Учениците добитници на меѓународни награди и признанија во текот на 2024 година и нивните ментори, вчера беа примени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Учениците, кои свечено беа примени од претседателката Гордана Сиљанова Давкова се дел од Македонското географско друштво, Сојузот на математичарите на Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Здружението на информатичарите на Македонија, Друштвотото на физичари на Македонија, Македонското биолошко друштво, како и ученици, таленти кои индивидуално учествувале на меѓународни натпревари и постигнале успех. Заедно со останатите ученици од олимпискиот тим на Македонија, присутна на приемот беше и нашата сограѓанка Михаела Павловска, која од Меѓународната олимпијада по…
Author: Media Point
Македонска Каменица, 17. Септември 2024 година – Во рамки на 4. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Љуботен славеше со 2:0 над нашата екипа ЖФК Каменица САСА. – Ова е наш прв првенствен пораз после 2 години. Одигравме изедначен натпревар, каде нашите девојки беа одлични, но среќата не беше на наша страна. Честитки за победата на домашната екипа, разбирлива е нивната бурна радост. Сепак ова е нивна прва првенствена победа во историјата на Љуботен против нашата екипа, – истакнува Зоран Златковски тренер на екипата на ЖФК Каменица САСА Најважно е што сме на прав пат…
НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Во кичевско Подвис е отворено првото училиште на македонски јазик Во 1943 г. сѐ уште траела војната, но Копачијата била една од првите што биле блиску до ослободување. Важно е да се спомене дека тоа е во 1943, значи речиси една година пред одржувањето на АСНОМ во август 1944. На 17 септември 1943 година во селото Подвис, Кичевско, почнало да работи првото училиште на македонски јазик. При влегувањето на учителот во училницата во училиштето во Подвис, учителот поздравувал „смрт на фашизмот“, а учениците отпоздравувале со „слобода на народот“. Во 1943 година сѐ уште траела војната, но Копачијата…
Македонска Каменица, 17. Септември 2024 година – Во насока на заштита на населението и имотите на граѓаните, од потенцијалните штетни последици предизвикани со најавените обилни врнежи, Општина Македонска Каменица преку активностите на Јавното претпријатие Камена Река, презема редица на интензивни мерки за превенција. – Темелното чистење на сите отворени канали за собирање на атмосферски води е една од клучните мерки за спречување на поплави. Нивната функционалност овозможува непречено одводување на поголеми количини на вода и спречува создавање на поголеми атмосферски талози при поројни дождови, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски кој упати апел до сите граѓани на Македонска Каменица да бидат…
Диви свињи прават пустош во атарот на село Нов Истевник. Меѓу најзагрозените се земјоделските култури во истевнички Пасјак, каде на повеќе места е забележлива штета како на пченката, така и на компирот и на насадите со лешник. Во изминатиот период, како што тврдат мештани, имуни на нападите не останаа ни житариците во овој крај. -Појавата константно се случува во изминатите 5-6 години најверојатно поради сушата, поради што дивечот се спушта во пониските предели барајќи храна. Поради ова сме принудени понекогаш да дежураме покрај своите ниви. Бараме помош од ловечките друштва и други надлежни органи, за да се намалат штетите од…
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон. По кратко време, од џебот извадил…
Централна Европа се подготвува за можните најголеми поплави во последните децении откако е најавено дека во регионот за време на викендот ќе помине циклонот Борис. Според чешките и полските метеоролози, во некои области на нивните земји може да наврнат и до 400 литри дожд на метар квадратен во следните четири дена, а во Австрија и Словачка околу 200 литри. Сите културни манифестации закажани за викендов се откажани во сите четири земји поради најавеното поминување на циклонот „Борис“. Одводите исчистени, браните испразнети и се што може да помогне во справување со штетите од многу дожд е направено. Во Полска е најавено…
Македонска Каменица, 13. Септември 2024 година – Делчевско – каменичката епархија упати Апел до православните верници од епархијата. Апелот Ви го пренесуваме во целост: Возљубени, православни верници во Делчевско-каменичката Епископија, чувствуваме за потреба да го упатиме овој апел до вас, а во врска со празнувањата на нашите празници. Имено, сведоци сме дека пред поголемите Господови, Богородични и Светителски празници, се повикуваат верниците на, така наречени, „ручеци за здравје” кои, патем, се делат на места каде некои луѓе, со изговор дека им се сонило и ги повикал светецот значи самоиницијативно, на имот што не припаѓа на Црквата и без благослов на…
Општина Македонска Каменица започна постапка за јавна набавка со која ќе изградиме главен колектор од село Моштица до Македонска Каменица и фекална канализација во село Моштица – Крак 3 – Проектот има проценета вредност од 6.120.000,00 денари, со предвиден рок на изградба од 180 денови. Наша цел, во согласност со Законот за јавни набавки е да обезбедиме највисок квалитет на услугата и најповолен понудувач со најниска цена, – вели градоначалникот Димчо Атанасовски Како што стои во продолжението од текстот, станува збор за проект со клучно значење за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и зголемување на грижата…
Македонска Каменица, 13. Септември 2024 година – Градоначалникот Димчо Атанасовски во објава на социјалните мрежи ја најави изградбата на нов пешачки мост на Каменичка Река во централното градско подрачје на Македонска Каменица. Како што Атанасовски вели во објавата, ова е долгоочекуван проект кој претставува значителен чекор во подобрувањето на инфраструктурата, мобилноста и квалитетот на живот на сите граѓани и посетители на Македонска Каменица. – Новиот пешачки мост на Каменичка Река ќе овозможи безбедна и лесна поврзаност на двете страни од градскиот кеј на Каменичка Река, олеснет пристап на граѓаните до новоизградениот спортски комплекс и на жителите од Долно маало до…
