Author: Media Point
Репрезентативка на соседна Бугарија која веќе настапуваше во тимот на ЖФК Каменица САСА и беше дел од екипата која го освои купот на Македонија. Во дресот на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица, таа настапуваше и во Лига шампиони против Јувентус и Бешикташ! – Со ангажманот на искусната и брзонога Шопска, добиваме одличен играч од кој очекуваме многу голови и асистенции од крилните позиции. Антонина Шопска доаѓа од ЖФК Спортика, Бугарија, – изјави Зоран Златковски од ЖФК Каменица САСА
Изнесувањето на Чесниот Крст Овој празник е востановен договорно од Грците и Русите за време на грчкиот цар Мануил и рускиот кнез Андреј во спомен на истовремената победа, и тоа: на Русите над Бугарите, а на Грците над Сарацените. Во обете војни во војските беа носени крстови од кои заблескаа небесни лачи. Затоа беше востановено на 1 август да се изнесува Крстот од Света Софија, најпрво на средината на црквата, а потоа и на улиците, заради поклонение на народот и заради споменот на чудотворната помош на крстот во претходните војни. Ова не беше некој обичен крст туку вистинскиот Чесен Крст,…
Резултатите од истражувањето објавени во стручниот магазин „Микропластикс“ (Microplastics) покажаа дека пиењето вода од пластични шишиња го зголемува крвниот притисок како резултат на влегувањето на микропластиката во крвотокот. Истражувањето што го спроведоа научниците од Австрија, открива дека крвниот притисок значително се намалил кога учесниците престанале да консумираат течност од пластични шишиња и пиеле само вода од чешма во период од две недели. Крвниот притисок на учесниците за време на истражувањето постојано им бил мерен. По две недели, забележанo е значителенo намалување на диастолниот (долниот) крвен притисок. – Врз основа на резултатите, кои укажуваат на намалување на притисокот во комбинација со намалувањето на потрошувачката на пластиката, претпоставуваме дека пластичните честички присутни…
Се продава парцела од 2959 m² во Ѓачко маало, село Тодоровци. Парцелата има чист имотен чист и пристап до асфалтен пат. До парцелата има обезбедено вода и трофазна струја. Објектот, како што се гледа и на фотографиите, е во градба. Има површина од 64 м² и помошен објект од 35м². Цена по договор. Повеќе информации на контакт телефоните: 072227363; 071941979
КИЦ “Романса” најави дел од музичките имиња кои ќе бидат дел од Каменичко културно лето 2024 – Како и секоја година така и оваа година Каменичко културно лето 2024, ќе се одржи од 26 до 28 август, на градскиот плоштад во Македонска Каменица, каде е предвидена богата културно-уметничка и забавна програма. Истата е во организација на КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица, – велат од КИЦ Романса Македонска Каменица Наскоро, како што додаваат од Културно информативниот центар, ќе започне претставувањето на сите изведувачи кои ќе настапат на Каменичко културно лето 2024 година!
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 4.48 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.4. Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Линк до видеото од изгореното возило на пехчевските доброволци: https://www.facebook.com/share/v/HPETwir8kC14UQSq/?mibextid=p7WL9T Околу Пехчево повторни гори. Пламени јазици високи и до педесет метри се шират мошне брзо во планинскиот предел Буковик, на само три килемотри од градот. Изгорено е возило на пехчевските доброволци, неколку лица се на кислородна подршка, информираат граѓани вклучени во гаснењето. Огнот е забележан во попладневните часови, по што пехчевци бргу се организирале. Стотина лица во моментов се вклучени во гаснењето. Пристигнал и еден хеликоптер кој се вклучил воборба со огнената стихија. Лицата што ги контактиравме велат дека овој пожар е многу посилен од претходниот. Повикуваат на смиреност и самоиницијативно…
Македонска Каменица, 11. Август 2024 година – Денеска, во присуство на бројни наши иселеници и граѓани од Македонска Каменица и поширокиот регион, на туристичко манастирскиот комплекс “Еленец” во село Цера, се одржа IX иселеничка средба Ден на дијаспора 2024. Настанот свечено беше отворен со обраќање на градоначалникот на општината Димчо Атанасовски и Дарко Атанасовски, претставник на Македонското иселеничко друштво “Заедно – Insieme” кое успешно работи во Пиемонте, Италија. Пред присутната публика на туристичко манастирскиот комплекс Еленец во село Цера, како дел од културно уметничката програма настапија помладите фолклорни групи при Културно уметничкото друштво “Вера Јоциќ” од Македонска Каменица. Придружувани од…
Македонците се на второто место во Европа по насобран гнев или лутина покажува овогодинешниот Глобален извештај за емоции на „Галуп“ На листата, првото место го зазеде Турција, каде што 34 отсто од жителите секојдневно изразуваат одредена доза гнев. Македонците се втори, со 26 отсто од испитаниците кои изјавиле дека се чувствуваат лути во текот на денот. По нив следуваат Албанците и Црногорците (24 насто), а потоа и Шпанците (23 насто). Од нашето опкружување, Бугарија, Србија и Косово се некаде при дното на листата, бидејќи меѓу 11 и 13 отсто од граѓаните од овие три земји изјавиле дека чувствуваат гнев во…
Родум од Никомидија, од мајка христијанка и татко незнабожец. Мајка му се викаше Евула, а татко му Евсторгиј. Како момче ја изучи лекарската наука. Свештеникот Ермолај го повика кај себе, го научи на верата во Христа и го крсти. Пантелејмон чудотворно излечи еден слеп когошто другите лекари залудно го лечеле: го излечи со името на Христос и го крсти. Од завист лекарите го обвинија дека е христијанин, па Пантелејмон излезе на суд пред царот Максимијан. „Со телото застана пред земниот цар, а со умот стоеше пред Царот небесен“. Тој слободно изјави дека е христијанин и пред очите на царот излечи…
