Во нивното образложение се вели дека во автомат клубовите се поставуваат автомати кои се постари од 15 години и дека на приредувачите на игри на среќа никој не им гарантира за исправноста и функционалноста на увезените автомати. Согласно постојното законско решение, приредувачите на игри на среќа во автомат клуб, со добивање на една лиценца за автомат клуб имаат можност да отворат неограничен број на деловни простории. Ваквиот начин на отворање има позитивен ефект само за приредувачите, а негативен ефект врз државниот буџет. Исто така, државниот буџет трпи по основ на помалку остварени приходи од приредување на игри на среќа во…
Author: Media Point
Холивудскиот актер Силвестер Сталоне е хоспитализиран после висок крвен притисок, вртоглавица и забрзана работа на неговото срце. 71-Годишниот актер моментално се наоѓа во болница во Лос Анџелес. „Примен е поради анализа која докторите сакаат да ја направат. Не е поврзано со стрес. Докторите едноставно сакаат да се уверат дека тој е добро“, вели извор близок до актерот за американските медиуми. Инаку, крајот на 2017 година не беше ниту малку лесен за славниот актер. Имено, тој беше споменат во полициски извештај во ноември, во кој се тврди дека силувал една жена во 1990 година. Актерот веднаш ги демантираше овие тврдења. „Тоа…
Дека најголем дел од граѓаните на нашата земја тешко обезбедуваат гола егзистенција, потврдија и најновите податоци на Евростат. Според неговата статистика, веќе три години куповната моќ на македонските граѓани изнесува 40-41 процент од европскиот просек, а во полоша положба се само граѓаните на Албанија. Не цветаат рози ни во регионот, на пример, во Хрватска, која исто така се наоѓа на претпоследното место кога станува збор за членките на ЕУ, а зад неа е единствено Бугарија. Најголемо изненадување е Турција, која со својот раст на животниот стандард надмина четири членки на Унијата и речиси сите земји од Југоисточна Европа. Така, просечниот…
Луѓето направија неверојатен научен и технолошки напредок во текот на изминатиот век. Ние создадовме технологии кои го трансформираат нашето општество; научните достигнувања ни помогнаа да одговориме на фундаменталните прашања за тоа кои сме и каков е светот во кој живееме. Но, сепак, постојат мистерии кои сè уште не се решени. Зошто имаме потреба од спиење? Наодите во науката за спиење фрлија малку светло врз комплексноста на фазите на спиењето и активноста на мозокот, но во крајна линија, тие само нудат парчиња на постојано растечка, нецелосна загатка. Теоријата за заштеда на енергија е една од неколкуте што научниците ги користат за…
Четири дена одлежал во штипскиот затвор за украдена една количка дрва. Ова е казната која ја добил Рушид од Берово, кој соочен со немаштијата и седумте гладни усти од неговите деца, се решил на ваков начин да го стопли семејството. Една количка дрва борови и ме фати еден господин ми пиша казна од 4 илјади денари и ме пратија на суд. За една недела бев на суд и им велам немам од кај да платам и ме пратија да одлежам и бев таму чистевме ниви и ако треба децата пак да ги стоплам пак истото ќе го направам, кажа Рушид…
Управата за јавни приходи ќе врши контрола низ сите кафулиња и кафеани кои во текот на деновите со новогодишни прослави пријавиле мал промет. Од УЈП за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека констатирале нереални состојби на готовинскиот промет во угостителски објекти и во наредниот период ќе пратат инспекции во контрола. „Од извршениот мониторинг и анализи на податоците од ГПРС системот на Управата за јавни приходи, евидентирани се нереални состојби на готовинскиот промет кај одредени објекти, особено имајќи предвид дека во периодот на новогодишните празници е зголемена потрошувачката кај определени дејности. Оттука, Управата за јавни приходи кај сите овие објекти ќе изврши и контроли…
Новозеландски патници кои тргнале да ја прослават новата година на Хаваи имале луда ситуација да полетаат во 2018, а да слетаат во 2017 година. Летот 466 на „Хаваијан ерлајнс“ требало да тргне одОкленд, главниот град на Нов Зеланд, на 31 декември, во 23.55 часот по локално време, но дошло до непланирано одложување од десет минути. Поради тоа, авионот полетал за Хонолулу во новата година, пет минути по полноќ на 1 јануари. Бидејќи Хаваи се наоѓаат на другата страна од меѓународната линија на датуми, Хонолулу е временски 23 часа зад Окленд, па по осумчасовен лет, авионот пристигнал на својата дестинација кога…
Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на тринеделен зимски распуст. Околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, од денеска се на зимски распуст. На настава во второ полугодие ќе се вратат на 22 јануари. Последниот работен ден им беше на 29 декември, а пред официјалниот почеток на вториот дел од учебната 2017/2018 година, ќе имаат продолжен викенд бидејќи 19 јануари (петок) е неработен ден.
02. Јануари 2018 каменица.мк Утрово и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен југозападен ветер, а кон крајот на денот ќе се промени во северен. Утринските температури ќе се движат од нула до шест степени, додека дневните ќе се искачат од 4 до 13 степени. Во нашиот град времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 1 степен, додека дневната до 10. Нов влажен и постуден бран се очекува од четврток кога ќе има и локални врнежи од…
2 јануари 2018 (каменица.мк) – Од денеска повторно може да се поднесуваат барања за легализација на дивоградби, откако стапија во сила последните измени на Законот за третман на бесправно изградени објекти, усвоени од Собранието на 22-ри минатиот месец. Дополнителниот рок за поднесување барање за легализација е до крај на годинава, а со законските измени се овозможи дополнителен рок и за комплетирање на документацијата, што ќе може да се направи до крајот на јуни годинава. Услов за легализација на објектот е тој да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година, како што се предвидуваше и со првото законско решение за оваа…
