Author: Media Point

22.XII.2017 kamenica.mk Додека „поискусните“ музички сили ги одбегнуваат фестивалите како „Макфест“ на кој можат да промовираат нова песна, за помладите сили тоа се се’ уште волшебните места за промовирање. Едни од нив се и’ „Риплеј“ кои годинава на „Макфест“ ја претставија „Ти си мојот сон“, од авторите Влатко Илиевски и Бојан Дамјановски. Момчињата за „Ти си мојот сон“ снимија и видео па можете да го погледнете подолу.

ПОВЕЌЕ ...

Владата на Република Македонија ја информира јавноста дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во град Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат. „Проблемот со кој се соочуваат граѓаните, владата предвиде да го реши во рамките на новиот предлог Закон за енергетика. Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

ПОВЕЌЕ ...

Седумгодишните близнаци Тео и Тони заедно со своите баба и дедо живеат во руинирана куќа во Долно Лисиче без основни услови за живот. Тео и Тони се напуштени од родителите кои по разводот си заминале од дома оставајќи ги нив во рацете на беспомошните Веле и Станка кои се невработени. Ова четиричлено семејство финансиски прилив има само доколку некој од соседите ги повика бабата и дедото на Тео и Тони да работат за дневница на нива или некоја друга земјоделска работа. Семејството Зафировски живее во двособна куќа чии ѕидови се полни со влага, кровот прокиснува, а немаат ниту тоалет и…

ПОВЕЌЕ ...

Народна банка на РМ распиша оглас за продажба на патнички моторни возила по пат на усно јавно наддавање и тоа на два цитроена Ц4 произведени во 2008 година. Почетната цена на едното возило е 170.500 денари, а на второто е 174.375 денари. Сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на јавното наддавање треба да пополнат пријава за учество која е достапна на веб-страната на НБРМ или да ја подигнат истата од архивата на НБРМ. Пријавите се доставуваат по пошта или во архива на НБРМ заклучно со 29.12.2017 година. За повеќе информации, кликни тука.

ПОВЕЌЕ ...

Доколку патувате во странство со автомобил, во следните држави ќе можете да возите со македонски возачки дозволи. Република Македонија има склучено билатерални договори за заемно признавање на националните возачки дозволи со Шпанија, Албанија, Италија и Словенија. Кога станува збор за другите земји, па дури и соседните, потребна е меѓународна возачка дозвола за патување со сопствено или туѓо возило. Меѓутоа, многумина препорачуваат да се поседува меѓународна возачка дозвола дури и во земјите со кои се има склучено договор. ПРОЧИТАЈ: Во овие 5 европски земји ќе може да се патува со лична карта! Меѓународната возачка дозвола се издава од правно лице овластено од…

ПОВЕЌЕ ...

Полицијата истражува како возел јавниот градски превоз во Кочани. Засега од СВР – Штип ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата за истрага поврзана со линискиуот превоз во Кочани. Но потврда за започната полициска истрага има од општина Кочани: Од страна на надлежен орган се врши контрола на овој предмет и засега се уште нема покренато кривично дело, се уште е во фаза на истрага, изјави Венцо Бојков, Одделение за правни работи на о. Кочани. Истрагата е иницирана од сомнежите дека автобусите во Кочани возеле по своја, а не по маршрута, утврдена од страна на Советот: Имам неколку информации, а…

ПОВЕЌЕ ...

Изгоре полуслеп старец заедно со својата куќа  во пехчевското село Умлена. Пожарот кој избувнал синоќа околу 21 часот ја пеплосал целата куќа, но бил фатален за 82-годишниот А.Г. кој живеел сам во неа. Неговото тело веќе јагленосано, едвај успеал да го извлече од пламените јазици, неговиот внук. Според дојавата ни беше кажано дека постои опасност за роширување и на друг објект. Побаравме помош и од Делчево. Пожарот беше во одмината фаза на објект на постара градба со доста дрвни материјали. Беше зафатен поголем дел од куќата. Околу 12 часот пожарот беше ставен под контрола, за несреќа загина Атанас, најверојатно прво…

ПОВЕЌЕ ...

(Фото: Reuters) Во шопинг-центарот во Нотингем е поставен првиот автомат со бесплатна храна и други продукти што им се неопходни на бездомните лица. Автоматот содржи основни продукти наменети за луѓето што живеат на улица, а се верува дека е првиот во светот. Пронаоѓачот се надева дека барем по еден ваков автомат наскоро ќе биде поставен во секој град во Велика Британија што има поголем број на бездомници. Од автоматот може да се набави свежо овошје, енергетски табли, чипс, чоколада, сендвичи, но и чорапи, крпи, антибактериски лосиони, четки и пасти за заби, како и книги. Поголемиот дел од свежата храна ја донираат…

ПОВЕЌЕ ...

Меѓународна планинарска акција на највисокиот врв на Осоговијата, Руен. Повеќе од 80 планинари од Македонија и соседна Србија, во организација на планинарскиот клуб Калин Камен, го искачија врвот. Руен е врв со висина од 2.252 метри и претставува точка на граничната линија меѓу Македонија и Бугарија. Оваа планинарска акција се организира секоја година традиционално, а на неа учествуваат планинари од повеќе земји. Она што е впечатливо во зимските искачувања на Руен е предизвикот да се искачи највисокиот врв во источна Македонија, но и прекрасните зимски пејсажи на искачувањата. Инаку, Руен е еден од најпосетените врвови во Македонија, а на ова…

ПОВЕЌЕ ...

Во сезоната на празници, слави и прослави, дури и да сме на одредена терапија, знаеме да си дадеме слободен ден за алкохол, посебно ако се работи за викенд. Но, доколку веќе решавате да не бидете послушни со побрзото оздравување, бидете добро информирани да не си направите уште поголема штета. Овие 6 комбинации на алкохол и апчиња се опасни и може да завршите со непријатни „изненадувања“. Затоа, внимателно! АНТИБИОТИЦИ + АЛКОХОЛ Во овој случај мамурлакот може да биде екстремно влошен и проследен со повраќање. ПАРАЦЕТАМОЛ + АЛКОХОЛ Ризикувате оваа комбинација буквално да го изгори црниот дроб. АПЧИЊА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРИТИСОКОТ…

ПОВЕЌЕ ...