Сопственикот на сендвичарницата „Кинг“ во Делчево од чии сендвичи се затруа шест лица, ќе одговара кривично. Полицијата го товари дека произвел и пуштил во промет штетни прехранбени продукти. Кривичната се темели на извештајот од санитарниот инспекциски надзор, кој во храната констатираше присуство на фекални бактерии: Испитаната мостра на храна и брисевите од сендвичарницата „Кинг“, неодговараа на микробиолошката исправност на храната поради происуство на енетропатогени бактерии од родот на естафилококи кои лачат стафилококни токсини и бактерии фекално потекло, д-р Магдалена Манасиева, директор на ЦЈЗ Кочани. Присуството на овие бактерии беше објаснето со несоодветната хигиена во објектот и несоодветниот начин на чување…
Author: Media Point
Кривична за поранешниот градоначалник на Кочани, поднесе денес Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кочани. Тој е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за склучен штетен договор за субвенционирање на градски превоз. Според пријавата, поранешниот кочански градоначалник од декември 2013 до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани,. Според договорот за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, тој му овозможил на превозникот да се…
25.XII.2017 kamenica.mk По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да се воздржат од каква било употреба на петарди и други пиротехнички средства, како и огнено оружје при прославувањето на празниците, не само заради предвидените законски санкции, туку и заради опасностите што по безбедноста, здравјето и животот на граѓаните ги носи употребата на овие средства. МВР ја информира јавноста дека препродавањето и употребата на пиротехничките средства, како и употребата на огненото оружје нема да биде толерирано и најстрого ќе биде казнето. Во тек се и превентивните и други активности во насока на информирање на…
Римокатоличката црква, протестантските и англикански цркви, како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Божик. Папата Франциско синоќа, на Бадник, го спореди патувањето на Марија и Јосиф во Витлеем со денешните миграции на милиони луѓе кои се принудени да ги напуштат своите родни држави заради подобар живот или само за да преживеат и изрази надеж дека никој нема да се чувствува „како за него да нема место на овој свет“. – Верата бара странците да бидат добредојдени, нагласи папата, служејќи петта миса на Бадник како врховен поглавар на 1,2 милијарди католици…
Дали сте се запрашале некогаш дали постои некој кој изгледа исто како вас? За љубопитните постои одлична страница „I Look Like You“. На неа можете да ги пронајдете своите двојници и да дознаете каде живеат. Потребно е само да ставите своја фотографија на страницата, а програмата ќе ви ја даде локацијата и корисничкото име на двојникот, како и процентот во кој вашиот изглед одговара. Што е најдобро од се`, својот изглед на истиот начин можете да го споредите и со своите најдраги познати личности. Целата идеја потекнува од програмите на безбедносните служби кои користат техника за препознавање на лица…
На Истокот му се случува демографска катастрофа. Една третина од работоспособното население е иселено од Регионот, а неофицијалната статистика зборува дека само од Виница, околу 5.000 луѓе од Виница си заминале засекогаш. Ова се податоци до кои дошла невладината „ИНИ“ од Виница, која започнува проект за системски пристап за решавање на проблемот со миграцијата. Кои се очекуваните цели на проектот : Афирмација на проблемот со иселувањето во јавноста, идентификација на проблемите и причините за иселување, идентификација на проблемите кои ги одвраќат иселениците да се вратат дома и дополнително стимулираат иселување, идентификување на главните предизвици за намалените инвестиции од страна на…
Утрово Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Секторите за внатрешни работи по претходно обезбедени наредби за претрес од Судија на претходна постапка од надлежните судови, заради пронаоѓање на предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје, како и имотни деликти, изврши претреси кај лица за кои постојат сомненија дека се занимаваат со улична препродажба на дрога. На 25 локации пронајдени се предмети кои потекнуваат и се наменети за вршење на кривични дела и лишени се од слобода 25 лица. Одземени се 49 паковки хероин, околу 1,8 кг марихуана, таблети екстази,една паковка амфетамин и една грутка хашиш. Пронајдени и одземени се и четири воздушни пушки, две…
Р. Бугарија воведува мали промени во користењето на таканаречените “винетки” Нашиот источен сосед воведе новини во начинот на користење на винетките без кои сите знаеме дека не можеме да патуваме во нашето најблиско соседство. Новините се во тоа што наместо како досегашната пракса винетките да важат до 31 јануари без разлика во кој месец од годината се купени отсега годишните винетки ќе се користат од датумот кога е купена до истиот период наредната година. Така на пример ако винетката е купена на 1 јануари или 4 мај 2018 година истата ќе важи до 1 јануари односно 4 мај следната година.…
22 Декември Јас ти бев некое учителско дете. Тоа тие мојата привилегија од социјализмот. На сите деца по три шамари на мене 6, на сите песничка на мене стихотворба. И повторно бев тежок пример за другите, да не кажам лош. Ајде да се вратам на темата. Секоја година на 22 Декември, од сите одделениа од сите возрасти по едно дете ќе одбереа и правец караулата на ЈНА во селото над моето мало место. Да им го честитаат денот на Граничарите, славните армиски единици за кои рецитиравме, војниците со титовка на главата и пушка за десно рамо кои на ликовно…
22.XII.2017 каменица.мк Иако на почетокот на мандатот ветуваа кооперативност и соработка со советниците од владеачкото мнозинство, советниците од ВМРО ДПМНЕ одлучија да ја напуштат вчерашната седница на Советот на општина Македонска Каменица. Тие со образложение за поддршка на притворените пратеници за инцидентот во македонскиот Паралмент од 27 април, ја напуштја најзначајната седница на Советот на Македонска Каменица, седница на која беше донесен Буџетот на општината за претстојната 2018 година. Оваа нивна одлука, помина без коментар и посебно внимание од страна на владејачкото мнозинство, па работата на Советот и гласањето за буџетот, советниците од СДСМ и коалицијата го продолжија без нив.…
