Author: Media Point

Македонска Каменица, 26. Јуни 2024 година – Општина Македонска Каменица започна до изградба на пречистителна станица во село Цера со што се решава повеќедецениски проблем на жителите од Стара Каменица и село Дулица со снабдувањето со чиста и здрава вода за пиење. – Денеска, започнавме со изградба на пречистителна станица за вода за пиење во село Цера, која во иднина ќе ги опслужува жителите на Стара Каменица и село Дулица со чиста и здрава вода за пиење, – истакна градоначалникот Димчо Атанасовски Овој капитален проект е во рамки на програмските активности на општина Македонска Каменица, кое опфаќа изградба на пречистителни…

ПОВЕЌЕ ...

ГРАДСКИОТ БАЗЕН ГИ ОТВОРА ВРАТИТЕ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ Македонска Каменица, 26. Јуни 2024 година – Јавното претпријатие Камена Река го најави почетокот со работа на Градскиот базен во Македонска Каменица. Вратите на градкиот базен за посетителите ќе бидат отворени утре, 27. Јуни четврток, во 12 часот. Во останатите денови од летната сезона, базенот ќе работи секој ден, во периодот од 10:00 до 18:00 часот. Почнувајќи од утре, како што изјави директорот на ЈП Камена Река, Влатко Димитровски граѓаните на Македонска Каменица и регионот ќе имаат можност да го посетуваат Градскиот базен во Македонска Каменица како место за пливање, рекреација…

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 25. Јуни 2024 година – Репрезентативката Лекоска е нов чувар на мрежата на нашата екипа ЖФК Каменица САСА – Станува збор за репрезентативен голман и за еден од најдобрите голмани на балканот. Радосни сме што од денес Лекоска е чувар на нашата мрежа, – вели Зоран Златковски, стратег и тренер на шампионската екипа ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица Претходно, Лекоска има настапувано за Истатов, Скопје и Љуботен, каде ја носеше капитенската лента. – Со ангажманот на Лекоска добиваме екстра засилување, што дава сигурност дека целите на нашиот клуб ќе ги постигнеме заедно, – додава Златковски Екипата на…

ПОВЕЌЕ ...

Денеска, 24 јуни на празникот посветен на св. ап. Вартоломеј и Варнава, Епископот и свештенството од Делчевско-каменичката Епархија одржаа редовно свештеничко собрание. После молитвата, збор зеде Неговото Преосвештенство епископот г. Марко, кој татковски како духовен отец, се обрати на свештениците и при тоа им даде духовни совети, како постојано да покажуваат братска љубов во меѓусебните односи. Разговара за најразлични тековни активности и проблеми. Исто така, усогласија и правило за тоа како понатамошно ќе се извршува чинот на сите црковните треби. На крајот, Епископот им посака успешна мисија и искажа задоволство за досегашното разбирање и соработка од страна на свештениците.

ПОВЕЌЕ ...

Македонска Каменица, 24. Јуни 2024 година – Прочистувањето на отворените одводни канали пред најавата за поројни дождови е од витално значење за спречување на поплави и други штети по имотите на граѓаните. – Со вклучена крупна механизација денеска бевме вклучени во отстранување на насобраниот отпад, листопад, кал и други пречки кои можат да го блокираат протокот на водата во Грчки дол кај Долно маало во Македонска Каменица, – истакнаа од ЈП Камена Река додавајќи дека ќе продолжат со преземање на мерки за навремено чистење на отворените канали и суводолици во останатите приградски и рурални средини од нашата општина. Редовното одржување…

ПОВЕЌЕ ...

Денес, на вториот ден од празникот Педесетница кога се празнуваат и Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички г. Марко богослужеше во храмот „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица. Епископот по читањето на Светото Евангелие одржа пригодна беседа во која накратко го појасни празникот Педесетница. Особено истакна ,, Дека Бог нас не создал за да не обожи и затоа постојано, на секоја света Литургија му благодариме за се што ни дал не по наша заслуга. Секако Светиот Дух е присутен на секоја Света Литургија и со Негово содејство се осветуваат даровите, претворајќи се во вистинско Тело и…

ПОВЕЌЕ ...

На 22.06.2024 во 23.42 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на улица ,,Ленинова“ во Виница настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со беровски регистарски ознаки во движење, управувано од Д.Г.(19) од с,Будинарци, беровско. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Виница. На местото бил извршен увид.

ПОВЕЌЕ ...

Нови повисоки цени на горивата Од полноќ поскапуваат горивата од 1,5 до 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Цената на Еуросупер БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар и тој ќе се продава по цена од 82,5 денари за литар. За два денари поскапуваат и Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство, а за 2,5 денари дизелот. Согласно одлуката на РКЕ, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 85 денари за литар, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство 75 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76,50 денари за литар. Се…

ПОВЕЌЕ ...

Земјоделските производители од кочанското село Грдовци попладнево организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода. Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе. -Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, штетата ќе биде ненадоместлива. Оризот е специфична земјоделска култура која не се наводнува, туку за време на вегетацијата треба да биде целосно под вода. Токму во перидот кога најмногу му е потребна водата, растението е оставено…

ПОВЕЌЕ ...

Оризовите ниви во Кочанско поле половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат Земјоделските производители од кочанското село Грдовци попладнево организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода. Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе. -Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, штетата ќе биде ненадоместлива. Оризот е специфична земјоделска култура која не се наводнува, туку за време на вегетацијата треба да биде целосно под вода.…

ПОВЕЌЕ ...