Author: G B R
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека е донесена Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 4.9.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,308%, кај дизелот за 3,641% , кај екстра лесното масло за 3,940% и кај мазутот зголемувањето е за 2,280%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,705%…
Поради настанат дефект на главна водоводна линија од системот за снабдување со вода, граѓаните на Македонска Каменица во текот на денешниот ден ќе бидат без потребните количини на вода за пиење, информираа од Јавното претпријатие „Камена Река”. Како Јавно претпријатие задолжено за одржување на водоснабдителниот систем и непречено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, со сите ресурси сме вклучени во отстранување на дефектот, информираа од претпријатието. Упатуваме на разбирање од страна на граѓаните поради настанатиот прекин во водоснабдувањето. Дефектот е лоциран и екипите на ЈП Камена Река веќе работат на негово отстранување, додадоа од ЈП „Камена Река”. Очекуваат…
Во 2. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија, екипата на ЖФК Каменица САСА постигна значајна победа од 3:2 на гостински терен против ЖФК Љуботен во Тетово. Стрелец на сите погодоци за гостинската екипа од Македонска Каменица беше одличната Ленче Андреевска, која практично го реши домашниот состав. За клубот од Македонска Каменица, победата на денешниот натпревар, е победа која долго ќе се памети! Исклучително важни три бода на патот кон нова шампионска титула! – Домаќините буквално беа надиграни, згазени, победени. Едноставно, научени кој е кој во македонскиот женски фудбал, – додаваат од ЖФК Каменица САСА за победата на денешниот…
В недела во Светиот храм во Македонска Каменица ќе се служи молебен – молитва за ученици и студенти Македонска Каменица, 01. Септември 2023 година – Како што стои во известувањето до верниците и учениците, студентите и просветните работници од Македонска Каменица и регионот, на 03. Септември 2023 година во недела , по завршувањето на Светата Литургија во Светиот храм “Успение на Пресвета Богородица” ке биде отслужен и молебен, молитва за ученици и студенти. Од свештенството нагласуваат дека, пожелно е да учениците и студентите, да бидат присутни за време на Светата литургија со почеток од 08:00 часот.
Македонска Каменица, 01. Септември 2023 година – Денеска во партиските простории на ОК ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица беше промовиран новиот претседател партијата, Гоце Стоиловски. Стоиловски во поздравното обраќање до присутните членови, симпатизери и гости во просториите на ОК ВМРО ДПМНЕ, како што истакнуваат од партијата, најавува нови големи победи во Македонска Каменица. “Особено сум горд на укажаната доверба, но тоа истовремено претставува огромна обврска и значаен предизвик за мене. Посветено и заедно да продолжиме да креираме позитивни и корисни политики за нашата Македонска Каменица” – истакнува Гоце Стоиловски Ветувајќи дека, Македонска Каменица ќе остане на победничките патеки додава дека е…
Полицијата уапси маж од виничко, кој се сомничи дека допирал по телото 26-годишна Германка. Полицајци од Полициската станица Делчево вчера вечер во 21.30 часот, го уапсиле 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, летово имаше повеќе пријави за силување. Според полицискиот бител, и германска државјанка имаше пријавено дека во Охрид ја силувал Турчин.
Министерството известува дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот. – За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Поради завршувањето на пандемијата, деловните банки…
Градоначалникот Димчо Атансовски упати честитка до сограѓаните по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица”, Денот на општината и Денот на рударите. Честитката ви ја пренесуваме во целост: Посета на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на црквата „Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица по повод големиот празник „Успение на Пресвета Богородица” и воедно Ден на Рударите. На сите верници од православна вероисповед ви го честитаме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, а на рударите им посакуваме здравје, среќа и успех во извршувањето на работните задачи. За многу години празникот на верата, спасението и љубовта. Посветеноста…
https://youtu.be/9OXdIgFMUZw Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода. Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола. Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка…
Претежно сончево и многу топло време ќе биде и следните денови. Ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. Како што соопшти УХМР, најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени. Во следните три дена ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 7, односно 8. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
