Author: Media Point
На 20 јануари, Православната црква и нејзините верници го слават еден од најголемите и најважните светци – Свети Јован Крстител. Овој светител го слават голем број луѓе, како светец познат по својата чистота, морал и Божјата одлука да го изврши чинот на крштевање на Исус Христос. На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна, на која сите не повикува Свети Јован. Тоа е тајната на покајанието, трансформацијата, преиспитувањето, ставањето на целиот свој живот во „утробата на Спасителот“, така што Тој може да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да ги следиме нашите луди човечки…
На 19.01.2026 во 14:36 часот на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода М.М.(59) од с.Моштица, општина Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „тико“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,13 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
Едукативно креативна работилница за деца во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Општинската организација на Црвен крст – Делчево, организира едукативна и креативна работилница наменета за деца постари од 7 години. Преку разновидни активности, разговор и игра, децата ќе имаат можност да се запознаат со основните принципи на хуманоста и солидарноста, како и со значењето на меѓусебната помош, при што ќе ги развиваат своите креативни и социјални вештини. Работилницата ќе се одржи на 27 јануари 2026 година со почеток во 17:00 часот, во читалната на библиотеката. Од организаторите информираат дека бројот на учесници…
Водици е празникот на верата, заедништвото и надежта длабоко вкоренет во нашата свест и идентитет. Со цел достоинствено и со почит кон традицијата, се подготвуваме за чествувањето на православниот христијански празник Св. Богојавление-Водици. Тоа е еден од најубавите христијански празници и празник кој го носи значењето на светата тајна на крштевањето, како еден од столбовите на христијанството. По тој повод, Општина Делчево на 19 јануари, в понеделник, организира низа настани кои ќе се етаблираат како традиционални и ќе бидат дел од туристичката понуда на Делчево. Во оваа прилика испраќам отворена покана до сите граѓани да присуствуваат и достоинствено да го…
Почитувани сограѓани, По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден. Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница. Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба. Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Најсреќни…
По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, Каменичката парохија ги поканува верниците на свечениот Богојавленски водосвет, кој ќе се одржи во понеделник, на 19 јануари 2026 година, со почеток во 12:30 часот, на мостот кај храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. Чинот на осветување на водите и спуштањето на Чесниот Крст во водите на Каменичка Река, предвидено околу 12:50 часот, ќе го изврши надлежниот архиереј, епископот Делчевско-каменички г. Марко. Богојавление – Водици е празник на Крштевањето на Господ Исус Христос во реката Јордан и на јавувањето на Света Троица, ден кога се осветуваат водите и се упатува…
Епископот Марко началствуваше со Света Литургија и Богојавленски водосвет во Македонска Каменица На 18 јануари 2025 година, во Неделата пред Богојавление – Водокрст, епископот Делчевско-каменички г. Марко началствуваше со Светата Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица. По читањето на светото Евангелие, епископот Марко одржа беседа во која ја протолкува евангелската перикопа, упатувајќи духовни поуки до присутните верници. На крајот од Литургијата, верниот народ се причести со Светите Божествени Дарови. По завршувањето на богослужбата, епископот изврши и Богојавленски водосвет.
По голема драма и борба во Хернинг, македонската машка ракометна репрезентација успеа да ја изненади големата Португалија, но не и да дојде до победа. Избраниците на Лазаров одиграа без победник 29-29 (13-15), реми кое сепак може да ја однесе Македонија во главнта рунда. Македонските ракометари влегоа борбено во дуелот, и уште од првите моменти покажаа дека се спремни за надигрување. По првите триесет минути македонските ракометари имаат два гола негатива 13-15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку. Главниот дефанзивец Никола…
Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција откриваат детали по денешните претреси поврзани со судијата од Апелација Ѓоко Ристов. -Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември беше осомничен адвокат поради сомненија за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, во континуитет интензивно се преземаат дејствија што резултираа со проширување на постапката и кон судија од Апелацискиот суд во Скопје, осомничен за Противправно стекнување и прикривање имот за кој постојат сомненија дека е прибавен меѓу другото со дејствија на корупција и трговија со влијание. Врз…
Музичкиот уметник Давид Темелков во посета на Агенцијата за иселеништво! Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов оствари средба со македонскиот пејач Давид Темелков, уметник кој живее и работи во Загреб, Хрватска и преку својата музика ја промовира и шири македонската култура и идентитет надвор од границите на Македонија. Давид Темелков гради успешна музичка кариера во Хрватска, настапувајќи со бенд составен од врвни хрватски музичари. Тој е активен посетител на македонската заедница во Хрватска и на МПЦ ,,Св. Злата Мегленска” во Загреб, такашто постојано ја негува врската со своите сонародници и со Македонија.Редовно учествува на македонски музички и културни настани,…
