Финска се залага за укинување на летното сметање на времето во рамки на ЕУ. Ова се бара затоа што повеќе од 70.000 Финци минатата година потпишаа петиција за укинување на летното сместање на времето. Финската министерка за сообраќај и комуникација, Ан Бернер, изјави дека владина цел е откажување од оваа пракса во рамки на Унијата. За споредба, во Хрватска 85% од граѓаните сметаат дека треба да се укине летното и зимското сметање на времето. Група пратеници од ЕП бараа укинување на зимско и летно сметање на времето.
Author: Media Point
Музиката и зборовите од изворната каменичка песна „Дафино, моме, Дафино“ повторно се пееше во М. Каменица од ветераните на познатата група „Распеани каменичани“. Дваесетина членови на старата група „Распеани Каменичани“ и КИЦ „Романса“ од М Каменица се собраа заедно за да одбележат 30 години од издавањето на нивната прва и единствена плоча каде се поместени 11 староградски и народни песни. Групата броела околу 40 членови кои во различни временски интервали, некои биле порано некои покасно откажани. Групата е во поодминати години. Моја иницијатива и моја желба е ако може да го обновиме овој состав со тоа што нели да видиме…
Несекојдневна сообраќајка се случи утринава на скопските улици. Според објавените фотографии на Ѕидот на сообраќајниот срам, полициски автомобил удри во камион на Партизанска. Причинета е мала штета и нема повредени.
Понекогаш е тешко да се прифати националната историја. Причините се различни: граѓанска војна, политичко угнетување или едноставно промена на вредностите, а спомениците и другите траги од минатото често нè потсетуваат дека она што ни било блиско во минатите векови не мора да се се совпаѓа со она што го почитуваме денес. Малиот италијански град Болцано може да биде модел за справување со таквите проблеми. Неколку децении, градскиот оддел за финансии бил сместен во зграда од фашистичката ера, со масивна скулптура – релјеф што го прикажува Бенито Мусолини на коњ и на кој пишува „Credere, Obbedire, Combattere” (Верувам, се покорувам, се…
Суво и релативно топло ќе биде до четврток. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината. Утринските температури утре ќе бидат ниски, а преку ден температурата ќе го достигне 15-тиот степен. Во Каменица максималната температура утре ќе достигне до 10 степени. Веќе од четврток се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на температурата на воздухот. Од следниот викенд, УХРМ најавува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.
27. Јануари 2018 каменица.мк Посегнувањето по еден сосема обичен антибиотик за малку ќе завршело кобно за 38-годишниот Миле Здравков. Овој човек кој имал и рецепт за лекот отишол во најблиската аптека каде секогаш ги набавувал лековите за себе и своето семејство, но еден час откако го испил антибиотикот, сфатил дека нешто не е во ред. „Почувствував мала вртоглавица, болки во стомакот, се јави главоболка, а пулсот ми беше многу забрзан. Сфатив дека ќе се онесвестам, но претходно успеав да повикам брза помош која, за среќа, пристигна навреме“, раскажува Миле. Тој вели дека лекарската екипа веднаш утврдила оти станува збор за…
27. Јануари 2018 каменица.мк Единаесет градоначалници од Источниот плански регион и претставници од повеќе министерства и од 25 до 27 јануари ќе ги посетат парковите на природата „Беласица“ и „Рилски Манастир“. Предвидена е и средба со градоначалниците на Петрич и Благоевград од Република Бугарија, со цел размена на искуства во однос на управувањето со заштитените подрачја. Студиската посета е организирана преку Програмата за зачувување на природата во Македонија со цел клучните чинители од ИПР да се запознаат подетално со начините на кои се управува со заштитени подрачја со различни категории на заштита. Во оваа прилика градоначалниците директно од нивните бугарски…
Министерството за образование и наука ги повика наставниците од одделенска настава да достават предлози и коментари за новите наставни програми што се предвидуваат во основното образование. „За да создадеме што е можно подобар и поквалитетен образовен модел, сакаме да го слушнеме гласот и мислењето на лицата кои секојдневно се вклучени во образовниот процес, наставниците. За таа цел, Министерството за образование и наука бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за…
Со оглед на фактот дека поголемиот дел од марихуаната која се консумира во САД е дојдена преку Мексико од каде по разни линии се криумчари од седум тамошни картели кои го делат бизнисот, истражувачите сакале да дознаат како новата легислатива влијае врз стапките на криминалот. Во американските федерални држави во близина на границата со Мексико во кои марихуаната е легализирана за медицински употреби, криминалот поврзан со овој производ е намален во просек за 13%, обелоденува студија објавена во Економски журнал. Најголем пад од 15% забележува Калифорнија. Економистката Велина Гаврилова, која е автор на студијата, објаснува дека новите прописи на фармерите им…
Пензија ќе земаат и оние што немаат 15 години стаж, но само ако немаат други приходи. Најверојатно износот ќе биде 40 отсто од просечната старосна пензија или близу 6.000 денари. Мерката ќе стартува најдоцна до 2020 година. Ова е едно од ветувањата на СДСМ во предизборната кампања за кое веќе се работи во Министерството за труд и социјала. Иако голем дел од граѓаните, посебно оние што спаѓаат во оваа категорија лица, веднаш ја поздравија одлуката, сепак, се отвара прашањето дали ова е еден вид контрадикторна политика на Владата во услови кога дупката во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ)…
