Четири лица се тешко повредени, во директен судир на два автомобила кај Крупиште. Со две амбулантни возила, повредените итно се пренесени во Клиничката болница во Штип и засега нема поконкретни информации за нивната состојба и типот на повреди. Интензитетот на судирот бил толку силен, што повредени од возилата биле извлекувани со интервенција на пожарникарите: Имавме дојава за сообраќајна несреќа. Возилото опремено за такви интервенции со пет пожарникари интервенираше на лице место и за кратко време ги извлекоа повредените луѓе , изјави Тони Ѓорѓиев, командир на смена во ТППЕ – Штип. Директниот судир кај Крупиште беше причина за застој на сообраќајот…
Author: Media Point
Крушево, посетителите од Македонија и од Балканот денеска достоинствено, со сеќавања и песни го одблежаа 37-от роденден на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој пред 11 години трагично загина. Тоше го обедини Балканот, велат фановите. Се снимаат три спота за неговите песни, ќе има концерт, а на пролет треба интензивно да почнат работите за изградба на достоинствен вечен дом на Тоше на Гумење… Со песни, сеќавања, почит на неговиот вечен дом и со многу љубов. Вака посетителите денеска го прославија 37-от роденден на Тоше Проески во Крушево. Тошевите фанови,пак, пристигнаа од целиот Балкан. „Тоше е чиста љубов. Доаѓам…
По теркот на ЕУ, Делчево, Берово и Пехчево денеска ја основаа Локалната акциска група „Малеш-Пијанец“. Општините заедно со НВО и бизнис-секторот од регионот се основачи на ЛАГ-от кој треба да донесе развој на регионот. Ова денешно основачко собрание е почеток на регистрацијата на ЛАГ која потоа ќе вклучи и други претставници од НВо сектор и бизнис секторот. Лаговите и во Европа и во целиот свет функционираат на тој начин со проекти. Ние и досега користевме средства од проекти, но сега здружени сите заедно можеме да добиеме и поголеми средства што ќе придонесе за развој на регионот, изјави Горан Трајковски, градоначалник…
25. Јануари2018 каменица.мк Според информациите кои што пред малце пристигнаа до редакцијата на Каменица.мк, сообраќајот на меѓународниот патен правец Кочани – Штип е во прекин, во двете насоки на движење. Возилата се преусмеруваат по обиколни патишта. Станува збор за сообраќајна несреќа за која детели не се познати. Увидните екипи се на терен и со подетелни информации ќе ве известиме во текот на денот, веднаш по добивањето на нови информации за настанот.
Шеесет и едногодишен жител на скопското село Трубарево се самоповредил, односно со нож се прободел во пределот на градниот кош. Инцидентот се случил вчера утрото, а на повредениот му помогнала медицинска екипа на Брза помош, од каде што и го пријавиле случајот во полиција. Од МВР информираат дека таткото на повредениот им раскажал дека неговиот син, видно изнервиран и разочаран, во еден момент почнал со глава да удира во ѕид, по што земал нож и се прободел во градите. -Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди…
Планината Влаина припаѓа во групата на средно високи (1500-2000 м) планини во Република Македонија и се протега долж самата граница со Бугарија. Највисок врв е Кадиица во јужниот дел на планината, со височина од 1932 m. Според височината, Влаина е втора планина во источниот дел на државата, веднаш по Осоговските Планини (2252 m). Сепак, релативната височина од пониските терени (кои се на 800-1000 м) до највисоките планински делови е мала и изнесува околу 1000 метри. Покрај Кадиица, останати поистакнати врвови се: Кадин Бунар (1793 м) на југ, Буковиќ (1723 м) на запад, Занога (1577 м) на север и други. Врвовите…
Траорна атмосфера владее во тетовското маало Горна чаршија каде што изутринава во пожар загинаа мајка и нејзините четири малолетни деца. Екипа на „Макфакс“ е на терен, но пристапот до опожарената куќа е оневозможен поради увидот кој сè уште трае. На улицата Гоце Делчев се насобрани соседите и семејството на загинатите, кои не можат да поверуваат што се случи. Видео плејер 00:00 00:29 На местото на несреќата има припадници на полицијата, пожарникари, како и екипа на форензичари од Скопје. Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари. Постојат сомнежи дека настанал или…
Потребен е посебен закон за регулирање на практиканство сметаат од Стопанските комори во Македонија, незадоволни од тоа како сега е регулирана практиканската работа во земјава во Законот за средно и Законот за високо образование. На денешната „Дискусија на тема практиканство: потреби, искуства и предлози“, беа разменети искуства помеѓу сите учесници, со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација и изнаоѓање на соодветни решенија како и подготовки за нов закон како потреба и иницијатива за регулирање на практиканството во нашата земја. Во Министерството за труд и социјална политика веќе е формирана работна група…
25. Јануари 2018 каменица.мк Осумдесет и осум годишен дедо се обидел да силува соселанка Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ѓ.И.(88) од село Воиславци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“. Како што стои во полицискиот билтен, на 16 јануари годинава околу 8:10 часот во село Воиславци, во близина на селската продавница, Ѓ.И. се обидел да изврши полови дејствија врз жителка на селото.
24. Јануари 2018 каменица.мк Веќе втор ден интензивно се работи на отстранување на камените одрони долж трасата од меѓународниот пат Каменица – Кочани. Како што можете да видите и на краткото видео, станува збор не само за чистење на камените одрони, туку и почеток на активности за темелно осигурување на критичните точки. Заради градежните активности, сообраќајот во текот на денот ќе биде во повремен прекин и во двата правци: https://youtu.be/NTsgL6C7GBY
