Author: G B R
На 03.10.2023, полициски службеници од ОВР Виница извршиле службен разговор со В.Н.(48) од с.Виничка Кршла. Во 13.15 часот во училница на основно училиште во Виница агресивно се однесувал кон наставник затоа што претходно го одзел мобилниот телефон на неговиот малолетен син поради користење на мобилниот телефон на училишен час. По комплетирање на случајот против В.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1.8 милиони жители или намалување од околу 180 илјади жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители1. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во возрасната група 15-29 години забележа диспропорцијално поголемо намалување. На пописот во 2021 година, Македонска Каменица брои 2649 домаќинства. Има 6439 жители, од кои 3104 жени и 3335 мажи. Па така на пример, бројот на младо население во Македонија се намали драстично во последните…
ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица спроведува редица активности со кои ја одбележува Светската недела на детето. – За таа цел, како што истакнаа од училиштето, оваа година учениците од lll-a со наставниците Даниела Пелтековска и Ванчо Гоцевски, во нашето училиште под мотото ,,Јас и светот околу мене” секојдневно во периодот од 02 до 06 октомври, ќе реализираат активности посветени на децата. Одбележувањето на Детската недела, училиштето го започна со реализирање на работилници за детските права каде посебно ги истакнаа одредбите од Конвенцијата за правата на детето. Извор и целосна фотогалерија
Утрото свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени. Во Македонска Каменица имаме сончево утро со температура од 7, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени. Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.
Според Православниот календар, денеска се празнува Свети Евстатиј – патрон и заштитник на ловците и ловот! По тој повод, ЛД Каменица САСА на сите ловци им го честита празникот, со желби за здравје, љубов и ловечка среќа! Добар поглед и мирна рака, – се вели во честитката од друштвото на ловци од Македонска Каменица
Со одлично второ полувреме, на турнирот во Требиње, македонскиот шампион од Македонска Каменица направи пресврт и го победи Херцег Нови со убедлии (91:76) Кошаркарите на Баскет Кам – Македонска Каменица со победа ги започнаа натпреварите од новоформираната балканска лига. Во првиот полуфинален натпревар од собирот во Требиње, македонскиот шампион одигра одлично второ полувреме во кое ја анулираше негативата од првото, и на крајот стигна до убедлива победа против црногорскиот претставник Херцег Нови (91:76). Црногорките имаа предност по 20.минути од играта (51:46). Но кошаркарите на Баскет Кам кои од клупата во оваа сезона, ги предводи Жаклина Стојановска, заиграа доста подобро во…
Според календарот на МПЦ, денес се празнуваат св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Именден слават: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на…
Општина Македонска Каменица започна со изградба на регулацијата на Гумен Дол Македонска Каменица, 28. Септември 2023 година – Градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на својот фејсбук профил го најави почетокот на изградбата на регулацијата на Гумен Дол. Со ова се решава еден повеќедениски проблем со кој се соочуваар граѓаните од овој дел на Македонска Каменица. Со изградбата и уредувањето на коритото од Гумен Дол и неговиот спој со Градскиот кеј на Каменичка Река, овој простор ќе добие урбан и модерен лик. Градежните работи ќе бидат изведени од „ДАРМАР – ИНЖЕНЕРИНГ” ДООЕЛ Македонска Каменица. Вредност на договорот…
„Не сум во љубов со Цеца, туку со македонско девојче“ – Перо Антиќ за ММС негира дека е во врска со фолк пејачката Фото: nbcsports.com/ТВ Прва принтскрин Перо Антиќ и Цеца се во врска! Ова веќе неколку месеци се шпекулира, a нема пoтреба да се објаснува дека станува збор за нашиот екс кошаркар и балканската ѕвезда. Шушкањето околу нивната врска почна набргу откако се прозборе дека Перо и манекенката Катерина Иванова, раскинале. Дали Цеца ќе стане македонска снаа и дали навистина е во врска со нашиот Перо Антиќ, ММС побара одговор од екс кошаркарот. – Абе тоа се секти, кои…
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЖКК Баскет Кам – Македонска Каменица го најави учеството во новата Женска Балканска Кошаркарска Лига 👉 Учесници на турнирот се најдобрите четири женски екипи од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора 🇲🇰 🇲🇪 🇧🇦 🇷🇸 Натпреварите започнуваат следниот викенд во Требиње, БиХ каде Баскет Кам се среќава со екипата на Херцег Нови, а во вториот натпревар играат екипите на Леотар и Раднички. Победниците во овие два натпревари го играат финалниот натпревар во недела, 01. Октомври. Претходно се среќаваат поразените две екипи во борбата за трето место. 🎯 Македонска Каменица ќе биде домаќин на следниот турнир, а…
