Author: G B R
Од Општина Македонска Каменица информираат дека работат на поставување на нова водоводна и канализациона мрежа во Стара Каменица. Станува збор за активност која трајно ги решава овие децениски комунални проблеми на жителите од тој дел на градот. – Со овој зафат завршуваме дел од инфраструктурните активности во овој дел од градот. Продолжуваме во иднина посветено и рамномерно да ги градиме и развиваме сите делови од градот земајќи ги во предвид приоритетите и потребите на населението, – изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски Новата водоводна и канализациона линија во Стипцарско маало е со должина од скоро…
Како што дознава кочанскиот интернет портал Комарец.Мк, пред околу еден час е пронајдено безживотно тело на лице во каналот за наводнување во близина на Оризари. На лице место е излезена Медицинска екипа и екипа од Територијалната противпожарна единица – Кочани. Во моментов се чека пристигнувањето на полицијата и на јавен обвинител.
Во рамки на подготовките пред почетокот на Втората фудбалска лига на Македонија, во недела на Градскиот стадион во Македонска Каменица се сретнаа екипите на ФК Каменица Саса и Осогово од Кочани. Резултатски ефективниот натпревар во Македонска Каменица го добија домаќините 3:2 (1:0). Ова беше убава можност новоименуваните Шефови на стручните штабови на двата клуба во проверката на формата на сите играчите кои во моментот ги имаат на располагање и целокупно, почетната воиграност на тимовите. Домаќините поведоа со 1:0 со голот на Стојов, а набргу потоа не реализираа удар од белата точка. Со истиот резултат се замина на полувреме.…
Силно невреме, проследено со ветер, дожд, град и кратки атмосферски електрични празнења го зафати доцна попладнево подрачјето на Кочани и Виница. Бурата што траеше петнаесетина минути предизвика помала материјална штета на кровните конструкции на неколку објекти, а од врнежите од град со големина на лешник оштетени се овошки и градинарските култури. Поради силниот ветер искри од старата електрична мрежа предизвикале пожар во дворно место во село Жиганци, во близина на повеќе куќи, каде што се запалила сува трева. За кратко време, поради силниот ветер, пожарот се проширил наоколу. Со брза интервенција на селаните пожарот е изгаснат. На местото на настанот…
На 22. Јули 2023 година, во 09:20 часот 43 годишен жител на Кочани, Т.С пријавил дека околу 08.30 часот, во близина на неговата семејна куќа во село Главовица, пронашол коски. Од страна на увидна екипа од Полициската станица Кочани, бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител пронајдените коски се подигнати и предадени во Институтот за судска медицина Скопје за понатамошно постапување.
Нестабилното облачно јадро проследено со пороен дожд, град, електрични празнења и засилен ветер сега навлегува во подрачјето на Кочани и Виница и се движи понатаму кон југоисток и исток. Уште една нестабилна облачна маса навлегува од територијата на Косово и се очекува да го зафати најисточниот дел на Скопската Котлина и Кумановското подрачје, движејќи се понатаму кон источниот дел на државата. Во моментов, во Македонска Каменица започнуваат врнежи од дожд, проследени со доумерен ветар од северозапад.
ГФК Осогово му посака добредојде на новиот помошен тренер Горан Гоцевски од Македонска Каменица Новиот второлигаш од Кочани, ГФК Осогово во текот на вчерашниот ден, ја објави веста, дека нашиот сограѓанин Горан Гоцевски е нов помошен тренер на клубот. Веста за ангажманот на Гоцевски, доаѓа само неколку денови по смената на досегашниот тренер на Осогово, Ефтим Аксентиев и доаѓањето на новото тренерско име Добринко Илиевски. Горан Гоцевски е поранешен тренер и фудбалер на ФК Каменица Саса од Македонска Каменица, каде клубот последен пат го водеше во натпреварувачката 2021/22 сезона. Како фудбалер, покрај настапите за младинските состави на својот матичен клуб,…
Општина Македонска Каменица упати Соопштение до граѓаните, дека во четврток на 20. Јули 2023 година, во доцните вечерни часови, ќе биде спроведено терастично третирање против комарци на вкупна површина од 200 хектари. – Прскањето против комарци ќе го врши фирмата ДООЕЛ „Трули Нолен”НМ со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови. Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето, – стои во соопштението од Општина Македонска Каменица При несоодветни временски услови, од општината велат дека, третирањето против комарци…
ФК Триенген Македонија, каде што настапуваат и нашите сограѓани и фудбалери Александар Атансовски и Мартин Темчев, успеја да се пласира во четвртата лига од Швајцарското фудбалско првенство откако последната сезона во конкуренција на 10 екипи во групата 5 го освои првото место. На своето салдо прокнижаа 13 победи, 1 пораз и четири нерешни исходи и со 64 постигнати голови се наметна како тим кој може да се носи и во повисок ранг на натпреварување. ,,Во новата сезона главна цел ни е да останеме во 4 лига каде има 6 групи кои се распоредени по региони . Повторно ќе сме во конкуренција…
Владата на вчерашната 173-та седница ги задолжи стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите. Забраната ќе важи од денеска. Како што информира владината прес-служба, забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.
