Author: G B R
Комисијата за натпревари на ФФМ на денешната седница донесе одлука со која теренот на ФК Башкими 1947 Куманово се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари кога домаќин е екипата на Башкими 1947 Куманово. Оваа одлука доаѓа по одигрувањето на натпреварот помеѓу Башкими и Каменица Саса, минатата сабота, бидејќи на оваа средба имаше инцидент. На само неколку минути пред крајот на натпреварот, во теренот влезе навивач на домашната екипа, каде физички нападна еден од фудбалерите на ФК Каменица Саса. Иако станува збор за инцидент после кој натпреварот треба да биде прекинат, со позитивен службен резултат за гостите. Судијата дозволи…
Денеска (25.09.2023) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода У.Р.(59) од Кочани. Тој се сомничи дека околу 06.15 часот, по претходна расправија пред домот во кој престојувала, со остар предмет и нанел убодни рани на Т.М.(46) од Кочани, која починала на местото на настанот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кочани, а увид извршиле екипа на ОВР Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината било дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот против У.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Свечена прослава во Македонска Каменица по повод Светскиот ден на пензионерите. Вчера, со пригодна свеченост организирана од Здружението во Македонска Каменица, беше одбележан Светскиот ден на пензионерите. Покрај многу бројните присутни пензионери, гости на вечерта и сограѓани, на свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски. Тој во име на Општината, прими Плакета за посебен придонес и успешна долгогодишна соработка со Здружението на пензионери од Македонска Каменица. По тој повод градоначалникот Атанасовски упати искрени честитки со желби за добро здравје, живот исполнет со среќа и љубов од најблиските и мирни пензионерски денови. – Вие сте наши најдобри учители и…
Вчерашниот дуел од Втората фудбалска лига на Македонија, помеѓу Башкими и Каменица САСА кој заврши нерешено (2-2) имаше неславен финиш. Имено, во 89. минута од мечот еден навивач на домашната екипа од Куманово влезе во терен и прво со шише вода го поли играчот на Каменица Саса а потоа и го турна, па се струполи на земја. Во продолжение следеа мачни и тешки сцени, па финишот на мечот се издолжи. Во целата гужва,наместо напреварот да биде прекинат и службена победа на гостите, единствено еден од фудбалерите на Башкими заработи црвен картон. Гостинските играчи, загрижени за својата безбедност на теренот, одбиваа…
Девојките од Македонска Каменица ја потврдија фаворитската улога и стигнаа до трофејот со убедлив триумф над МЗТ Скопје (102:52) Немаше изненадување во премиерниот натпревар од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“, оној во женска конкуренција… Актуелниот освојувач на шампионската титула, екипата на Баскет Кам 2011 ја потврди фаворитската улога и убедливо го победи победникот во националниот Куп, МЗТ Скопје Аеродром. БАСКЕТ КАМ 2011 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 102:52 До вториот трофеј во ова натпреварување, кошаркарките од Македонска Каменица стигнаа со доминантна игра. Практично ја потврдија улогата на фаворит која им беше „доделена“ пред почетокот на овој натпревар со кој практично се отвора новата сезона…
Забрана за ноќно возење за млади возачи, медицински прегледи со освежувачки курсеви на секои 5 години за сите над 70 години, специјална дозвола за возачи на теренци и заеднички европски систем на казнени поени. Ова се само дел од највидливите измени со кои Брисел сака да ги ревидира правилата за полагање на возачки испит и издавање возачки дозволи. Предложените измени се уште не се потврдени, но како такви би можеле да влијаат на милиони сегашни и идни возачи. Новата директива во моментов е на испитување на собраниската Комисија за транспорт и туризам, каде се предложени многу значајни измени. Предложените ревидирани…
Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта ќе се зголемат. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15%, почнувајќи од тековниот месец септември. -Чест ми е што токму во време на мојот мандат како министер за образование и наука во 2022 и 2023, практично во период од само една година, платите на наставниците се зголемени во три наврати, односно кумулативно за над 35%. Ова е само потврда дека…
Пред усвојување во бугарскиот парламент се измените на Законот за бугарско државјанство со кои регистарот на сите кои добиле бугарско државјанство ќе биде јавен, а јавна ќе биде и церемонијата на доделување државјанство. Измените поминаа прво читање во парламентот, откако „за“ гласаа 180 пратеници. Наскоро ќе биде и гласањето по второто читање, по што законските измени ќе стапат во сила. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека меѓу 120-те илјади граѓани на Македонија кои добиле бугарски пасош има многу бивши и актуелни политичари, пратеници, министри и градоначалници. „Со последната промена, сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои добиле бугарско државјанство…
Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко ѝ беше од племето Давидово, а мајка ѝ од родот Аронов. И така, таа по татко беше од царски, а по мајка од архијерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Кој од неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се молеа на Бога со плач, да ги израдува во нивната старост и да им подари едно чедо, како што некогаш ги израдува…
Македонска Каменица, 20. Септември 2023 година – Вчера, со почеток од 14.00 часот, во просториите на ЕЛС Македонска Каменица, здружението „Надеж Норе“ одржа завршен настан (прес конференција) од пректот „Еднаквоста, носи напредок“. На завршниот настан од страна на експертите Тодор Цонев и Кимет Амет, на присутните граѓани, претставници на ЕЛС Македонска Каменица и советници, им беше презентиран извештајот од извршениот мониторинг за родово еднаквото буџетирање во општината Македонска Каменица. Исто така, на присутните им беа претставени и заклучоците и препораките од извештајот, а им беа претставени и одредени бужетски иницијативи со направена бужетска анали за на трошоците за тие…
