Author: G B R
Во Македонија само 13,7 отсто од децата се родени во вонбрачни заедници, за разлика од Западна и Северна Европа каде што повеќе од половината од живородените деца се од родители кои не биле во брак, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат. Во Европа, помалку деца родени во вонбрачни заедници од Северна Македонија, има во Турција (2,8%) и во Белорусија (13,0%). Од земјите во регионот, во Грција 16,5 проценти од живородените деца се од родители кои не биле во брак, во Хрватска 23,6, во Србија 30, во Словенија, 57,7, а во Бугарија 59,9 отсто. Речиси во…
Куче, чиј сопственик имал мозочен удар, два дена стоело пред болницата во Прилеп. На социјалните мрежи беше објавен статус во кој се наведува дека кучето трчало по возилото на Брза помош кое пред два дена во болница го донело неговиот газда кој имал мозочен удар. На социјалните мрежи се ширеше апел за да му се помогне на кучето со вода и храна, по што пристигна информација дека животното е на безбедно.
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје, слично време со умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени. За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална…
Репрезентативката на Македонија (М12) Дариа Захариева од Кочани е нов член на шампионскиот тим на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Како брз и темпераментен играч, Дариа Захариева заедно со одличните Стефани Јанева, Матеја Антовска и останатите одлични кошаркарки од Македонска Каменица, ќе биде големо засилување за екипата на Баскет Кам до 12 години, со надеж дека годинава ќе донесат нов пехар во клубските витрини. Дариа Захариева е поранешен играч на КК Баскет Дино од Кочани, а заедно со Стефани и Матеја, беше дел и од репрезентативниот камп во Маврово. Честитки Дариа! Добредојде во градот на шампионите!
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.В.(53) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Пријавената, на 17.06.2023 пронашла изгубена платежна картичка на жена од Кочани и, во периодот од 18 до 21.06.2023, во 40 наврати во повеќе продажни места во Кочани и Свети Николе, извршила трансакции и предизвикала штета во вкупен износ од 33.780 денари.
Општина Македонска Каменица во рамки на подготвителните работи за изградба на новите пристапни улици во Индустриската зона, врши поставување на нови водоводни линии за потребите на капацитетите и нивно нормално функционирање во иднина. – И покрај интензивните градежни активности од пробивање и тампонирање на патен пристап кај индустриската зона кај м.в Каменички Рид се поставува водоводна линија за техничка вода на двата крака, едната во должина од 93, а другата во должина од 124 метри за нормално одвивање на работниот процес во иднина, – велат во соопштението за јавност од Општината Вредноста на изградбата на водоводните линии изнесува…
Бразилката Танде де Соуза Фрагосо дојде во ЖФК Каменица САСА. Од клубот очекуваат ефективен напад со бројни погодоци – Нашата нова фудбалерка Туане де Соуза Фрагосо во наредните две години ќе допринесе со креативност, ефективност и многу голови, – напишаа од ЖФК Каменица САСА за пристигнувањето на новата фудбалерка. Доаѓа од екипата на Фламенго, Бразил. Станува збор за врвен напаѓач. Топло добредојде и среќа за Туане.
На 13. Август ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на дијаспора на Еленец во село Цера. Македонска Каменица, 31. Јули 2023 година – На 13. Август 2023 година ќе се одржи 8. Манифестација Ден на Дијаспора. Настанот е во организација на Општина Македонска Каменица и КИЦ “Романса”. Манифестацијата ќе се одржи на Манастирско-туристичкиот комплекс Еленец во село Цера, со почеток од 11:00 часот. На средбата со иселениците и годинава е предвидена богата културно уметничка програма. Од КИЦ ” Романса” упатуваат предупредување до посетителите за зголемена внимателност при движење на отворен простор, поради постоење на можност од лесно предизвикување…
Марија Јаневска е нова голманка на ЖФК СЦ Истатов Досегашната голманка на ЖФК Каменица Саса, Марија Јаневска (19) е нова голманка на ЖФК СЦ Истатов Марија Јаневска има 19 години и веќе неколку години активно тренира фудбал во родната Македонска Каменица. Нејзините почетоци се во ЖФК Каменица САСА, каде во изминатите три сезони е дел од шампионскиот тим. – Со добри тренинзи, многу труд и напорна работа, успеав да го достигнам потребното ниво на квалитет и професионалност, неопходни за првиот чекор кон градење на уште поуспешна спортска кариера, – истакна Јаневска Ова за нејзе е…
25.07.2023 во 18.05 часот во СВР Штип било пријавено дека во вода во канал за наводнување во близина на населбата Оризари, кочанско, била пронајдена почината С.А.(77) од Оризари, за која на 24.07.2023 беше пријавено дека се оддалечила од домот. Екипа на Територијланата противпожарна единица го извадила телото, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани, а по насоки на јавен обвинител телото било дадено на семејството.
