Author: Media Point
Денеска околу 10.15 часот кај месноста викана ,,Чешмиче“ на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила. Екипи од ПС Куманово се на лице место и во моментов се врши увид. Сообраќајот е во прекин во двата правци и возилата се преусмеруваат по стариот пат.
Скршена клучна коска и неколку ребра од кои 7-то десно е сериозно оштетено. Ова се констатираните повреди во Штипската клиничка болница кај 33- годишен моторџија од Кочани. Во тешка здравстена состојба тој таму е донесен доцна синоќа, откако изгубил контрола над моторот и с епревртел. Повредите според лекарите се искулителноо сериозни и истите кочанецот во гипс и во кревет ќе го држат повеќе време. Тој е задржав во Штипската болниа и таму ќе остане се до стабилизирање на состојбата. Што и како се случувало синоќа на кочанските улици е работа која ја утврдува полицијата. Засега истрагата оди во насока дека…
„ТАКТИЧКАТА ГЕНИЈАЛНОСТ“ ИЛИ ЕВЕ КАДЕ Е ТОЧНАТА ЛОКАЦИЈА ОД ЗАРОДИШОТ НА МАКЕДОНСКОТО ПОЛИЦИСКО СЛЕДЕЊЕ И ПОСМАТРАЊЕ НА СЕКАДЕ И НА СЕ И СВАШТА!
Утре, недела 03. Септември со почеток од 16:30 часот на градскиот стадион во Макеонска Каменица ЖФК Каменица – САСА ќе го одигра својот прв официјален натпревар. Во првото коло како дел од Првата женска фудбалска лига, девојките под водство Зоран Златковски, тренер на екипата и Шеф на стручниот штаб, ќе се сретнат со еден од најголемите фаворити за освојување на прво место во лигата, екипата на ЖФК Драгон од Скопје. Неколкуте одиграни досегашни натпревари во контролниот-подготвителен период покажа дека во Каменица има потенцијал за развој на женскиот фудбал и амбиции за постигнување на одлични резултати во иднина. Вкупно тренираат околу…
Хаифа, 2 септември 2017 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Хаифа против Израел ќе го одигра седмиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија. Со подмладен состав во кој се вклучени неколкумина играчи од младата селекција која летово настапи на Европското првенство за играчи до 21 година во Полска, селекторот Игор Ангеловски ќе се обиде да им се реваншира на Израелците на поразот во Скопје со 2:1. На Ваше барање Либеро Травел повторно организира поклоничко патување во Манастирот Острог Дуелот Израел – Македонија кој е во рамките од Г групата ќе започне од 20:45 часот, термин во…
Како што рече една од учителките, тие песната и орото ги научиле при една посета на Малешевијата. Светскиот македонски конгрес од Австралија при објавата на видеото се заблагодари на училиштите заради учењето на различните култури и традиции.
Скопје, 1 септември 2017 (МИА) – Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со почетокот на учебната година почнува нова едукативна кампања наменета за децата и родителите. Кампањата ќе се реализира под мотото „Ѕвони за час! Возете внимателно, дечињата тргнаа на училиште“ и целта е да се зголеми безбедноста на најмладите учесници во сообраќајот и да се заштитат децата од повреди и загуби во сообраќајот. Од РСБСП препорачуваат возачите кога ќе видат знак „училиште“ задолжително да ја намалат брзината, да бидат внимателни на пешачки премин, во близина на училиште или градинка внимателно да го паркираат возилото и секогаш кога…
Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, од печат излезе втората книга на Отец Пимен, митрополит европски на Македонската православна црква. Книгата со наслов „Патувајќи“ е збир на колумни кои го тераат и читателот да пропатува преку неговите размисли и ненаметливи совети. Промоцијата на книгата ќе се одржи во понеделник во спомен куќата на Татарчеви во Ресен, родниот град на отец Пимен. Во вторник ќе биде промовирана во Прилеп, во среда во Струмица и во четврток во Штип, а во Скопје промоцијата ќе се одржи на 18 септември. Од „Матица македонска“ најавуваат дека книгата ќе биде претставена и во Битола и…
На последните контролни средби одиграни во минатата среда младинците на ФК Каменица САСА ги надиграа своите лути ривали од соседно Делчево. Беа одиграни три натпревари според возрасните категории. Во сите победа однесе домашната екипа, при што младинците од Каменица комплетно го надиграа противникот и ја покажаа својата надмоќ на теренот. За тоа говорат постигнатите резултати и во овие три натпревари, што се повеќе младинците на ФК Брегалница ги прави редовни муштерии на каменичани: 2005/06 САСА – Брегалница 6:1 2007/08 САСА – Брегалница 3:2 2009/10 САСА – Брегалница 2:0 Тренер и ментор на младинските (детски) категории во клубот од Македонска Каменица,…
Учебната година ќе започне на 4 септември. Првиот училишен ден е возбудлив за сите, но најмногу за првачињата.Родителите исто така се возбудени им се насолзуваат очите и сеуште неможете да увидите дали се од радост и гордост, или од страв и загриженост. Во тој момент секој родител се прашува:”Дали ќе се навикне?”, ”Дали ќе му биде тешко без мене?”, ”Дали ќе успее лесно да се прилагоди?” Но, дали сите родителите ќе можат да ги испратат своите првачиња, деновиве е актуелна тема на социјалните мрежи. -Работам во јавна администрација, оваа година мојот син ќе биде прваче.Според Законот секој вработен има право тој ден да…
