамоПрашај
Полициите на Словенија и на Хрватска во соработка со „Европол“ разбија меѓународна криминална група што била вмешана во корупција во спортот и илегално обложување. Нејзините членови се сомничат дека учествувале во лажирање на натпревари во фудбалските првенства во Македонија, во Србија и во Чешка. Покрај ова, во соопштението на „Европол“ се наведува дека е извршен претрес на 13 куќи и 15 возила на различни локации во Хрватска и во Словенија притоа се уапсени 11 лица. Во акциите се запленети два автомобила, 35 електронски направи, 32 мобилни телефона, 19,650 евра и 38,500 фалсификувани евро-банкноти. „Мрежата создала илегална интернет платформа со цел…
Специјалното јавно обвинителство објави дека отворило истрага под кодно име „Друмарина“ за патните трошоци на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека осомничената од 25 јуни 2011 година до 16 декември 2015 до собраниските служби поднесувала лажни фискални сметки за патарини. Истрагата на СЈО покажала дека Бонева имала сместување во Скопје, а за тој период доставила сметки за патарини за вкупно 843 патувања со сопствено возило. „Извршената анализа покажува дека ако патувањата би биле реално направени, осомничената би направила 235.928 км, но според доказите таа поминала 133.520 километри“, рече Фетаи. Според истрагата Бонева, која е рекордер во наплатен надомест…
Следете ја во живо прес конференцијата од СЈО: https://m.youtube.com/watch?v=P5VJ3xDbsG0
Откако минатата недела јавноста беше згрозена од силувањето на малолетната ученичка, грабната на голем одмор од училишниот двор од страна на пријавениот, според билтенот на МВР, во изминатиов викенд има нови силувања. Поднесена е пријава во петокот за силувања на две деца од постар малолетник, кој бил нивни сосед во приградска населба на Скопје, а вчера веќе има нова пријава во Струмица за две силувања. Според пријавата, осомничениот насилно ги влечел жртвите кон неосветлен дел од градот, додека истите давале активен отпор и викале да ги пушти. Со кривичниот законик е предвидена минимална казна затвор за силување од три,…
