Поради магла на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје изутрината се откажани летовите од и за Истанбул, а доцнење од час и половина има на летот од Виена, за каде пак полетувањето треба да се реализира исто така со доцнење од еден час, покажуваат податоците на веб страницата на скопскиот аеродром. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид за денеска не се превдидени полетувања и слетувања. Според АМСМ маглата ја намали видливоста на повеќе патишта низ државата. Во Охрид, Струга, Ресен, Кичево, Македонски Брод и Битола видливоста е од 100 до 150 метри, во Куманово 50 до 100 метри, во Тетово…
Author: Media Point
Почетокот на оваа година не се покажа баш најдобар кога станува збор за пожарите во градските средини. Божиќните празници беа тешки за семејство од Крива Паланка, кога за време на викендов избувнал пожар во нивната семејна куќа на улица „Осми октомври“. Командирот на ТППЕ, Иле Коцевски информираше дека десеттина пожарникари и четири протиивпожарни возила го гаселе големиот пожар кој избувнал на Бадник, а во кој е причината голема материјална штета. Во интервенцијата биле употребени 16 боци со кислород поради неможноста преку замрзнатиот кров да се направи вентилација како и самата специфичност на пожарот, двајца од пожарникарите вдишале од чадот и…
Преку социјалната мрежа Фејсбук многумина од просторите на поранешна Југославија успеаја да најдат вработување во Германија. Приказната за Даниел Хорват која ја пренесе DW е уште еден пример за тоа. Имено, Даниел е возач во меѓународен транспорт од Загреб до Франкфурт, кој заработувал минимална плата, а правото на одмор не го ни имал. Во моментот кога одлучил да крене раце од се, се решил да започне да се огласува и да бара работа на групите за работа на Фејсбук. “Се што дознав за заминувањето во Германија е преку тие социјални мрежи“, вели овој 29-годишник за DW. Овие групи имаат…
Ако сакате да загубите неколку килограми, рецептот е веќе познат: Хранете се правилно и вежбајте. Но, која од овие две работи ќе направи поголема разлика? Дали е поефикасно да се оди четири пати неделно во теретана или да се јаде салата наместо чипс? За Филип Стенфорт, професор на Универзитетот во Тексас и извршен директор на тамошниот институт за фитнес, не постои дилема. „Кога губењето на килограми е во прашање, анализите покажаа дека исхраната игра многу поголема улога отколку вежбањето“, изјави Стенфорт за „Science Alert“. Тој објаснува и зошто: Вежбањето бара време и постојан напор. Потребно е повеќе време за да…
Додека САД подолг период мрзне во екстремно ниски температури и снег цела југостиочна и источна Европа е во очекување на истиот и навистински зимски температури на воздухот. Во цела југоисточно но и источна Европа овој период владее невообичаено топло време за овој дел од годината проследено со невообичаено виоки температури кои се за околу 10тина па дури и повеќе степени повисоки од просечните за овој дел од годината. Токму поради повлекување на поларните јадра од САД према Атлантикот над нашите краишта од јужните географски широчини дојде до продор на невообичаено топла воздушна маса од јужните географски широчини. Исклучок се котлините…
9 јануари 2018 (kamenica.mk) Тековните инфраструктурни проекти во Македонија отворија бројни експропријации на земјиште на граѓаните. Во ваква ситуација неретко јавниот интерес на државата за изградба на патишта, автопатишта, пруга, гасовод, а кој е дефиниран со закон, надвиснува над приватната сопственост на граѓаните. Оваа честопати непопуларна постапка што по дефиниција значи принудно одземање имот од страна на државата предизвикува реакции од граѓаните кои сметаат дека се онеправдани со понудените надоместоци, но и забавува клучни проекти што се врзани со рокови. Од надлежните институции велат дека имаат разбирање за реакциите на граѓаните со оглед дека станува збор за нивен имот, но…
Ова прашање се поставува пред македонската влада по долгогодишните доцнења во реализацијата на најзначајните автопати и магистрални патишта во земјава. Ако се суди според постојните ветувања, Македонија во наредните 12 месеци ќе ги добие двата нови автопати Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, чија вкупна должина изнесува 75,2 километри. Со нивното завршување, во целост ќе се изгради патниот Коридор 10 низ нашата земја, но и ќе се поврзе источниот дел на Македонија со главниот град. Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да се заврши до 28 февруари 2018 година. На оваа делница со должина од 28,2 километри во моментов се…
Падна снег во најголемата пустина на светот, Сахара. Неколкуте сантиметри снег го прекриле регионот на алжирскиот град Аин Сефра, кој се наоѓа во пустината. Снежните врнежи почнаа во раните утрински часови и брзо ги покриja песочните дини, објавија локалните медиуми, објавувајќи и фотографии од реткиот феномен. Просечната температура во овој регион во јануари варира помеѓу 6 и 12 степени. Ова е четврти пат снег да падне во Сахара во последните 37 години.
Традицијата продолжува! Најсреќните мигови и највесели забави во Каменица секогаш се случуваат на едно место! Мотел Мерак, наше место за прекрасни спомени со луѓето што најмногу ги сакаме! Со големо задоволство, Мотел Мерак ве поканува да ја продолжиме убавата новогодишна приказна и повторно заедно, во прекрасен амбиент, испреплетен со незаборавни и весели моменти, да ја дочекаме Стара Нова Година. За сите нас, Мотел Мерак и врвните ДИЕЗИ БЕНД се веќе докажан спој за најлуда забава во градот! Сега, за дочекот на Стара Нова Година, со голема радост, за љубителите на убавата македонска музика и песни со незаборавни рефрени, Мотел Мерак и…
8 јануари 2018 (kamenica.mk) Неблагодарно е да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР Благојче Котески во интервју за МИА. – МЕР го развива транспортот и го носи гасот до главната регулациска станица во градовите, а оттаму самите општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој…
