Author: G B R

Ново жариште на свинска чума регистрирано во делчевското село Тработивиште. Екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа денеска спроведуваат мерки за контрола и спречување на ширење на болеста. Дописникот на МИА кој беше на лице место денеска го регистрираше чинот на вршење еутаназија на заболените животни и нивно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста. – Во моментот екипи на АХВ, од надлежното ветеринарно друштво и од локалната самоуправа спроведуваат мерки за контрола и спречувањена ширење на болеста. Се врши еутаназија на заболените животни и нивно не штетно отстранување од одгледувалиштето каде е потврдена болеста, како…

ПОВЕЌЕ ...

КИЦ Романса ги објави термините за настап на КУД “Вера Јоциќ” и останатите локални бендови и фолклорни групи во рамки на Каменичко културно лето 2023 – Како учесници на овогодинешното издание на Каменичко културно лето 2023 година во музичко сценскиот дел КИЦ Романса ги претставува КУД “ВЕРА ЈОЦИЌ” Македонска Каменица и фолклорна група при НУЦК “НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ” од Делчево кои ќе настапат на 26 Август 2023 година на Градскиот плоштад во Македонска Каменица и ќе ја збогатат богатата музичко забавна програма во рамките на Каменичко културно лето 2023 година. Почеток на нивниот настап е од 19 часот, – стои…

ПОВЕЌЕ ...

Децата кои минуваат часови пред уредите со екрани би можеле да се соочат со побавно решавање на проблемите и побавна комуникација, предупредува ново истражување на Универзитетот Тохоку во Јапонија. Испитувањата опфатиле 7.097 деца и велат дека колку повеќе едногодишните деца гледаат во екран, толку е поголемо влијанието врз нивниот развој. Оние кои гледале телевизија или таблет повеќе од четири часа дневно во текот на првата година од животот доживеале доцнење во развојот. Меѓутоа, кај деца со четири години, социјалните и личните вештини и решавањето проблеми се совпаднале со оние нивните врсници. Стручните лица забележуваат и дека јазичните вештини на некои…

ПОВЕЌЕ ...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 28 aвгуст 2023 година (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. ММТСП на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица. 28. Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е троен празник во Македонска Каменица, каде покрај православниот празник се прославува Денот на рударите и Денот на Општината. По тој повод Општина Македонска Каменица со Каменичко културно лето нуди забавна и музичка програма, со која и годинава ќе биде центар на збиднувањата во источниот дел од…

ПОВЕЌЕ ...

Поднесена е кривична пријава против дваесет и осумгодишен кочанчанец поради постоење сомнение за „насилство врз дете“. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.В.(28) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.На 15.08.2023 во Кочани, пријавениот физички нападнал 15-годишен малолетник од Кочани, при што со остар предмет му нанел повреда“, информираат од МВР.

ПОВЕЌЕ ...

Денеска православните христијани го слават празникот Преображение Христово- Преображение на Господ Бог. Преображението Христово е основен момент во животот на човекот. Впрочем, живееме во Црквата и не се стремиме да бидеме само добри луѓе, туку да бидеме богови по благодат“ (о. А. Шмеман). Црквата денес нѐ кани да ги отвориме дверите на нашето срце, за таму да Го населиме Бога и сите луѓе, да подариме повеќе љубов, да се преобразиме не само себеси, туку со својот живот, со својот пример и сите околу нас. На таква висина денес нѐ кани Црквата. Се верува дека третата година откако започнал да го проповеда…

ПОВЕЌЕ ...

Денес на Воениот стадион во Скопје по повод 31. роденден на Армијата на Република Северна Македонија се одржа централна прослава на која присуствуваа Претседателот на Републиката и Врховен командант Стево Пендаровски, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, министри во Владата, претставници на Собранието, високи гости од министерството за одбрана и Армијата, претставници од други државни институции, како и од воено дипломатскиот кор во нашата земја. По повод 18. Август – Денот на Армијата делегации од министерството за одбрана и Армијата на градските гробишта Бутел положија венци…

ПОВЕЌЕ ...

Фондацијата “Ице Бегов” која минатиот месец го организираше хуманитарниот настан “Небо Сино” во Домот на култура во Македонска Каменица, објави текст во кој упатува благодарност до донаторите и помагателите кои учествуваа во успешната реализација на истиот. Почитувани, Со големо задоволство и благодарност стоиме пред вас денес, по еден неверојатно успешен хуманитарен настан кој се оддржа на 28-ми јули во Македонска Каменица. Присуството на секој еден од вас, кои бевте присутни е знак на поддршка и солидарност. Имајќи го во предвид значењето на вечерта, благодарни сме на сите вас кои ја наполнивте салата со вашата присутност. -Сакаме исто така да…

ПОВЕЌЕ ...

На 13.08.2023, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Г.(35) од Кочани затоа што во 03.25 часот на ул.„Христијан Карпош“ во Кочани физички нападнал полициски службеник при извршување службени задачи. По комплетирање на случајот против З.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВЕЌЕ ...

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. Богородичниот, односно Успенскиот пост настапува еден месец по празнувањето на Соборот на светите апостоли Петар и Павле, а пред големите празници на Преображението Господово на гората Тавор и Успението на Божјата Мајка (познат во нашиот народ и како Голема Богородица). Успенскиот пост трае две седмици, од 14/1 август, до 27/14 август. За разлика од Великиот…

ПОВЕЌЕ ...