30 декември 2017 (каменица.мк) Леб, компири, ориз, пилешко месо зелка, пиперки, јаболки и лубеници се меѓу производите што годишно најмногу ги конзумираат граѓаните во Македонија. Статистиката покажува дека просечно еден граѓанин во Македонија јаде 70 килограми леб, 29,9 килограми компир, девет килограми пилешко месо, 7,3 килограми ориз, 13,1 килограми јаболки, 10,5 килограми лубеница, 11,5 килограми зелка, 19,7 килограми пиперки и 14 килограми домати. Македонците, покажува анкетата на статистика, јаделе 5,4 килограми макарони, и 182 јајца во годината. Од морската храна најмногу јадат ослиќ 4,3 килограми, свежа пастрмка 0,6, и свеж крап и црвеноперка по 0,2 килограми. Сардини во зејтин конзумират…
Author: Media Point
Течат последните денови за исплата на регресот за годишен одмор (К-15), а сите приватни компании кои тоа не го направиле имаат рок до 31-декември да привршат со исплатата. Законот предвидува парични и затворски казни за работодавачите кои нема да го исплатат или ќе ги побараат парите назад од своите вработени. Оваа година, минималниот износ за исплата на К-15 изнесуваше 9.175 денари (во месец декември) како 40 отсто од просечната нето плата по вработен исплатена во претходните три месеци. К-15 во просек се зголемувал од 22 до 32 денари месечно! Минатата година, во декември месец приватните фирми на основ К-15 или…
Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи – премиерот Заев и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на една од седниците на Владата (Фото: Влада на РМ) Премиерот Зоран Заев очекува Македонија в година да стане членка на НАТО и да ги почне преговорите за влез во ЕУ. „Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот. Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на претпристапни преговори со Европската Унија“, рече Заев во новогодишното обраќање до граѓаните Тој вели…
Извршителите повеќе ништо не им можат на оние кои живеат од социјална помош. Блокирање на нивните сметки –ќе нема. Ова е предвидено со меморандум на кој денес заеднички се обврзаа Комората на извршители и Министерството за труд и социјална политика: Во изминатите години не само што имавме блокирање, туку и за одблокирање на сметките граѓаните имаа обврска да плаќаат. Сега тоа го надминуваме и граѓаните се ослободени од трошоци, но ќе се надминат проблемите со кои што се соочуваат и извршителите, а и МТСП се ослободува од товарот со одредени пари кои од буџетот беа наменети за граѓаните, да бидат…
Годинава, новогодишни пакетчиња добија и најмалите категории на фудбалери при ФК Каменица САСА. Над 40 дечиња- фудбалери, од генрациите 2005/2011 присуствуваа на предновогодишната забава организирана за нив во Cliff of Moher Pub, каде низ меѓусебна игра и смеа им беа поделени и новогодишните пакетчиња. Настанот беше организиран и воден од страна на нивниот долгогодишен тренер и спортски работник Стојче Милошевски, а истиот беше помогнат од ЈТД “Јаков”, Cliff of Moher Pub и каменица.мк. Дечињата после вчерашното предновогодишно дружење заминаа на зимски распуст, а на терените се враќаат после 10 Јануари. Ние, каменица.мк како и сите љубители на спортот во градот…
Нов шведски енергетски концепт може секоја зграда да ја претвори во нето нула енергетска структура. Концептот е на компанијата Innenco од Малме и ја користи темралната маса на зградата за драстично да се намали потрошувачката на енергија за 85%. Со нивните активни елементи, системи, пумпи за греење, за ладење и соларни панели, Innenco може секоја зграда да ја претвори во зграда која не троши енергија. Innenco е кратенка за иновативен енергетски концепт и нивната визија е да креираат можности за изградба на структури кои нема да трошат енергија во целиот свет. Нивната технологија го менува начинот на којшто функционираат зградите…
Старец од Делчевско умре сакајќи само да се стопли. Обидот да обезбеди дрва за греење, за 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град, заврши кобно, откако запрежната кола, полна со штотуку набрани дрва, се превртела и го приклештила. Силината на падот и притисокот била преголема, па старецот починал на лица место како последица на повреди на главата, ’рбетот и градниот кош. Инаку, старецот живеел сам, па дека нешто не е во ред со него соседите разбрале, откако вечерта не се вратил да си ги прибере козите. Веднаш го алармирале семејството и организирале потрага по Маринков, но го нашле само неговото…
Вашингтон, 27 декември 2017 (каменица.мк) – Американски научници создадоа компјутерска симулација, при која Сонцето исчезнува на 24 часа, и којашто прикажува какви последици би имало тоа врз Земјата. Веднаш пo замрачувањето на Планетата, за осум минути небото ќе поцрни, а растенијата ќе престанат да произведуваат кислород. Температурата на воздухот првично ќе падне до 5 – 7 степени Целзиусови. Потоа, насекаде по светот ќе има пад и хаварии во електричните мрежи, а некаде и зголемување на нивото на водите и поплави. Тоа во многу места ќе предизвика целосен мрак, нагол студ, хаос и, секако – човечки жртви. Само за морската флора и фауна…
27 декември 2017 (каменица.мк) Македонските планинари и планински тркачи Александар Кирковски и Игор Јовановски, придружувани од Мики Тодоровски успешно реализираа последователно брзинско искачување на трите највисоки планини на Балканот во календарска зима. Балканската планинска трилогија почнува од врвот Митикас 2.918 метри надморска височина, на планината Олимп, во Грција, продолжувајќи со Вихрен 2.915 мнв на планината Пирин, во Бугарија и завршува со Мусала 2.915 мнв на планината Рила, во Бугарија. Подвигот македонските планинари го комплетирале за вкупно време од 30 часа и 55 минути вклучувајќи го и превозот меѓу планините во должина од 600 километри. Само за искачување на планините им…
Во текот на ноќта сонуваме околу пет сонови, третина од животот поминуваме спиејќи, соништата се најчесто негативни, а кога сонуваме дека паѓаме, тоа е последица на мала парализа. Еве уште некои неверојатни факти за соништата… И бебињата сонуваат Речиси 70 отсто од животот доенчињата го поминуваат спиејќи, а половината од тоа време сонуваат. Се верува дека сонуваат за секојдневни работи како што се хранење, мириси и чувство на задоволство. Се претпоставува дека првите ноќни кошмари се јавуваат околу втората година од животот. Секоја ноќ сонуваме по час и половина Третина од животот луѓето поминуваат спиејќи, а во текот на…
