Во законот стои дека секоја општина има обврска за изработка на зелен катастар, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба, а внесен е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител, за сите идни Генерални урбанистички планови.(Фото:М.Златевска) Најмалку 20 отсто зелена површина треба да има секоја градежна парцела. Ова се предвидува со Законот за урбано зеленило, усвоен вчера во Собранието. Во законот стои дека секоја општина има обврска за изработка на зелен катастар, односно попис на целото зеленило, по број, вид и состојба, а внесен е стандардот од 25 квадратни метри зелена површина по жител, за…
Author: Media Point
Лидерот граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, убиен е утринава пред канцелариите на неговата партија во Косовска Митровица. Српските медиуми пишуваат дека тој им подлегнал на повредите. Ранет со четири куршуми, Ивановиќ во бесознание бил пренесен во локалната болница во Косовска Митровица на реанимација, но докторите не можеле да го вратат во живот. Северниот дел на Косовска Митровица утринава е блокиран од специјални сили на косовската полиција, кои трагаат по човекот кој пукал во лидерот на косовските Срби.
Тажна вест денеска во светот на музиката: Ирката Долорес О’Рирдан, пејачка на Кренберис, почина на возраст од 46 години. Причината за смртта не е откриена, а нејзиниот публицист само рече дека О’Рирдан ненадејно починала во Лондон, објави Ти-ем-зи. „Членовите на семејството се скршени од болка поради веста и побараа приватност во ова мошне тешко време“, се додава во соопштението. Лондонската полиција исто така ја потврди веста, вели Гардијан, и дека телото на О’Рирдан било најдено во хотелот „Парк лејн“. „Во оваа рана фаза смртта се третира како нејасна“, се вели во полициското соопштение. О’Рирдан и групата од Лимерик снимале во Лондон. Кренберис…
Несоницата во одредена фаза од животот се појавува кај една од три личности. Покрај тоа што може да доведе до хроничен замор и недостиг на концентрација, долготрајниот недостиг на сон генерално има негативно влијание на здравјето. Меѓу другото, недостатокот на сон може негативно да влијае на здравјето на срцето, да предизвика депресија, или дури Алцхајмерова болест, па затоа многу е важно да се води сметка за добар сон. Притоа треба да се знае дека ни е потребна различна количина на сон. На возрасните луѓе им се потребни од 7 до 8 часа, додека постарите во просек спијат помалку. Можеби е…
Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден натпревар со фантастично второ полувреме и дојде до втората победа на Европското првенство (ЕП) во Хрватска. Пред тимот на Гонзалез, падна селекцијата на Црна Гора, која е совладана со 28-29 (16-15). Слично како и на мечот со Словенија, нашиот национален тим одигра две различни полувремиња. За одбележување е блесокот на Филип Кузмановски во вториот дел, кој го „изрешета“ голот на балканскиот ривал, како и добрата поставеност на пивотите кои Раул реши да ги удвојува и кои имаа за задача да отвораат место за бековите. За првпат на едно големо натпреварување, Македонија отвори со две победи…
Бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков во Собранието ја презентираше програмата за работа и приоритетите Бугарското претседателство со Советот на ЕУ пред Комисијата за европски прашања. (Фото: М. Златевска) Бугарија ќе ја поддржува Македонија за членството но НАТО и во Европската унија за време на претседателствување со Советот на Европската унија, рече бугарскиот амбасадор во Македонија Иван Петков, на денешната презентација на програмата и приоритетите за работа на бугарското претседателство со Советот на ЕУ во Собранието. „Бугарија ги поддржува напорите на владата, опозицијата и граѓанскиот сектор за постигнување на највисоките национални цели, членство во ЕУ и НАТО и сакаме тоа…
Пред почетокот на пролетниот дел од натпреварувањата на екипите од ФК Каменица- САСА, ЈП Камена река започна со редица активности за подготовка за теренот за игра. Прва од нив е ѓубрење на тревникот на градскиот стадион во Македонска Каменица. Тревникот треба да се наѓубри со соодветно ѓубриво за да може тревата да добие на јачина во зимскиот период и да си го задржи својот квалитет и зелена боја. Овие активности благодарение на ЈП Камена Река ке продолжат и во наредниот период во зависност од потребите и условите за работа. Планираните активности се од поширок обем и во наредниот период, во…
15. Јануари 2018 каменица.мк Пијан полицаец од Кочани при семејна расправија пукал по жена му, откако претходно ја малтретирал психички и физички. Овој семеен инцидент се случил на трети декември минатата година, но сопругата на полицијата и го откри вчера, откако конечно таму го пријавила нејзиниот сопруг, 39-годишниот М.К. Поводот бил идентичен, односно 38-годишната жена на полицаецот вчера повторно физички и психички била малтретирана. Поради ова, основното јавно обвинителство во Кочани издало наредба со која на М.К. му бил одземен пиштолот,а преземени се и соодветни мерки за расчистување на настанот. Освен обвинителството, во случајот е вклучен и одделот за внатрешна…
Трендот на поскапување на нафтата продолжува што се должи на повеќе економски фактори како растот на вредноста на акциите на големите светски берзи, раст на пазарот на капитал, како и даночните реформи во САД кои на најбогатите корпорации ќе им донесат огромни олеснувања. Цената на нафтата затоа на светските берзи минатата недела се зголеми за повеќе од три проценти, достигнувајќи највисоко ниво во последните три години, благодарение на намалената нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката. На берзата во Лондон цената на барел нафта порасна за 3,3 отсто на 69,87 долари, додека во Њујорк енергенсот поскапе за 4,7 отсто на 64,30 долари.…
Просјаците во градот Дубаи месечно заработуваат и до 73.500 долари (околу 60.000 евра). Дубаи е познат како богат град во кој и професионалните просјаци може да заработат мало богатство. Полицијата се обидува да се бори против организираните групи на просјаци, но просењето и понатаму е раширено. Станува збор за банди од Азија и Саудиска Арабија, кои испраќаат просјаци во Дубаи, најчесто со визи што траат три месеци, а потоа им ги земаат парите што ќе ги заработат. Просењето во Дубаи е забрането, но станува збор за професионалци чија цел, пред сѐ, се богатите луѓе. Им говорат дека нивните семејства живеат…
