Author: G B R
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 42-годишната Ј.Ш. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“, извести МВР. – Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра, соопшти МВР.
Им стави европско знаменце на законите од новата даночна реформа, повторно ги врати во Собранието, но и ги доработи. Освен за луксузна храна, повисоко ДДВ ќе се плаќа и за печките на пелети. Ваква измена претходно Владата не споменуваше. ДДВ за увоз на пелети, печки и котли на пелети ќе скокне од 5 на 18 отсто. За печките на пелети до лани државата делеше субвенции. Се зголемува данокот од 5 на 10 отсто и за некои прехрамбени производи. Но, од Владата нема информација за кои точно станува збор. Во владиното соопштение само е наведено дека тоа е за храна која…
Претреси во кочанско, пронајдени оружје и муниција На 11.07.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Д.С.(78), Ј.С.(78) и Д.М.(61) сите од Кочани. При претрес во домот на Д.С. и Ј. С. Во Кочани, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“, пиштол „Црвена застава“, повеќе куршуми различен калибар, оптички нишан и други предмети. Додека при претрес во викенд куќа на Д.М. во с.Тркање, кочанско, исто така извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени повеќе куршуми од различен калибар. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против…
Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гаврил му се јави на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм. Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверува веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врза со немост, па остана нем с ? до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собраа роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име. Па кога го прашаа таткото кое име би сакал да…
На 05.07.2023 година околу 18.45 часот во Полициска станица Кочани било пријавено дека во стан во Кочани, бил пронајден починат Д.З.(32) од Кочани, кој бил потстанар. Од страна на лекар била констатирана смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.
Во поладневните часови од денешниот ден, територијата на Македонска Каменица беше зафатена од обилни и поројни врнежи од дожд кои предизвикаа поголеми атмосферски наноси на повеќе локации во приградските средини. – Како што јавуваат од ЈП Камена Река нивните екипи и во моментов се вклучени во отстранување на атмосферските наноси предизвикани од обилните и поројни врнежи со дожд кои во попладневните часови ја зафатија територијата на Македонска Каменица. Од Јавното претпријатие известија и за отстранување на поголеми атмосферски наноси од повеќе критични места на двата излези од Македонска Каменица кон соседните градови Кочани и Делчево. -…
Работнички доби големо засилување во нападот со ангажманот на репрезентативецот на Македонија, Влатко Стојановски. 26-годишниот напаѓач се враќа во македонскиот шампионат и во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на нашиот клуб. Дефинитивно ќе биде огромно засилување за навалната линија во тимот на Милан Илиевски. „Чест ми е што ќе го носам дресот на ФК Работнички. Тоа е клуб со голем традиција во Македонија, поранешен шампион и освојувач на Купот. Прифатив да бидам дел од овој нов проект, кој треба да го врати Работнички во врвот на македонскиот фудбал. Се надевам дека во новата сезона ќе имам полн…
Под влијание на серија влажни бранови до вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет, информира УХМР. Пообилни врнежи од снег се очекуваат в недела и во вторник кога ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Само во некои пониски места врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонска Каменица 13.12.2018 година – КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица на 21.12.2018 година, со почеток од 18:00 часот, го најавува својот традиционален Годишен концерт. По тој повод ги поканува сите љубители на фолклорот и народната традиција од регионот, да присуствуваат на 90 минутно уживање во Домот на култура во Македонска Каменица. Од друштвото изјавуваат дека Годишниот концерт е обичај на кој традиционално на сцена се претставува целиот Ансамбл со свој широк репертоар на народни песни и ора. Ова, на еден начин ќе биде уште една можност за запознавање на каменичката публика со репертоарот на друштвото, посебно на новите содржини…
Откако на глобалната видео мрежа „ју тјуб“ се појави снимка, за која се тврди дека е направена во маркет во Штип, а на која се гледа, како момче буквално го празни рафтот со чоколади. Од снимката, може да се забележи дека момчето очигледно е голем љубител на чоколадите, со оглед дека ги краде само оние од по 300 грама, кои ги става во своето палто.
