Author: Media Point

ГФК Осогово доби значајно засилување во нападот со потписот на искусниот македонски фудбалер Стојанчо Велинов, попознат како „Корка“. Велинов (36), кој настапува на позицијата лев крилен напаѓач, има богата и долга кариера во македонскиот и странските фудбалски клубови. Роден во Кочани, Велинов е познат по својата брзина, техничка вештина и усмереност кон погодокот. Во кариерата имал настапи за повеќе клубови, вклучувајќи настапи во македонската Прва лига и странство. Според статистиките, бележи над 200 натпревари и погодоци во различни натпреварувачки средини, како и учества во квалификации од европски натпреварувања. Со своето искуство и фудбалски интелект, Велинов ќе биде клучен зајакнувач на…

ПОВЕЌЕ ...

Лишени од слобода девет возачи во изминатите 24 часа поради “безобѕирно управување со моторно возило” На 18.01.2026 во 02:38 часот, на ул. „Живко Брајкоски“ во Гостивар, полициски службеници сопреле патничкото возило „пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (47) од Тетово. По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта. На 17.01.2026 во 21:30 часот, во с. Жеровјане, општина Боговиње, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, сопреле патничко возило „голф“ со гостиварски ознаки, управувано од М.А. (49) од Гостивар. При контролата е утврдено дека тој го управувал возилото под дејство на…

ПОВЕЌЕ ...

Секој четврти ученик во Македонија, односно 25 проценти од средношколците на возраст од 15 и 16 години, изјавил дека во изминатите 12 месеци се коцкал за пари, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институт за јавно здравје, изработен во рамки на Европскиот проект за истражување во училиштата за алкохол и други дроги – ЕСПАД 2024. Истражувањето, спроведено во 96 средни училишта со вкупно 2.831 ученик, укажува дека коцкањето со физичко присуство е почесто од онлајн коцкањето. Дури 21 процент од учениците пријавиле дека се коцкале во живо – на слот машини, игри со карти или коцки, лотарии и спортско обложување,…

ПОВЕЌЕ ...

Како се пости на водокрст кога ќе се падне во Сабота или Недела? Во недела, на 18 јануари, Црквата го празнува Водокрст, денот посветен на светите маченици Теопемт и Теона, а воедно тоа е и навечерието на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Во црковната традиција, овој ден обично се пости строго, без масло – пост кој во народот е познат како „нејатка“, како знак на духовна подготовка за празникот на јавувањето на Света Троица на реката Јордан. Но, оваа година Водокрст паѓа во недела. Имајќи предвид дека во јавноста, а особено на социјалните мрежи, веќе се појавуваат поуки и…

ПОВЕЌЕ ...

Македонија и СтрумицаСтрумица има нова причина за гордост. Младата и талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното европско музичко натпреварување The Voice of Europe 2025, оставајќи силен впечаток со својот вокал, сценски настап и емоционална интерпретација. Во исклучително силна конкуренција од учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се истакне и да стигне до самиот врв, добивајќи високи оценки и пофалби и од жирито и од публиката. Нејзиниот настап беше оценет како зрел, автентичен и впечатлив, што на крајот ѝ ја донесе победата. Овој успех претставува големо признание не само за Тина Русева, туку и за Македонија…

ПОВЕЌЕ ...

По повод големиот христијански празник Св. Богојавление- Водици Градоначалникот на општина Делчево Иван Гоцевски заедно со тим од општинската администрација го започнува спроведувањето на кампањата “Најдоброто од Делчево”. Станува збор за широка програмска активност која што ќе се спроведеува во наредните години, а која за крајна цел ја има промоцијата и афирмацијата на општина Делчево во регионални, национални и меѓународни рамки. Оваа кампања иницијално започнува симболично по повод христијанскиот празник Св. Богојавление кој што има огромно значење за развојот на целокупната човекова цивилизација а пред се духовни вредности кои што афирмираат хуманистички вредности на највисокко општествено ниво. За почеток на…

ПОВЕЌЕ ...

Младите од Делчево наскоро ќе го добијат својот Младински центар кој претставува сервис за млади со мисија да ги обедини, да ги мотивира, но и да им даде можност на младите во Делчево. Во моментов се подготвува и се уредува просторот во зградата на старото собрание кој на предлог на градоначалникот Гоцевски и по донесената Одлука на Советот на Општина Делчево, беше даден на користење за потребите на Младинскиот центар. Денеска увид во подготовката на Младинскиот центар направи градоначалникот Иван Гоцевски кој изрази задоволство од експедитивноста на службите за опремување и уредување на Центарот. -Ме радува фактот што докажуваме дека…

ПОВЕЌЕ ...

Денешни активности како дел од акцијата „Чиста животна средина во Општина Виница“, чистење на патот Виница-Градец и влезот на Виница од Берово. Апелираме до совесните граѓани да пријавуваат одлагање на било каков отпад до инспекциските служби во Општина Виница, воедно информираме дека инспекциските служби се секојдневно на терен и за несоодветно одлагање на отпадот ќе следуваат строги казни согласно закон, – стои во објавата од Општина Виница

ПОВЕЌЕ ...

Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да…

ПОВЕЌЕ ...

Тара Димитровска Стаменковска повторно на драмската сцена во Македонска Каменица По подолг период, Тара Димитровска повторно се враќа на драмската сцена во Македонска Каменица со нова театарска продукција планирана за 2026 година. Проектот носи автентична приказна и сцена блиску до публиката. Во рамки на подготовките е објавен кастинг повик за сите заинтересирани и талентирани лица со изразена сценска енергија, храброст, чувство за хумор и способност за толкување реални карактери. Рокот за пријавување е до 25 јануари 2026 година, а аудицијата ќе се одржи на 30 јануари. Пријавувањето се врши по електронски пат со доставување кратко видео и текстуална биографија, а…

ПОВЕЌЕ ...