Ловното друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” ги известува членовите дека согласно член 38 точка(4,5,7) и член 63 точка (1) од Законот за лов, Ловечката федерација на Македонија започна со издавање на ловечки легитимации. На тој начин се утврдува статусот ловец на домашно физичко лице кое има положено ловечки испит.
Согласно со членот 64 од законот за лов Ловното друштво “М.КАМЕНИЦА-САСА” е должно да постапува според Законот за лов и да ги почитува одлуките на Ловечката федерација на Македонија.
– Ги известуваме сите наши членови дека се должни да поседуваат ловечка легитимација од Ловечката федерација на Македонија. Апелираме и ги повикуваме да поднесат барање до федерацијата за добивање на ловечка легитимација, – велат во известувањето од Ловното друштво “М.Каменица – САСА” при што истакнуваат дека целокупната документација треба да се достави во просториите на Ловното друштво “М.Каменица САСА” во Македонска Каменица.
Потребните документи во прилог на фотографијата:

