Author: Media Point

Во изминатото деноноќие во Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди, од кои во една загинало едно лице, а во седум се се полесно повредени осуммина. Во седум сообраќајки е причинета само материјална штета. Велосипедист од Скопје им подлегна на повредите во Ургентен Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“, откако во 9:40 часот на улица 2 во населба Илинден, во близина на местото каде се спојува со ул.5 во Скопје, учествувал во сообраќајна незгода со товарно моторно возило Мерцедес со Скопски регистерски таблици, управувано од жител на н.м. Цветово.

ПОВЕЌЕ ...

Откако и по неколку секунди рампата на Клиничкиот центар не се отвори, човек кој е дел од обезбедувањето ја свитка и овозможи да помине колоната меѓу која имаше и возило на Брза помош. Видеото се појави денеска на јутјуб. На него с егледа брзата реакција на обезбедувањето кое овозможи непрекинато поминување и покрај блокадата на системот.

ПОВЕЌЕ ...

Денес се празнува Пресвета Богородица. Имено таа била почитувана не само од христијаните туку и од муслиманите. Кон неа сите упатувале молитви за исцелување, здравје и бериќет. Со свечена литургија, молитва и свеќа за здравје и бериќет, православните христијани утре(понеделник 28.08) го одбележуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица или попознат кај народот како Голема Богородица. Во храмовите посветени на Мајката божја литургиите ќе почнат од вечерва, во пресрет на празникот. Во Скопје, најсвечено ќе биде на Матка и во катедралната црква во центарот на градот „Рождество на пресвета Богородица”. Според христијанската традиција, на овој празник се принесуваат дарови за…

ПОВЕЌЕ ...

Монструмот од Кочани кој на јавноста им е добро познат по ѕверското малтретирање на кучињата скитници, повторно топ тема помеѓу здруженијата за заштита на животните. Во напуштениот објект на улицата „Скопска“ во Кочани, членови на Здружението „Втора шанса“ наишле на уште една грозоморна сцена од изживување врз кучињата од страна на 41 годишниот кочанчанец. -И понатаму си продолжува со малтретирање на животните. Последната жртва беше кутрето пронајдено силувано во средата во центарот на градот-изјави Викторија Апостолова, Здружение „Втора шанса“-Кочани Од здружениетпо бараат помош од полицијата, затоа што не само што тој не одговара за неговите не дела, туку и јавно…

ПОВЕЌЕ ...

Црвена јабука на „Каменичко Културно Лето 2017“ Вчера, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица се оддржа втората вечер од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2017“. Фантастичниот настап на „Црвена јабука“ предизвика одлична атмосфера кај каменичани и гостите кои пристигнаа од целиот регион. Пред босанскиот бенд настапи македонскиот состав Риплеј. Вечерва на програмата е една од најголемите балкански музички ѕвезди Владо Георгиев, а пред него вечерта ќе ја отвори група „Чардаш“.

ПОВЕЌЕ ...

Денес започнува новата фудбалска сезона 2017/18 од Втората фудбалска лига на Македонија. Екипата на ФК Каменица САСА својот прв натпревар го игра на гости против ФК Плачковица од Радовиш со почеток од 16:30 часот. ФК Каменица САСА во новата сезона влегува со оптимизам и амбиции за пласман во горниот дел од табелата во своето ново второлигашко опкружување. Иако “влечат” неколку повреди кај дел од првотимците, со неколкуте силни засилувања во своите редови и со веќе решените финансиско-материјални предуслови со Рудник САСА и општина Македонска Каменица од Стручниот штаб на тимот ветуваат успех во новата сезона. И денес на својот прв…

ПОВЕЌЕ ...

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, заштитничка на рударите, општина Македонска Каменица и патрон на нашиот храм, ги известуваме сите православни верници дека во понеделник 28. Август во 08 часот ќе се отслужи Света божествена архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Правосвештенство Митрополит Брегалнички Г. Иларион со свештенството од нашата епархија. Сите кои имаат благослов од отците за причест тоа можат да го сторат утре. Додека децата до 8 гоини можат да се причестат без пост. Од свештенството при Светиот Храм Успение на Пресвета Богородица Македонска Каменица

ПОВЕЌЕ ...

Од први септември дел од администрацијата во земјава ќе работи во две смени, за да им се излезе во пресрет на сите граѓани, а флексибилно работно време ќе има и за државната управа. Ова вчера го соопшти министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски. Работното време во овие институции ќе се одвива од 7 до 14:30 часот и од 14 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот со време на работа од 8 до 16 часот. Конкретно станува збор за Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи, подрачните…

ПОВЕЌЕ ...

Просечниот личен доход во Македонија минатата година изнесувал 302 евра месечно, а најбогатите 1 процент имале просечен доход од околу 4.200 евра месечно. Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните кога станува збор личниот доход што го имаат, покажува анализата за доходовна нееднаквост што денеска првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. – За половина од луѓето во Македонија што остваруваат доход, тој е под 212 евра месечно, 70 проценти имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 проценти имаат под 495 евра месечно. Од друга страна два проценти…

ПОВЕЌЕ ...

Со надчовечки напори и целовечерна борба со огнената стихија пожарникарите од ТППЕ Македонска Каменица успеаа да го локализираат и стават под целосна контрола вчера избувнатиот пожар во близина на градот. Остануваат на терен до негово целосно гасење и нормализирање на состојбата. Помогнати беа од сите ТППЕ во околните градови( Делчево, Кочани, Штип, Виница), Шумска полиција, Ловно друштво од Каменица, вработени во ЈП Камена Река, одреден број на доброволци и локално месно население, како и неколку противпожарни авиони од ЦУК. Причините за пожарот се истражуваат. Истражните органи се на терен. Причинета е огромната материјална штета. Изгорени се десетици хектари борова и…

ПОВЕЌЕ ...