Author: Media Point
Јавното птетпријатие Камена Река во Македонска Каменица воведува повисоки стандарди за хигиена и заштита на здравјето на граѓаните, со редовното дезинфицирање и перење на контејнерите за отпад. Акцијата е дел од сеопфатен план за подобрување на чистотата во градот и за заштита на здравјето на граѓаните од општина Македонска Каменица. Со современа опрема и еколошки прифатливи средства, тимовите на претпријатието секојдневно се ангажираат за темелно чистење на контејнерите. Овој процес вклучува дезинфекција и отстранување на непријатните мириси, што придонесува за поздрава и почиста околина. – Целта ни е да обезбедиме повисоки стандарди на хигиена и да ја зголемиме свеста кај…
ЖФК Каменица Саса ја најави Елена Петровска како репрезентативка која успешно настапува на повеќе позиции од средниот ред Со нејзиното богато фудбалско искуство, борбеност и желба за победа таа е одлично засилување за нашиот тим, – велат од ЖФК Каменица САСА Елена Петровска има настапувано за Истатов, Скопје 2014 и Љуботен. – Со ангажманот на Петровска добиваме стабилен среден ред и сигурност дека сме поблиску до целите на нашиот клуб кои ќе ги постигнеме заедно, – додаваат од ЖФК Каменица САСА на крајот од соопштението за јавност, објавено денеска од официјалниот клубски налог на социјалните мрежи
Македонска Каменица – По повод големиот христијански празник Св. пророк Илија – Илинден во истоимениот храм во Македонска Каменица (стара градска црква), со почеток 08:00 часот ќе биде отслужена Света литургија. – По завршувањето на Светата литургија во дворот на црквата Св. пророк Илија, ќе следи панихида и прекршување на славски колач, со ручек за присутните верници во 11:00 часот, – пишуваат од Свештенството По молитвите на Св. пророк Илија нека им е вечен споменот на сите коишто се бореа за нашата национална и духовна слобода! Бог да ги благослови и да ги сочува до крајот на вековите, нашата татковина…
На 31.07.2024 во 09.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Кочани-Три чешми, на клучката за село Спанчево, патничко возило „фиат стило“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.К. (21) од Велес, излетало од коловозот. Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани
Апокалиптични снимки од дрон ни пристигнуваат од Пехчево и Свети Николе каде пожарот ги опустоши селата. Како што може да се види од видеото, многу куќи се зафатени од пожарот, но за среќа нема жртви. Поради алармантната состојба во околината на Пехчево, од синоќа е отворен пункт за донирање вода и храна за пожарникарите кои учествуваат во гаснењето на пожарот. Пунктот се наоѓа во Домот на културата во Пехчево, а апелот на надлежните е сите кои што се во можност можат да донираат, се со цел да им се пружи поддршка на учесниците во неговото гаснење.
Сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. UV=9 Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Во петок и во деновите од викендот во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и град. За време на викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер…
Ајдин Османовиќ, момчето од Босна и Херцеговина кое со својот моќен глас го освои Балканот, како и симпатиите на македонските граѓани, пеејќи македонски песни, го честита претстојниот национален празник Илинден, со нумерата „Заветна“. Медиумската информативна агенција (МИА) на 21 мај лани пред доаѓањето на младиот Ајдин во Крива Паланка направи интервју со неговиот професор Брашњиќ кој тогаш изјави дека македонските традиционални народни песни имаат посебна, суптилна, голема фраза која остава доволно простор за вокална интерпретација. – Бидете горди на богатството на македонската традиција која има непроценливо културно и цивилизациско значење не само за Македонија, туку и за целото човештво, истакна…
Во пожарот изгоре борова шума, а точната површина на опожарените парцели од Општината и надлежните органи дополнително ќе се утврдува. Локализиран големиот пожар кој вчера избувна над пехчевското село Негрево. Гасењето на пожарот траеше речиси два дена, откако синоќа се закануваше да го зафати градот Пехчево, заради што градот денеска цел ден беше мобилизиран. Најкритично беше кај месноста Равно Борје, а во гаснењето целосно беа вклучени поголем број на луѓе, за што од Општината изразија огромна благодарност до сите нив. -Благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Пехчево“, ТППЕ Берово, вработени во ПШС „Равна Река“ Пехчево, Шумска полиција – Пехчево, вработени во…
Поради високиот ризик за појава на пожари, Општина Кочани, Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани упатуваат повик до сите граѓани за внимателно, совесно и одговорно однесување при употреба на запаливи средства. Во пресрет на продолжениот викенд, како и на верските празници Света Петка и Свети Пантелејмон, кога се очекува зголемена фреквенција на луѓе низ планински населени места во Кочанско, надлежните потсетуваат дека е на сила забраната за движење во шума и забраната за палење оган на отворен простор. Секое движење во шума е со дозвола издадена од шумските стопанства – секое недозволено движење е казниво. Службите за…
Кризниот штаб во општина Пехчево упати соопштение до јавноста во кое ги известуваат граѓаните, дека во моментов, во пунктот за донации во Домот на култура – Пехчево има доволни количини на вода и храна. Упатуваат молба да не се носат нови количини, бидејќи како што велат, непотребно се создаваат резерви подложни на расипливост. За повторно донирање, јавноста ќе биде известена на навреме!
