Македонска Каменица, 02. Октомври 2024 година – Друштвото за производство трговија и услуги ВОД – ВАР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје, со најниската понудена цена од 4.603.176,90 денари е избран за најповолен понудувач за изградба на фекална канализација за дел од с. Моштица и за дел од Македонска Каменица – Крак 3, – изјави градоначалникот Димчо Атанасовски за реализацијата на оваа важна инфраструктурна инвестиција во Македонска Каменица
Со оваа одлука, како што додава Атанасовски, општината остварува заштеда на финансиски средства од 583.264,00 денари. Средства кои ќе бидат насочени кон други важни проекти за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Изградбата на фекалната канализација е од клучно значење за заштита на животната средина и зголемување на хигиената во овие приградски и рурални населени места. Оваа инвестиција ја приближува Општина Македонска Каменица кон повисоки европски стандарди за живеење, – додава во изјавата градоначалникот Атанасовски
Продолжуваме посветено да работиме на континуирано подобрување на условите за живеење на сите наши граѓани. Заедно градиме подобра иднина за Македонска Каменица, – се вели на крајот од текстот на соопштението за јавност објавено денеска.


