„Бумот на милијардери не е знак за просперитетна економија, туку тоа се симптоми економски систем кој пропаѓа“, велат од Оксфам интернешнел, кој непосредно пред самитот во давос го публикување извештајот за распределба на богатството во светот. – Најбогатиот човек на светот Џеф Безос (Фото: АП) Повеќе од 8 долари од секои 10 долари создадено богатство лани завршило кај најбогатите еден отсто. Ова е според најновиот извештај на „Оксфам интернешнел“, меѓународна конфедерација на хуманитарни организции, која проценува дека кај 50 отсто од светската популација лани немало зголемување на богатството. „Оксфам“ вели дека трендот покажува дека глобалната економија е искривена во корист…
Author: Media Point
Четворица Македонци се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска на патот Добриниште – Банско, во Бугарија. Автомобилот во кој се возеле македонските државјани излетал од патот и се превртел неколку пати. Повредените патници, до најблиската болница во Разлог биле пренесени со две амбулантни возила. Во нивното извлекување учествувале и припадниците на противпожарната единица, кои поради сериозните оштетувања, морале да го сечат возилото. Повредените се надор од животна опасност. Тројцата 48 годишни мажи се здобиле со повреди на градите и екстремитетите, а најтешко поминала 41 годишната жена, која завршила со фрактура на рбетниот пршлен. Од полицијата информираат дека…
19. Јануари 2018 каменица.мк Делницата од магистралниот пат А3 во близина на Облешево одзеде уште еден човечки живот, со што оваа собраќајница и од почетокот на годинава потврдува дека е црна точка по целата нејзина должина. Во тешка сообраќајна несреќа загина велосипедист кој во критичниот момент се движел во близина на надвозникот преку железничката пруга кај Облешево. Според официјалната информација од полицискиот увид, сообраќајната несреќа се случила околуво четвртокот околу 16 часот при што автобус со кочански регистерски таблички што го управувал 60-годишниот М.М. од Кочани удрил во 58-годишниот С.Т. од Мојанци кој управувал велосипед. Од силниот удар велосипедистот се здобил…
18. јануари 2018 каменица.мк Сообраќајот на државните патишта во државата се одвива по влажни коловози, а на некои места со остатоци од кашест снег по коловозите. Поради обилните дождови ко го зафати источниот регион од државата појавата на поголеми одрони на патниот правец КОЧАНИ – КАМЕНИЦА – ДЕЛЧЕВО е особено зачестена. Истите предизвикуваат големи потешкотии во сообраќајот и отежнато движење на возилата и во двата правци. Препорачливо е почитување на сообраќајната сигнализација и двојно поголема претпазливост во сообраќајот. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Други места и патни правци каде е можна…
Иако со години се зборува за гасификација бројките покажуваат дека досега на одредени делници малку е постигнато. Од Неготино до Битола и од Гостивар до Тетово се завршени едвај 17 % од работите, а главниот проблем се лоцира во имотно правните односи, односно неможноста да се изврши експропријација бидејки за една парцела се појавуваат по неколку сопственици. Надлежните сепак уверуваат дека роковите ќе се испочитуваат до крај и за две години, ќе стигне гас од националниот гасовод до првите потрошувачи. Годинава треба да се изградат 80 километри од мрежата, а за 4 месеци ќе завршат работите на гасоводот на делницата…
Ако тој или таа ја злоупотреби својата позиција како наставник, како возрасно лице, последиците не се само од сексуален карактер, туку се и психолошки. Се руши моделот на авторитет, сето тоа младиот човек го потиснува, а сѐ што ќе се потисне продолжува да егзистира – вели психологот Милка Ололовска. Многу храбри жени деновиве на „Фејсбук“ објавуваат потресни приказни за сексуално вознемирување што го почувствувале на своја кожа и со тоа ја подигаат свеста за овој вид насилство. Ако го отворите хаштагот #СегаКажувам и #TaniTregoј веднаш ќе забележите дека голем дел од сексуалните напади се случиле во образовни институции, училишта и…
Кошарка игра од шест години, а фитнес тренира од 18 години. Убавата Едина Муса, за своите 26 години може да се пофали со светски успеси во двата спорта. Најтазе и е оној од Франција, на светското првенство во бикини фитнес (2017 IFBB World Fitness Championships), кое се одржа на почетокот од декември во Бијаритс, Франција. Оттаму Едина се врати со освоено 12-то место. По осум месеци пауза, шармантната бикини фитнес шампионка минатата недела го направи и својот кошаркарски камбек. На 27 јануари, таа повторно ќе заигра во женскиот КК „Вардар“. За својот сексапил и за сексапилот на секоја жена, вели дека може да биде само плус, но она во што најмногу верува се…
Потпретседателот на „Месинџер“, Дејвид Маркус, ги објави своите предвидувања за оваа апликација. Некои се очекувани, а некои навестуваат промени што можеме да ги очекуваме. 1. Поголема интеракција на „Месинџер“ „Месинџер“ би требало да го поддржи најавениот пресврт кон смислени интеракции на „Фејсбук“, и онлајн и офлајн. Можно е тоа да значи воведување ботови направени врз основа на вештачка интелигенција, слично како „Гугл асистант“. Треба да се очекува и полесно споделување на содржината, можно е и прикажување на видеото во апликација и пребарување на вести, но и подобро комуницирање при вонредни околности. 2. „Месинџер“ ќе има нов дизајн Во последните години…
Британската влада назначи министер за осаменост. Овој проект бил започнат од покојната британска пратеничка Џо Кокс. Трејси Крауч изјави дека е горда што ќе го преземе „генерацискиот предизвик“ за да се справи со проблемот што влијае врз девет милиони луѓе во Велика Британија, без разлика на возраста. Трејси изјави дека ќе соработува со сите политички партии во текот на нејзината улога. Комисијата за осаменост првпат била формирана од страна на г-ѓа Кокс, која била убиена пред ЕУ-референдумот од страна на човек кој извикувал: „Прво Британија“ за време на нападот. Извештај од 2017 година укажува дека осаменоста е штетна за здравјето…
17. Јануари 2018 каменица.мк Поради одрони сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица и обратно се одвива отежнато. Поради дождот кој го зафати Пијанец видлива е појавата на големи одрони кои предизвикуваат големи потешкотии во сообраќајот и отежнато движење на возилата и во двата правци. Препорачливо е почитување на сообраќајната сигнализација и двојно поголема претпазливост во сообраќајот на споменатата релација. Благодарност до Александар Лазаревски и Делчево365 за благовременото известување!
