Author: Media Point

Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови во форма на невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат пообилни (15-25 l/m2). Ќе дува умерен, а во делови…

ПОВЕЌЕ ...

Од Каменичката парохија информираат дека по повод манастирската слава и големиот христијански празник Св. Архангел Михаил, на 21 ноември 2025 година, во петок, ќе биде отслужена Света Божествена Литургија. Богослужбата ќе се отслужи во манастирот Св. Архангел Михаил во Аџиско маало – Среден Рид во село Саса, со почеток во 08:00 часот. Од парохијата упатуваат повик до сите православни верници да присуствуваат со молитвено расположение и заедно да го прославиме овој свет и благословен ден. Добредојдени се сите!

ПОВЕЌЕ ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој се наоѓа во работна посета во Романија, денес, 13ти ноември, ги посети припадниците на македонскиот контингент кои се распоредени во рамките на НАТО активноста „Forward Land Forces – FLF. Дополнително, на покана на началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Ѓеорѓица Влад, генералот Лафчиски, присуствуваше на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Dacian Fall 2025“, која се реализираше во период од 20 октомври до 13 ноември, на полигонот за обука во Чинку. Ова мултинационалната вежба, обедини околу 5000 војници од 10 земји членки на НАТО, а на истата…

ПОВЕЌЕ ...

ЖКК Баскет Кам со повик за упис на нови машки и женски кошаркари до 12 години ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица информира дека започнува со упис на нови членови и ги поканува сите деца до 12 години кои сакаат да тренираат кошарка. Од клубот велат дека пријавувањето е отворено за сите заинтересирани машки и женски кошаркари кои сакаат да започнат со спортски активности и да се развиваат во позитивна и здрава средина. Пријавувањето може да се изврши во спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ секој понеделник, среда и петок, во периодите кога се одржуваат редовните тренинзи на клубот. Клубот…

ПОВЕЌЕ ...

Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар. Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен удар по џебот. Од авто-школите објаснуваат дека покачувањето било неминовно поради зголемените трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, но дека и новите прописи што ги воведе ресорното…

ПОВЕЌЕ ...

На 16.11.2025 во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта.

ПОВЕЌЕ ...

Јавен повик: Консултации за Регионалниот систем за управување со отпад и Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина за Источниот и Североисточниот регион Проектот финансиран од Европската Унија „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“ со задоволство ја најавува презентацијата на Регионалниот план за управување со отпад (РПУО) и придружната Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС). Целта на оваа јавна консултација е да се обезбеди транспарентност, учество на јавноста и вклучување на мислењата на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата на новиот интегриран систем за управување со отпад. Регионалниот план за управување…

ПОВЕЌЕ ...

Маскирана група Албанци нападнала припадници на српската војска денес околу 15 часот во реонот на базата на српската војска „Дебела глава“, дознава српски Курир. Според неофицијални информации, вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската војска, а во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата. – Вооружената група избегала со шест џипови кон Косово – вели извор за Курир.

ПОВЕЌЕ ...

ЖФК Каменица САСА запиша нови три бода со сигурна победа од 0:4 на гостувањето кај ЖФК Вардар во рамки на 13. коло од Првата женска фудбалска лига. Стрелци на головите за нашиот тим беа Драгана Костова, Туане Фрагосо со два прецизни погодоци и Христина Јовановска. Иако се очекуваше полесен натпревар, домашната екипа прикажа цврста и организирана игра, но квалитетот на Каменица САСА пресуди.

ПОВЕЌЕ ...

Создадена Унија на македонските здруженија во Италија! Во Пјаченца, успешно беше завршен проектот посветен на македонската заедница која живее во Италија: Официјално се роди Сојузот на македонските здруженија во Италија, национална координација која за прв пат обединува претставници од различни италијански региони. На состанокот присуствувале делегати од повеќе македонски здруженија активни на италијанска територија, правејќи ја новата унија претставничко тело кое ја опфаќа целата национална заедница. Избран национален совет :За време на состанокот e избран Совет составен од седум члена, кои доаѓале од различни здруженија. Позициите биле доделени на следниов начин: Претседател: Појразов Александар Аце, актуелен претседател на здружението “Обединети…

ПОВЕЌЕ ...