Author: Media Point

Ако сакате да загубите неколку килограми, рецептот е веќе познат: Хранете се правилно и вежбајте. Но, која од овие две работи ќе направи поголема разлика? Дали е поефикасно да се оди четири пати неделно во теретана или да се јаде салата наместо чипс? За Филип Стенфорт, професор на Универзитетот во Тексас и извршен директор на тамошниот институт за фитнес, не постои дилема. „Кога губењето на килограми е во прашање, анализите покажаа дека исхраната игра многу поголема улога отколку вежбањето“, изјави Стенфорт за „Science Alert“. Тој објаснува и зошто: Вежбањето бара време и постојан напор. Потребно е повеќе време за да…

ПОВЕЌЕ ...

Додека САД подолг период мрзне во екстремно ниски температури и снег цела југостиочна и источна Европа е во очекување на истиот и навистински зимски температури на воздухот. Во цела југоисточно но и источна Европа овој период владее невообичаено топло време за овој дел од годината проследено со невообичаено виоки температури кои се за околу 10тина па дури и повеќе степени повисоки од просечните за овој дел од годината. Токму поради повлекување на поларните јадра од САД према Атлантикот над нашите краишта од јужните географски широчини дојде до продор на невообичаено топла воздушна маса од јужните географски широчини. Исклучок се котлините…

ПОВЕЌЕ ...

9 јануари 2018 (kamenica.mk) Тековните инфраструктурни проекти во Македонија отворија бројни експропријации на земјиште на граѓаните. Во ваква ситуација неретко јавниот интерес на државата за изградба на патишта, автопатишта, пруга, гасовод, а кој е дефиниран со закон, надвиснува над приватната сопственост на граѓаните. Оваа честопати непопуларна постапка  што по дефиниција значи принудно одземање имот од страна на државата предизвикува реакции од граѓаните кои сметаат дека се онеправдани  со понудените надоместоци, но и забавува клучни проекти што се врзани со рокови. Од надлежните институции велат дека имаат разбирање за реакциите на граѓаните со оглед дека станува збор за нивен имот, но…

ПОВЕЌЕ ...

Ова прашање се поставува пред македонската влада по долгогодишните доцнења во реализацијата на најзначајните автопати и магистрални патишта во земјава. Ако се суди според постојните ветувања, Македонија во наредните 12 месеци ќе ги добие двата нови автопати Демир Капија – Смоквица и Миладиновци – Штип, чија вкупна должина изнесува 75,2 километри. Со нивното завршување, во целост ќе се изгради патниот Коридор 10 низ нашата земја, но и ќе се поврзе источниот дел на Македонија со главниот град. Автопатот Демир Капија – Смоквица треба да се заврши до 28 февруари 2018 година. На оваа делница со должина од 28,2 километри во моментов се…

ПОВЕЌЕ ...

Падна снег во најголемата пустина на светот, Сахара. Неколкуте сантиметри снег го прекриле регионот на алжирскиот град Аин Сефра, кој се наоѓа во пустината. Снежните врнежи почнаа во раните утрински часови и брзо ги покриja песочните дини, објавија локалните медиуми, објавувајќи и фотографии од реткиот феномен. Просечната температура во овој регион во јануари варира помеѓу 6 и 12 степени. Ова е четврти пат снег да падне во Сахара во последните 37 години.

ПОВЕЌЕ ...

Традицијата продолжува! Најсреќните мигови и највесели забави во Каменица секогаш се случуваат на едно место! Мотел Мерак, наше место за прекрасни спомени со луѓето што најмногу ги сакаме! Со големо задоволство, Мотел Мерак ве поканува да ја продолжиме убавата новогодишна приказна и повторно заедно, во прекрасен амбиент, испреплетен со незаборавни и весели моменти, да ја дочекаме Стара Нова Година. За сите нас, Мотел Мерак и врвните ДИЕЗИ БЕНД се веќе докажан спој за најлуда забава во градот! Сега, за дочекот на Стара Нова Година, со голема радост, за љубителите на убавата македонска музика и песни со незаборавни рефрени, Мотел Мерак и…

ПОВЕЌЕ ...

8 јануари 2018 (kamenica.mk) Неблагодарно е да даваме рокови, но за две години можеме да имаме гасификација во Македонија доколку општините работат на процесот паралелно со Македонски енергетски ресурси, вели директорот на МЕР Благојче Котески во интервју за МИА. – МЕР го развива  транспортот и го носи гасот до главната  регулациска станица во градовите, а  оттаму самите  општини ќе треба да преземат иницијатива, да ја средат потребната документација и да овозможат структура која ќе ја врши дистрибуцијата во градската средина. Ако овие две активности се вршат паралелно, значи додека ја градиме националната мрежа, а општините го почнат својот дел, кој…

ПОВЕЌЕ ...

Големи количини песок од Сахара преку Медитеранот со јужните ветрови пристгнуваат во западна и централна Европа во наредните неколку денови. На мапата на порталот severe-weather.eu може да се види дека песок и прашина од Сахара ќе пристигнат на нашиот регион по 8ми јануари, а таа појава ќе се задржи и во наредните неколку дена. Големи количини сахарска прашина првин ќе минат низ Италија, пред се низ Корзика, а потоа Швајцарија, делови на Франција, Белгија, Холандија и Луксембург, па се до Велика Британија. Струите од Северна Африка секоја пролет носат сахарски песок на европското копно, само затоа што неговата концентрација некаде е…

ПОВЕЌЕ ...

(Фото: Pixabay) Биткоинот имаше одлична година, порасна за фантастични 1.300 проценти, но тоа не е најпрофитабилната дигитална валута. Еве некои валути што се подобри од биткоинот и на кои треба да обрнете внимание во 2018 година: Ripple Најдобрата меѓу првите пет. Оваа валута скокна од 0,006523 на 2,29 долари, завршувајќи ја годината со неверојатен раст од 35.000 отсто. Со пазарен удел од речиси 100 милијарди долари, на добар пат е да стане втората најважна криптовалута во светот по биткоинот. Ripple е една во низата криптовалути што се покренати од компанијата „Ripple“. За разлика од биткоинот, ripple-коинот не го копаат поединци, туку се емитира…

ПОВЕЌЕ ...

Две лица на возраст од 39 години се здобиле со телесни повреди откако маж од село Кучевиште удрил во нив со џип марка „Мерцедес“. Настанот се случил синоќа по полноќ околу 1.40 часот во скопското село Мирковци, додека мештаните го славеле Бадник со запален оган. Околу бадниковиот оган биле присутни повеќе граѓани, кога им се доближил И.П. од Кучевиште и им се заканил дека со неговото возило ќе помине низ огнот и дека ќе ги прегази. Потоа, И.П. го стартувал неговото теренско возило „Мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, тргнал кон присутните граѓани, поминал низ огнот и удрил во М.Б. (39)…

ПОВЕЌЕ ...