Author: Media Point

Живееме во време кога ретко може да сретнеме вистински човек. Ова видео ќе ви ја покаже вистинската слика на тоа какви се луѓето што живеат во Скопје. Браво за нашиот пријател Мартин кој го сними ова интересно видео. Погледнете го видеото и споделете да го видат и вашите пријатели … https://www.youtube.com/watch?v=p_FUJBUb7T8

ПОВЕЌЕ ...

Ракометна Македонија ја слави првата победа на ЕП 2018 во Хрватска. Падна фаворизираниот противник кој има бронза на последниот Мундијал. Македонија бодрена од илјадниците фанови во преполнетата загребска Арена ја победи Словенија со 25:24 и стигна до првите бодови во групата Ц. Играта осцилираше и кај двата тима, но Македонија го издржа притисокот и кога беше најпотребно го покажа искуството. Ова е многу важна победа за нас пред мечот со Црна Гора кој го играме утре. Погледнете како четата на Раул Гонзалез ја победи Словенија… https://www.youtube.com/watch?v=dMTLgIyZyoo

ПОВЕЌЕ ...

Три часа по полноќ, 30 годишниот З.А. од Штип со својата сопруга бил во угостителски објект. Од засега непознати причини, на него му пришол 32-годишниот О.О. исто така од Штип и ненајдено почнал да го удира со тупаници по лицето и телото. На нападот, З.А. станал да реагира, но дошло обезбедувањето и инволвираните ги раздвиле и отстраниле од објектот. Поради добиените повреди З.А. се упатил во болницата во штип на лекарски преглед. Но, додека се наоѓал на применото одделние таму повторно пристигнал напаѓачот О.О. но сега во друштво на уште едно лице на возраст од 29 години. Откако го забележале,…

ПОВЕЌЕ ...

Жителите протестираат против спортските обложувалници и казината. И децата и возрасните бараат тие да бидат затворени. Протестот започна веднаш по петочната молитва. Тие го блокираа патот што минува покрај зградата на општина Врапчиште. Демонстрантите потпишаа петиција и собраа 800 потписи, пренесе ТВ21. На протестот, во знак на поддршка излезе и градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани, кој што испрати порака до институциите на централно ниво да ја почитуваат волјата на жителите на Врапчиште. Демонстрантите порачаа дека доколку не се преземат мерки, ќе ги радикализираат протестите. Организациониот одбор на протестот информираше дека иницијативата на која собраа 800 потписи за затворање на овие локали,…

ПОВЕЌЕ ...

На дебито на Европското првенство во Хрватска, Македонија на Раул Гонзалез по голема драма ја совлада Словенија со 25-24 (11-11) на дебито на групата Б на Европското првенство во Хрватска. Дуелот започна со две водства на Словенците и два гола од седум метри на Лазаров за израмнување. Сепак, се разбрани Скок, момците на Вујовиќ постигнаа три гола, а ние останавме 11 минути без гол од игра. Стоилов го „скрши мразот“ со гол за 3-5. Митревски застана меѓу стативите и по првите негови одбрани, нашиот тим доби на сигурност. Но, во нападот Македонија никако не успеваше да најде ритам, а секој…

ПОВЕЌЕ ...

„Законот прерасна во алатка за клиентелизам и за купување послушност на музичките уметници. Поради тоа овој закон е во фаза на укинување, ние ќе ги поништиме донесените одлуки“, рече Алаѓозовски Незаконски биле донесени одлуките по конкурсите за финансирање на песни според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, чиј носител била Македонската радио телевизија, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски денес во Битола.  Тој рече дека Министерството упатило инспекциски надзор кој констатирал дека се длабоко пробиени роковите за носење одлуки кои песни и автори ќе бидат поддржани со овој Закон. „Од страна на инспекцискиот надзор, раководството  на МРТ беше предупредено…

ПОВЕЌЕ ...

Возилата кои емитуваат поголемо количество на штетни честички да плаќаат повисока цена за регистрација е една од мерките кои се разгледуваат како алтернатива за намалување на аерозагадувањето. Министерството за економија засега не октрива детали, а како што пренесува Алфа, единствената официјална информација е дека сите автомобили ќе добијат еколошки налепници кои ќе бидат во различна боја и ќе означуваат кој автомобил колку загадува. На овој начин, многу лесно би се направила дистинкција помеѓу оние кои треба да бидат исклучени од сообраќајот при енормно загадување на воздухот. Покрај поскапата регистација на постарите возила, предвидено е менување на табличките на такси превозниците,…

ПОВЕЌЕ ...

12. Јануари 2018 каменица.мк ФК Каменица САСА прва од екипите во лигата ги започна подготовките за пролетната полусезона од Втората фудбалска лига на Македонија. Како што изјавуваат од стручниот штаб на тимот претстојниот подготвителен период освен за кревање на физичката подготвеност кај играчите, ќе биде искористен и за редица пријателски натпревари, се со цел дополнитено воигрување на екипата. Првиот контролен натпревар е веќе на 24 или 26 Јануари со струмичка Беласица, а потоа следуваат пријателски натпревари со Брегалница Штип и Академија Пандев. Потребата од ваквиот посериозен пристап и интензивен начин на подготовки, е согледана по направената детална анализа од страна…

ПОВЕЌЕ ...

„Луксузирање“ во општина Кочани веќе нема да има. Локалната самоуправа ги крати непродуктивните трошоци од буџетот. Раководството започна постапка на т.н. рационализација на расходите, па начини да се заштедат пари има и тоа веќе се направи, тврди кочанскиот градоначалник Николчо Илијев. Ги скративме трошоците за репрезентација, трошоците за патување се сведени на едно разумно ниво, мора да ги има, но се на разумно ниво и продолжуваме со штедење на секое место. Ќе продолжиме со рационализацијата, исто така морам да кажам дека во Буџетот ги скративме и средствата за IT технологија, односно за купување нови компјутери. Праксата дека секоја година треба…

ПОВЕЌЕ ...