Група истржувачи објавија документ во кој тврдат дека манипулациајта со биткоин е полесна отколку што изгледа. Дополнително, порастот на цената на биткоин минатата година од 150 на 1 000 долари го лоцираа кај еден манипулатор. Според овој документ со цената на вредноста на биткоин манипулираат најмногу еден или двајца големи играчи. Како причина за ова и показател, Нил Гендал, Џ. Т. Хамрик, Тајлер Мур и Тали Оберман гледаат неколку сомнителни размени на биткоин на Mt. Gox. Сомнителна е една од најголемите размени во кои лажно се разменети 600.000 биткоини. Во овој период вредноста на биткоин рипна од 150 на 1 000 долари. Размената…
Author: Media Point
Македонија одигра 25-25 против Германија во рамки на третото коло во Групата Ц на Европското првенство во Хрватска. Со ова реми нашата репрезентација во следната главна фаза во Вараждин ќе пренесе три бода и ќе има сериозни шанси за висок пласман на овој континентален турнир. Одигравме уште еден фантастичен натпревар, овој пат против европскиот првак, а имавме и добра шанса да победиме. Стојанче Стоилов на 15 секунди до крајот утна зицер, односно Силвио Хајневетер одлично одбрани. Германија во последниот напад не успеа постигне гол за победа. Борко Ристовски со 12 одбрани беше човек на натпреварот, додека Филип Талески со шест…
Групата која се игра во Вараждин, а со која вкрстуваме ние, е многу интересна поради податокот што таму одиме со три бода, најмногу од сите селекции од нашата група, но лесно може да се случи во новоформираната Група да влеземе како лидери. Зошто? Откако Чешка ја шокираше Унгарија и ја испрати дома, а воедно ја „испразни“ салата, која сега ќе биде само за Фалангата, во вечерашниов меч победа на Данска над Шпанија ќе значи дека сите три селекции од таа група ќе стартуваат со по два бода. Македонија со три поени би била лидер, а бидејќи имаме време да одмораме до…
17. Јануари 2018 каменица.мк Денес, 17 Јануари, Градоначалникот на општина Македонска Каменица – Соња Стаменкова, оствари работна посета на општина Белица, Република Бугарија. На средбата со Градоначалникот на општина Белица – Радослав Ревански, е разговарано за продолжување на досегашната плодна соработка помеѓу двете општини и нејзино продлабочување во повеќе насоки од наредниот период. Оваа посета е организирана за интензивирање на прекуграничната соработка помеѓу двете општини и утврдување на насоки и правци за аплицирање на неколку проекти од страна на двете општини. На овој работен состанок на кој присуствуваше и Драгица Здравева, Директор на ИПР, е договорен и заеднички проект од…
Минатата година во Македонија за исчезнати биле пријавени вкупно 77 жени.Од нив 66 биле пронајдени,а по 11 и натаму се трага. По нив биле распишани и централни потерници. Вчера пак, полицијата во својот полициски билтен наведе дека татко трага по својата ќерка, а пак, дедо по внуката. Завчера во Полициската станица во Гостивар,се јавил А.Ф. (42) од Гостивар и пријавил дека претходниот ден од домот во непознат правец се оддалечила неговата ќерка А.Ј. (20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Сличен настан во Полициското одделение Сарај,пријавил и Р.А. (73) од с.Грчец . Според него пред околу 20 дена од…
16. Јануари 2018 каменица.мк Се известуваат сите заинтересирани Здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови и други форми на здружување во областа на спортот дека согласно програмите за работа на Советот на општина Македонска Каменица за 2018 година, доколку сакате Вашата активност да биде финансиски поддржана од Буџетот на општина Македонска Каменица потребно е да доставите барање до Советот на општина Македонска Каменица. Со барањето потребно е да доставите и: – Тековна состојба (да не биде постара од шест месеци од денот на поднесување на апликацијата); – Статут; – Годишна програма за работа; – Наративен и финансиски извештај…
Важноста да се проговори без оглед на тоа кога сме ја собрале храброста или сме ја имале можноста да го направиме тоа е целта на оваа иницијатива,велат организаторите. Широк е спектарот на сексуално насилство, посебно во најранливите групи во кои е многу тешко да се докаже вина на сторителот и во ситуации во кои низ секојдневниот говор се манифестира сексуално вознемирување. „И особено во мала средина многу е тешко да се издвојат сторителите, затоа што сите на некој начин се поврзани со сите па решивме на ваков еден начин да покажеме колку е нормализирано и секојдневно овој тип на насилство“,…
16. Јануари 2018 каменица.мк Преку социјалната мрежа Твитер штипјанка веќе неколку дена интензивно си ја бара сестрата близничка. Наведува дека таа е родена на 12 август 1990 година како една од двете близнички. За жал, како што тогаш персоналот на штипската болница на мајката и соопштил дека едно од нејзините две девојчиња починало за време на породувањето. Но, животната дилемата во семејството на младата штипјанка ја открива една случајна средба со непозната жена која е фрапирана од нејзината и сличноста на друга девојка која е видена и која веројатно живее во Струмица. За ненадејната средба штипјанката зборувала со родителите по…
16. Јануари 2018 каменица.мк Вработените во ЈП ,,Камена Река” оваа недела работеа на поставувањето на нова фекална канализација во село Моштица 1 (Павлиш дол). Во работната акцијата вчера и денес беше ископан ров во должина од 86 метри и во истиот беа поставени цевки за одвод. Активностите за поставување на нова фекална канализација во должина од 160 метри ке продолжат и во текот на наредните денови и ќе бидат опфатени околу 10 домаќинства. Ова е уште една потврда дека ЈП „Камена Река“ е јавен сервис, кој се грижи за потребите на граѓаните и во руралните средини од општината. Ваквата пракса…
Ние свештениците при храмот „Свето Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица по повод големиот христијански празник Богојавление- Водици, ги известуваме сите верници кои ќе земат учество во фаќањето на светиот крст да достават потврди од матичните лекари за нивната здравствена состојба до свештенството при храмот. Ја користиме оваа пригода и да им укажеме на учесниците во овој свет чин, да се однесуваат пристојно и во духот на нашата православна вера. Денот пред Богојавление- Водокрст (18. Јануари) е строг пост (на вода), а во петок, на Богојавление- Водици (19. Јануари), не се пости, односно се блажи. Распоред на богослужбите: 18.…
