Македонска Каменица, 04. Октомври 2024 година – Општина Македонска Каменица изготви техничката документација за изградба на велосипедска патека на сртот од Осоговските планини со типски планински објекти и промотивни електрични планински велосипеди

Од општината известуваат дека целосно е завршена постапката за изработка на техничка документација за обележување и трасирање на велосипедската патека по сртот на нашите прекрасни Осоговски планини. Станува збор за проектот “Од подобро искористување на природното и историското наследство до зголемена туристичка атрактивност на прекуграничната област”.
– Со рехабилитација, уредување и обележување на планинска велосипедска патека во должина од 26.102 метри, ќе ја подобриме туристичката понуда на Македонска Каменица и ќе создадеме атрактивна дестинација за сите љубители на природата и активниот одмор, – вели градоначалникот Атанасовски
Проектот “Од подобро искористување на природното богатство и историското наследство до зголемена туристичка атрактивнист на прекуграничната област” опфаќа, рехабилитација и обележување на велосипедската патека со информативни табли и патокази во должина од 26.102 метри, изградба на три заштитни куќарки за велосипедисти, набавка на пет електрични планинарски велосипеда за промотивни цели и разработка на дигитална платформа за промоција на проектот.

Со развивањето на рекреативниот и спортскиот туризам, велосипедистите ќе имаат можност да уживаат во прекрасните природни пејзажи, а со тоа ќе се зголеми и бројот на посетители во нашата општина.
Проектот ќе придонесе за заштита на природните ресурси, животната средина и промоција на одржливиот туризам, – стои во соопштението, а градоначалникот Атанасовски истакнува дека “Велосипедската патека ќе овозможи поврзување на најоддалечени рурални локални заедници, со што ќе овозможиме подобар пристап до природните богатства и културното наследство на Македонска Каменица. Ве уверувам, дека со оваа инвестиција ќе придонесеме за бројни позитивни ефекти за забрзан економски развој и поквалитетот на живот во нашата заедница и со реализацијата на овој проект Македонска Каменица ќе биде стане поатрактивна дестинација за туризам и рекреација”.


