Author: Media Point

12. Јануари 2018 каменица.мк ФК Каменица САСА прва од екипите во лигата ги започна подготовките за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига на Македонија. Како што изјавуваат од стручниот штаб на тимот претстојниот подготвителен период освен за кревање на физичката подготвеност кај играчите, ќе биде искористен и за редица пријателски натпревари, се со цел дополнитено воигрување на екипата. Првиот контролен натпревар е веќе на 24 или 26 Јануари со струмичка Беласица, а потоа следуваат пријателски натпревари со Брегалница Штип и Академија Пандев. Потребата од ваквиот посериозен пристап и интензивен начин на подготовки, е согледана по направената детална анализа од страна…

ПОВЕЌЕ ...

„Луксузирање“ во општина Кочани веќе нема да има. Локалната самоуправа ги крати непродуктивните трошоци од буџетот. Раководството започна постапка на т.н. рационализација на расходите, па начини да се заштедат пари има и тоа веќе се направи, тврди кочанскиот градоначалник Николчо Илијев. Ги скративме трошоците за репрезентација, трошоците за патување се сведени на едно разумно ниво, мора да ги има, но се на разумно ниво и продолжуваме со штедење на секое место. Ќе продолжиме со рационализацијата, исто така морам да кажам дека во Буџетот ги скративме и средствата за IT технологија, односно за купување нови компјутери. Праксата дека секоја година треба…

ПОВЕЌЕ ...

Конфликтот меѓу португалскиот и италијанскиот фудбалски експерт почна уште во октомври 2016 година, а кон почетокот на оваа година стана многу отворен, и двајцата тренери не бираат зборови со кои ќе го навредат својот колега. Мурињо, најпрво изјави дека „не сака да се однесува како кловн пред аут линијата“, алудирајќи на специфичниот начин на Конте на водење на натпреварите, на што Италијанецот одговори дека Жозе „заборавил како тој се однесувал во сите овие години“. Мурињо потоа возврати дека „како и да се однесувал, тој никогаш не бил обвинет за местење на натпревари“, алудирајќи на четиримесечната суспензија на поранешниот италијански репрезентативец.…

ПОВЕЌЕ ...

Во Македонска Каменица поволно се продава имот со површина од 4200 м2. Парцелата се наоѓа на самиот влез во Македонска Каменица, при што има директен пристап на патниот правец Кочани – Каменица. Погодна е за градба на приватен, станбен или деловен простор, за што поседува и уредни документи (имотен лист од катастар на РМ). Цена: 8 евра за метар квадратен Телефон за контакт и подетални информации: 078 260 832.

ПОВЕЌЕ ...

Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија го објави списокот од 19 ракометари што ќе патуваат на Европското Првенство во Хрватска. Список на ракометари за ЕП Хрватска 2018: Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Мартин Велковски, Филип Кузмановски Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Гоце Ојлески Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски Одбрана: Аце Јоновски, Велко Марковски Утре рано изутрина нашата делегација заминува за Загреб, каде на 13 јануари ќе го одигра првиот натпревар од групата против селекцијата на Словенија. Во нашата група на ЕП се уште и селекциите на Црна…

ПОВЕЌЕ ...

Отворени шахти Капаците од шахтите на ЈП „Водовод и канализација” спаѓаат меѓу најомилените предмети за крадење. Завршуваат на црниот пазар за старо железо, а скопјани, пак, често не успеваат навреме да ја избегнат отворената дупка и завршуваат на клиника со скршеница. Градежни скелиња Градежната експанзија го наполни Скопје со градежни скелиња. Ги има насекаде. Независно дали за потребите на некоја фасада, нови балконски решенија или за целосна реконструкција на објект. Па, човек по автоматизам се фаќа за глава кога ќе помине под некое скеле. Кучиња-скитници Кучето е човековиот најдобар пријател. Го следи ако му дарува внимание, но втерува и страв…

ПОВЕЌЕ ...

За фановите кои сакаат да ги бодрат нашите ракометари, Телеком ќе носи 50 среќни добитници во Загреб на натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора на 15-ти јануари (повеќе инфо на www.telekombus.com). Дополнително, сите корисници, кои во периодот на првенството ќе ги изберат новиот Smart M и новата Magenta 1 M, добиваат 3.000 денари бонус за купување на нов смартфон.   Македонија на Европското првенство во Хрватска ќе игра во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Плановите се пласман во главната фаза и продолжување меѓу најдобрите 12 репрезентации.

ПОВЕЌЕ ...

Швајцарските власти соопштија дека уапсиле 80-годишен маж поради сомнение дека ограбил банка во близина на кантонот Луцерн. Обвинителството во Луцерн посочи дека осомничениот признал дека во декември минатата година извршил грабеж во банка. Локалната полиција, по грабежот објави фотографија каде е прикажан човек со маска на лицето и сина пластична кеса. Засега не е јасно дали осомничениот бил вооружен, ниту колку пари украл.

ПОВЕЌЕ ...

Експерти предупредуваат дека наредните 40 години светот ќе остане без чоколада, бидејќи на билката какао и’ се заканува исчезнување при се’ потоплите временски услови. Какаото вирее само на подрачјата 20 степени северно и јужно од Екваторот, а за да опстои потребни се посебни услови – доволно влага и дождови. Меѓутоа, глобалното затоплување и порастот на температурите за 2,1 степен Целзиусови може во наредните 30 години речиси и да го уништи растението, а со тоа и чоколадната индустрија, соопшти американската Национална администрација за океани и атмосфера. Како што температурата ќе ја суши почвата, одгледувачите на какао ќе мораат своите плантажи да…

ПОВЕЌЕ ...

Со години, Facebook ги бара мобилните телефони на своите корисници при регистрацијата, за побрз пристап до нивната лозинка, во случај да ја заборават. Со кратка СМС порака, централата испраќа нова лозинка. Сепак, неодамна беше пронајдена грешка во еден од алгоритмите, кои можат да ги откријат телефонските броеви на корисници кои посетиле одредени веб-страници. Експертите од САД, Франција и Германија го открија проблемот уште во мај 2017 година, а Facebook ја призна грешката неколку месеци подоцна. Сепак, компанијата тврди дека никој не успеал да го искористи нивниот пропуст, пренесе англиски „Телеграф“.

ПОВЕЌЕ ...