Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај фабриката „Раде Кончар“. Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993). Несреќата се случила околу 00:50 часот, а по сообраќајката интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.
Author: Media Point
Изминатиот викенд Твитер Македонија ги прогласи најдобрите во Твитер заедницата за изминатата година во 30 тина категории: Најдобар твитерџија/твитерџика, најдобра твит, најдобра риплај, најдобра организација на Твитер… За најдобар твит измината година е прогласен: Фиромавиот двапати плаќа. На блогот „И ја иам блог“, каде преку целата година неделно се објавува избор на најинтересните твитови, е објавен избор на Најдоброто на Твитер во 2017 година.
Специјалното јавно обвинителство на Фејсбук профилот објави дека денеска во 13 часот ќе одржи прес конференција. Засега нема други детали за она што ќе биде објавено.
19.XII.2017 kamenica.mk Не можеш да работиш прекувремено повеќе од 8 часа неделно, треба да добиваш додатоци ако работиш во смени, ноќе или на празници, а годишниот одмор треба да ти трае најмалку 20 работни дена. Дури имаш право да побараш неплатено отсуство од 3 месеци во годината, а работодавачот да ти го чува работното место. Додека штрајкуваш, имаш право на плата, а за време на отказниот рок, можеш да отсутвуваш од работа 4 часа во неделата за да бараш друга работа. Запознај ги своите работнички права и #Прашај. Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови…
19 декември 2017 (kamenica.mk) Во поголем дел од Македонија утринава температурите се под нулата освен во Гевгелија каде се измерени три степени. Најстудено е во Маврово каде минималната температура е -12 степени, потоа во Лазарополе -11, Крушево -8, Пожаране -7, Дебар -6, Ѓуриште -5, Каменица и Берово -4, Тетово, Охрид, Прилеп и Претор -3, Битола -2 и Штип, Виница, Демир Капија и Куманово -1 степен. Во Скопје, Струмица и Дојран се измерени нула степени. Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Дојран – четири литри на метар квадратен, а најмалку во Претор, Пожаране, Тополчани, Струмица, Гевгелија, Охрид, Тетово и Битола…
19.XII.2017 kamenica.mk Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, е еден од најголемите христијански празници, кој се празнува секоја година на 19-ти декември, според новиот календар. Од неговиот живот и дело учиме да бидеме дарежливи, да помагаме, да почитуваме и сакаме. Љубовта кон Бог, исцелителната моќ која ја поседувал, како и чудата кои ги правел во името на Бога, го издигнуваат неговото дело како најпочитуван светец од Православната христијанска црква, но е почитуван и од Католичката црква, како и од муслиманите. Свети Никола е најчестата слава во Република Македонија, илјадници домови синоќа и денеска со вкусна посна трпеза, дочекуваат…
Кола во моментов се наоѓа во реката Вардар, во делот меѓу Камениот мост и мостот Око во центарот на Скопје. Колата е заглавена меѓу фонтаните, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита се обидуваат да го извадат возилото од водата. „Според изјавите на очевидци колата паднала во Вардар кај ресторанот ‘Жабар’ односно кај зградата на Владата. Информациите кои ги имаме од граѓани се дека девојка ја возела колата по кејот каде е забрането движење на возила односно во делот за пешачење и рекреација. Во еден момент колата паднала во Вардар, но не се знае кога девојката го напуштила возилото. Колата…
На 16.12.2017 година во Полициската станица Виница, 33-годишна жена од Штип (во моментот непријавено престојувала во Кочани) пријавила дека А.Х. (22) од Виница, со кого живее во вонбрачна заедница, извршил полов напад врз нејзината 10-годишна ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и работник од Центарот за социјални работи Виница, по барање од Јавен обвинител, врз девојчето бил извршен преглед во Општа болница Кочани. При прегледот било констатирано дека постоел полов контакт. А.Х. изјавил дека повеќе пати, без присилба, со волја на девојчето имале сексуални односи. Тој бил лишен од слобода и по целосно…
Делчево, 18 декември 2017 (kamenica.mk) ЈПКД „Брегалница“ од Делчево интензивно работи на чистење на дивите депонии во градот и околината. Директорката на ЈПКД „Брегалница“, Розетка Цонева, истакна дека се лоцирани шест диви депонии, а акцијата се одвива во соработка со Општина Делчево и надлежниот инспекторат. – Досега се исчистени две диви депонии, депонијата кај мостот на реката Брегалница во индустрскиот дел од градот и депонијата за градежен шут Ралева Чука. Остануваат уште депониите кај Попов мост, кај манастирот св. Богородица Балаклија, кај Очипалска Река и кај Црквенска Река. Бидејќи на овие локации има најразличен комунален отпад и шут, мора да…
Попладнево во водите на реката Вардар, во непосредна близина на Камениот мост падна автомобил со патници. Повикани се пожарникари за да интервенираат.
