Author: Media Point

2 јануари 2018 (каменица.мк) Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 декември. Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше.…

ПОВЕЌЕ ...

Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа во новогодишната ноќ настапија во Будва, каде дојде до скандал меѓу нив. Имено, наводно на крајот на новогодишниот концерт дојде до физичка пресметка меѓу нив двајца во бекстејџот. Наводно прво дошло до вербален судир, а потоа и до кошкање што на крајот кулминирало со физичка пресметка меѓу двајцата пејачи. Сведоците наведуваат дека до судир дошло по завршувањето на концертот, кога пејачите се симнувале од бина при што подебелиот крај го извелекол Тифа. Тоа дополнително ги подгреа приказните во групата Бијело дугме состојбата воопшто не е идеална, како што се чини. -Кога и да имав…

ПОВЕЌЕ ...

Во жител на село Будинарци кај Берово, С.К. е пукано кога ловџија го помешал со плен. Додека вчера околу пладне собирал шумски плодови во местото Лешова ливада, одеднаш во пределот на двете нозе почувствувал остра болка, по што се струполил на земја. Дури подоцна дознал дека на него од ловечка пушка пукач И.П. (38) од истото село, кој за својот сосед помислил дека е дивеч. Полицијата соопштила дека И.П. на оддалеченост од околу 60 метри видел дека се мрдаат гранки на смрека и слушнал дека нешто таму шушка. Верувајќи дека се работи за дивеч, ја кренал пушката во тој правец…

ПОВЕЌЕ ...

Пред неколку минути силен земјотрес од 3.9 степени по Рихтер гонстресе Дојран. Епицентарот е на Грчка територија но само 15км од Дојран. Веќе најавивме дека тлото на кое се наоѓа македонија интензивно се тресе. погледнете ги последните земјотреси во регионов( само посилните):

ПОВЕЌЕ ...

01. Јануари 2018 kamenica.mk Од денеска раѓање на новороденче на територијата на Скопје ќе се пријавува само во скопското подрачно одделение на Управата за водење матични книги (поранешна Комерцијална банка). Изводот од матична евиденција ќе се издава во рок од пет дена и ќе може да се подигне во месните општински канцеларии во целата држава. Новината е дел од реформата во матичната евиденција наманета за застапниците на традиционалниот начин на пријавување. И натаму продолжува проектот „Добредојде бебе“ со кој родителите имаат опција да го пријават раѓањето уште во болницата и таму да го добијат изводот. На едно место ќе се…

ПОВЕЌЕ ...

01. Јануари 2018 kamenica.mk На денешен ден 01. Јануари 2012 година, умрел Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна Република Македонија. Бил претседател во два мандата од 1991 до 1999 година. По пензионирањето Киро Глигоров бил активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога…

ПОВЕЌЕ ...

Сведоци сме на големото распространување на објектите за игри на среќа, при што во последно време тие може да се забележат на секое ќоше во земјава, почнувајќи од обложувалниците, па сè до казината. Овие објекти, освен што го осиромашуваат народот, особено се опасни за малолетните деца бидејќи создаваат зависност. Во приницип, игрите на среќа се дозволени во Македонија, и како такви уредени се со посебен закон. Според член 17 од тој закон, лиценцата за организација на таквите игри ја издава Владата.  Од 2009 до 2015 година во Македонија од страна на Министерство за финансии се лиценцирани шест казина со 16 подружници и…

ПОВЕЌЕ ...

Новогодишните и божикните празници се период што сакаме да го поминеме со семејството, најблиските и саканите, а најдобар пример за тоа се легендарните празнични филмови. Без разлика дали барате или сте нашле љубов, сакате да ги гледате овие филмови во празничниот период бидејќи едноставно, ви прават да ви е убаво на душата. Ако оваа новогодишна ноќ останувате во домашна атмосфера, пуштете си барем еден од овие филмови и уживајте. https://www.youtube.com/watch?v=5LpMrzjylpk

ПОВЕЌЕ ...

Законот со кои се предвидени условите за упатување на привремена работа во странство овозможува било која фирма во земјите кои не се членки на ЕУ да распише оглас и да упати работници на работа во странство без разлика на тоа што  ја нема потребната дозвола да врши дејност – вработување на работници, пренесува порталот Inoposlovi.online. На пример, тоа го прави фабриката на IKEA во Словачка која што вработи 22 работници од соседна Србија преку фирмата MAXIKONG која е регистрирана како производител на моторни возила во Србија. Порталот Inoposlovi информира дека во Србија може секојдневно да се пронајдат вакви огласи за…

ПОВЕЌЕ ...