Author: G B R

Актуелниот женски македонски кошаркарски клуб Баскет КАМ од Македонска Каменица ја стартува новата сезона. „Рударките“ имаат јасна цел и амбиции, а тоа се обединување на трите титули. Првиот човек на клубот, претседателот Јордан Цветановски во пресрет на стартот на предизвиците што следат во новата сезона во разговор за „Спортклуб.мк“ ги истакна очекувањата. -Во новата сезона влегуваме со нов тренер. На местото на Златко Гоцевски седнува Жаклина Стојановска која во минатото ги водеше ЖКК Вардар и ЖКК Работнички. Во играчкиот ростер имаме една промена. Си замина Ана Милованова која реши кариерата да ја продолжи во Словенија, а ја донесовме…

ПОВЕЌЕ ...

Во 3.25 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Поради сообраќајна несреќа, од 00:20 часот сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип, кај клучка за Пробиштип беше во прекин за сите видови возила. АМСМ информира дека поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (стариот пат), сообраќајот ќе биде во прекин и денеска, во периодот од 8:00 до 18:00 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за…

ПОВЕЌЕ ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против З.А.(44) од с.Драгобраште, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

ПОВЕЌЕ ...

20 годишно момче загина во сообраќајна несреќа која утринава се случи на патот од село Облешево кон село Бање. Од СВР Штип потврдуваат за настанот. Пријавата кај нив пристигнала во 5:48 минути. Како што додаваат од таму ви несреќата учествувало само едно патничко моторно возило поло со кочански регистерски ознаки. Возачот изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Со возило на Итната медицинска помош Кочани бил префрлен во кочанската општа болница, но и подлегнал на повредите и починал. На лице место увид изврши увидна екипа од ОВР Кочани.

ПОВЕЌЕ ...

Во рамки на 4. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, на теренот со вештачка подлога во Струмица, се среќаваат ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица САСА. Натпреварот започнува во 16:00 часот. Сабота, 16. Септември 2023 година. Утрешниот натпревар е од исклучителна важност за каменичанки, бидејќи со победа против Тиверија, практично имаат победи против двете конкурентни екипи за освојување на титулата. ЖФК Каменица САСА во првите три одиграни кола има две победи и еден нерешен резултат, со вкупно освоени 7 бодови.

ПОВЕЌЕ ...

ПОВИК ОД СТАРА ГАРДА БАГЕРИ ДО СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФК КАМЕНИЦА САСА И ЉУБИТЕЛИТЕ НА ФУДБАЛОТ, ЗА ПРИСУСТВО И ПОДДРШКА ОД ТРИБИНИТЕ НА ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАЖНИОТ НАТПРЕВАР ЗА КАМЕНИЧКИОТ КЛУБ ОД V КОЛО НА ВТОРАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА. САБОТА, 15:00 ЧАСОТ СИТЕ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА. ЗАЕДНО ДО ПРВА СЕЗОНСКА ПОБЕДА. ЕДЕН КЛУБ ЕДЕН ЖИВОТ ФК КАМЕНИЦА САСА ГОРДОСТ НА ГРАДОТ.

ПОВЕЌЕ ...

На 13.09.2023 во 22.30 часот во струмичко, полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

ПОВЕЌЕ ...

Пчеларско Здружение “Еко Кам Мед” од Македонска Каменица, ги известува сите свои членови дека организира посета на Саем на пчеларство за Југоисточна Европа, кој на 23. Септември, ќе се одржи во Врање, Србија. За сите членови ќе биде обезбеден бесплатен превоз со автобус. Поаѓање во 05:30 часот, од пред Пензионерскиот дом во Македонска Каменица, а враќање кон назад од Брање е во 15:00 часот, истиот ден. Проектот е финансиран од Општина Македонска Каменица.

ПОВЕЌЕ ...

ШК Каменица Саса најавува голем шаховски настан во Македонска Каменица Шаховскиот клуб “Каменица Саса” организира симултан натпревар со Шаховскиот Велемајстор, г-дин Влатко Богдановски, кој што е седумкратен шампион на Македонија и долгогодишен репрезентативец. Симултаниот натпревар ќе се одржи на ден 16.09.2023 година, во Куќата на Спортот во Македонска Каменица, со почеток во 11.00 часот При тоа ќе се игра на 28 шаховски табли, а сите заинтересирани шахисти потребно е да се пријават кај претседателот на клубот, г-дин Лазо Стаменковски на телефонскиот број 071 279 583

ПОВЕЌЕ ...

По успешно одржаните хуманитарни настани “Небо Сино” од страна на Фондацијата Ице Бегов, денеска штитениците при Дневните центри за лица со посебни потреби од Македонска Каменица, Делчево, Велес и Гевгелија заминаа на еднонеделен летен одмор во Охрид. Одлична можност за повеќе лица од нашиот град, преку дружење со врсници и пријатели од други градоци, да уживаат во прекрасната природа и убавините на Охридско Езеро. Хуманитарниот настан “Небо Сино” се одржа во Домот на култура во Македонска Каменица, во чест и во спомен на Ице Бегов – човекот кој ја сакаше Македонска Каменица како свој роден град. Неговото семејство и блиските…

ПОВЕЌЕ ...